Оилски јазици (буквално значење: „јазици на да“) – лингвистичко и историско име за галороманските јазици кои се развиле од латинскиот во северните територии на Римска Галија кои денес се во составот на северна Франција, дел од Белгија и Каналските Острови.

Оил
Оилски јазици
Географска
распространетост:
Северна и централна Франција, Белгија, Швајцарија
Класификација:индоевропско
Прајазик:старофранцуски
Гранки:

Географска распространетост на оилските јазици

Значења уреди

Оилски јазик, оилски дијалекти и оилски јазици се однесуваат на сите стари северни галоромански јазици како и модерни следбеници. Најраширен модерен оилски јазик е францускиот јазик, а освен во оваа група спаѓаат нормандскиот, валонскиот, пикардскиот, поатуански, шампањскиот.

Овие јазици имаат многу заеднички лингвистички одлики. Една од нив е „оил“ слично на „уи“ во современиот француски јазик.