Олимписки комитет на Србија

Олимписки комитет на Србија (ОКС) е национален олимписки комитет на Србија кој организира спортисти за натпреварување на Олиписките игри и на останатите помали спортски настани.

Историја уреди

Олимпискиот комитет на Србија е основан на 23 февруари 1910 година под името Српски олимписки клуб на иницијатива на младите официри школувани во Франција, меѓу кои водечката улога ја имал Светомир Ѓукиќ. Основан во Белград, на четвртиот кат од хотел Москва, во 1911 година менува име во Централниот олимписки клуб а на 17 јули 1912. добива име Олимписки комитет на Србија. На конгрес во Стокхолм, кој траел од 4. до 17 јули 1912, примен е во Меѓународниот олимписки комитет, а Светомир Ѓукиќ станал член на МОК. За првпат на игрите спортистите од Србија се појавуваат на Олимписките игри во Стокхолм 1912 година. Првите олимпијци биле Душан Милошевиќ, трет во квалификациона група на 100 м (11,6) и маратонец Драгутин Томашевиќ, кој земал 37. место.