Оливер Ивановиќ (српски: Оливер Ивановић; 1 април 195316 јануари 2018) — српски политичар на Косово и Метохија, државен секретар во Министерство за КИМ на Република Србија, бил водач на Србите на Косово и Метохија, голем хуманитарец, човек кој постојано повикувал на мир и разум, водач на Граѓанска иницијатива Срби, демократија правда, бил велемајстор во карате.

Оливер Ивановиќ
Оливер Ивановић
Ивановиќ во декември 2011 година
Лични податоци
Роден(а) 1 април 1953(1953-04-01)
Рзниќ, СФРЈ СФР Југославија
Починал(а) 16 јануари 2018(2018-01-16) (возр. 64)
Северна Косовска Митровица, Косово[1]
Националност Србин
Партија Српска листа за Косово и Метохија
Социјалдемократска партија (до 2009)
СДП (2009–2018)
Установа Приштински универзитет
Занимање политичар
Професија инженер, економист

Животопис уреди

Роден е во село Рзниќ во близина на Дечани од татко Богдан (професор по историја) и мајка Олга (професор по српскиот јазик, по потекло од Црна Гора. Основно о средно училиште завршил во Косовска (Титова) Митровица[2], студирал воена академија во Загреб со желба да стане пилот, но поради проблеми со видот ги напуштил студиите и потоа дипломирал на Машински и Економски факултет во Приштина.

Освен мајчиниот, говорел и англиски, италијанскии албански јазик, бил врвен спортиста и меѓународен карате судија. Живеел во Косовска Митровица и зад себе остава семејство со 4 сина.

Во јануари 2014 година против него (со уште четворица Срби) е покрената судска постапка[3] со лажни обвинувања, кои албанските власти и судство никако не успевале да ги докажат, поради што морал да биде пуштен да се брани од слобода по притвор во кој бил сè до август 2015 година.

Против него било покренато судење за ввоени злосторства врз цивилното население на КИМ во пеерипдот од 1999 – 2000 година, но во недостаток на докази и јасни показатели на класична и недостојна манипулација на квази судските органи, пресудата против него била поништена и до април 2017 бил изложен на домашен притвор, по што му е дозволено да се брани од слобода при повторното судење.

Убиен е во атентат, подмолно пречекан пред вратата на својата канцеларија, сам без сведоци и помош, на 16 јануари 2018 во К. Мутровица.[4]

Поврзано уреди

Наводи уреди

  1. Косово е предмет на територијален спор помеѓу Република Србија и Република Косово. Како странски протекторат, Косово прогласило независност на 17 февруари 2008 г, но Србија и понатаму не го признава и тврди дека е нејзина суверена територија. Независноста на Косово не е целосно признаена од меѓународната заедница. Досега го признале 113 од вкупно 193 земји членки на ООН.
  2. Медија центар: Оливер Ивановић Архивирано на 30 јануари 2016 г.
  3. Počelo suđenje Oliveru Ivanoviću: "Krivicu" izveli iz novinskih tekstova
  4. http://www.novosti.rs/vesti/naslovna/hronika/aktuelno.291.html:706515-Ubijen-Oliver-Ivanovic