Онтологијата (од грч. ta onta - суштествувачко и logos - наука, поучување, учење; битословие) е филозофска дисциплина која се занимава со проблемот на суштествувањето воопшто. Другите дисциплини се интересираат за тоа "како е" она што суштествува, додека таа ("првата филозофија" - Аристотел) се интересира за самото суштествување, за фактот дека тоа "е", за "суштествувачкото како суштествувачко" (Аристотел). Онтологијата е првиот и најзначаен дел на метафизиката. Главно, онтолошките називи во македонскиот јазик се изведуваат или од глаголот суштествува и придавката сушт (суштествување, суштина, суштински, сушт, суштост, суштество, суштествувачко, суштествен, суштественост) или од старословенскиот глагол "бити" (мак. биде, сум; битие, бит, бит(н)ост). Суштествувањето стои спроти настанувањето.

Онтолошки системи уреди

Онтологии и бази на знаење уреди

При користење на овие два поими во светот на инженерите, некогаш тие се погрешно асоцирани. Со цел подобро да разбереме што претставуваат тие, а што базите на знаење, треба да ги разгледаме следниве разлики помеѓу нив:

Одлики на јазикот користен за кодирање на бази на знаење.

При кодирањето на базите на знаење не може да се гарантира дека тие ќе бидат јасно и декларативно напишани, дека ќе бидат добро семантички дефинирани и дека ќе бидат машински независни, односно дека ќе може да се употребат и во друга околина освен таа за која се планирани (како на пример при комуникација со друг експертен систем). За разлика од базите на знаење, во онтологиите овие одлики мора да бидат запазени.

„Главна цел при кодифицирањето на знаења.“

За разлика од базите на знаење, онтологиите мора да бидат дизајнирани за независна употреба и да овозможуваат делење на знаење. Нивните дефиниции мора да бидат прецизно формулирани и генерализирани со што би се овозможило нивно повторно искористување.

„Спецификации на потребите.“

Поради недоволна апстракност и независност на базите на знаење, при нивно дефинирање на нови или измена на веќе постоечки системи, базите на знаење претрпуваат значителни промени. Овие проблеми не се појавуваат кај онтологиите поради нивната генералност и апстракност.

Иако споредувањето со базите на знаење, онтологиите изгледаат совршено, сепак тие имаат и свои маани. Тие не можат целосно да го опфатат и опишат проблемот од одреден домен во која било фаза од развојот на системот, а за да се овозможи повеќе системи да користат исто знаење или знаењето да се користи паралелно од два или повеќе система во исто време, мора да постои некој договор меѓу системите. Со таков тип на договор се овозможува користење на истите поими и значења во или помеѓу системите и овој договор се нарекува онтолошко признание. Ваквите договори не важат само за дистрибуираните системи туку воопшто за секој систем.

Типови на онтологии уреди

Постојат две главни класи на онтологии , првата класа која експлицитно ги чува статичките знаења за домен и другата класа која обезбедува резонирање на знаењето од истиот тој домен.

Домен онтологии уреди

Онтологии кои содржат речник кој е валиден за конкретен домен(пр. Медицински,машински домен и др.). Доколку речникот на онтологијата е премногу голем , истата се дели на три дела:

  • Објектна онтологија
  • Онтологија на активности
  • Зонска онтологија (која ги опфаќа сите компоненти содржани во речникот наизменично)

Онтологии на задачи уреди

Речниците на овие онтологии се користат за опишување на термини користени во процеси за решавање на проблемите. Проблемите кои се решаваат со овие онтологии може, но и не мора да се од ист домен. Како и кај домен онтологиите, доколку опфатеноста е премногу голема и овој тип на онтологии може да се подели, а таа се дели според типот на термините.

Разбирливи (common sence) онтологии уреди

Овој тип на онтологии се составени од повеќе онтологии кои опфаќаат различни домени и најчесто се користат за репрезентација на случајност,време,простор итн.

Мета онтологии уреди

Речниците на овие онтологии се составени од основни термини со кои се врши обединување на претходните три типови онтологии во формален јазик.

Онтологии за репрезентација на знаења уреди

Ги издвојуваат само примитивните основи за репрезентација од јазиците за репрезентација на знаења. Со ова својство знаењето репрезентирано со речникот содржан во овие онтологии се конкретизира за доменот во кој се користи онтологијата.

Онтологии засновани на рамки уреди

Тип на онтологија за репрезентација на знаења. Кај ваков тип на онтологии признанијата укажуваат дека релациите се торки, функциите се специјален тип на релации каде што секој термин е уникатен и класите се унарни релации. Онтологијата ги презема примитивните репрезентатори од јазиците за репрезентацијата на знаења кои се претставени со рамки,но не и комплетната семантика односно нивното значење. Главната цел на овие онтологии е да овозможат споделување на онтологии меѓу системи кои користат различни типови на јазици за репрезентација на знаења.

Лингвистички онтологии уреди

Овој тип на онтологии се создаде од повеќе онтологии кои опфаќаат различни домени.Генерализираниот горен модел (GUM) се користи за создавање на лингвистички онтологии за специфични јазици и ги содржи основните јазични концепти и нивната организација а EDR електронскиот речник е составен од многу голема база на знаења а е изграден на основата на генерализираниот електронски речник. WordNet е концептиран лексикон за генерална употреба кој може да се користи и како on-line речник.

Инженерски онтологии уреди

Овој тип на онтологии наоѓаат примена во градежништвото,математичкото моделирање и инжинерството во мн. Други области. Највеќе користени онтологии од ваков тип се EngMath и PhySys .

Онтологии за планирање уреди

Најпозната од тој тип е Multis која содржи концепти за извршување на задачи. Се користи за распределување и развивање на системи за анализи на задачи кои се употребуваат за развој на извршни модели на задачи.

Кај репрезентацијата на знаења треба да се внимава на типот на системот во кој се репрезентатира знаењето , бидејќи различни системи може да користат различна репрезентација на знаење а разликата помеѓу обичните системи и системите бзирани на вештачка интелегенција , мора да поддржува донесување на заклучоци. Заклучоците се донесуваат врз основа на претходно дефинирани правила или правила кои се докажуваат од веќе постоечки правила во базата на знаење на системот. Донесувањето на заклучоци има и потреба од процедури со кои ќе се докажуваат хипотезите , односно овие хипотези доколку се потврдат , тие ќе бидат зачувани во базата на знаење и понатаму ќе помогнат во донесувањето на други заклучоци. Знаењето се репрезентира преку три типови на пристап:

  • Пристап на логика
  • Структурни објекти
  • Системи за продукција

Логиката се разликува од системите засновани на правила поради декларативниот начин на претставување на термините т.е точно и неточно. Системите засновани на правила се насочени кон процедурално знаење со кое се кажува кога и каква акција да се преземе. Претходно разгледаните системи кои ги докажуваат правилата не секогаш го нудат соодветниот одговор , бидејќи секогаш добиваме одговор точно или неточно , иако некогаш имаме потреба од попрецизни одговори. Ова веќе е непрецизна логика и не е предмет на оваа тема. За да се пронајде точната смисла на реченциите во семантиките е многу посложено од гореопишаните начини , но тие се тука споменати само за да се согледа намената на семантиките.