Озренпланина на север на Босна и Херцеговина, во појасот на ниските планини. Сместена е меѓу реката Босна на запад и реката Спреча на север. На југ се протега покрај реката Криваја и се спојува со планината Коњух, додека источните падини се спуштаат на Модрачкото Езеро. Географските простор на Озрен е поделен меѓу ентитетите Република Српска и Федерацијата Босна и Херцеговина.[1]

Озрен
Највисока точка
Надм. вис.918
Координати44°35′25″N 18°16′57″E / 44.5904° СГШ; 18.2825° ИГД / 44.5904; 18.2825
Географија
Озрен на карта

Карта

Делот од планината кој се наоѓа во Република Српска се наоѓа на подрачјето на градот Добој и општината Петрово, а делот во федерацијата на подрачјето на општините Маглај, Завидовиќи, Лукавац и Грачаница (Тузлански Кантон)Грачаница.[1] Највисокиот врв се наоѓа во општината Петрово, во Република Српска.[2]

Име уреди

Според легендата босанската кралица Катарина Косача Котроманиќ кога се качила на врвот на Озрен, одушевена од крајоликот, рекла: „Мили Боже, колку убави обазарја“. Така од зборот „обазарје“ која има исто значење како и озарен, се формирало името Озрен.[1]

Врвови уреди

Кралица уреди

На врвот на Кралица се наоѓа споменик посветен на погинатите војници на Република Српска кои настрадале на 7 септември 1995 година за време на бомбардирањето на НАТО на Република Српска.[3][4]

Манастир Озрен уреди

Планината Озрен е позната по манастирот на Српската православна црква посветен на Свети Никола, кој се нарекува и манастир Озрен.

Озренски маратон уреди

Општината Петрово секоја година го организира Озренскиот планинарски маратон чиј медиумски покровител е Радио телевизија на Република Српска.[5]

Поврзано уреди

Наводи уреди

  1. 1,0 1,1 1,2 „Dobro došli“. http://www.ozren.org/. Ozren Outdoor. Надворешна врска во |work= (help)
  2. 2,0 2,1 2,2 2,3 „Оперативни план заштите и спашавања од пожара у Општини Петрово“ (српски). Општина Петрово. април 2011.[мртва врска]
  3. „Сјећање на жртве NATO бомбардовања“ (српски). Глас Српске. 7 септември 2011. Посетено на 8 септември 2011.[мртва врска]
  4. „Парастос на Краљици“ (српски). Радио-телевизија Републике Српске. 7 септември 2011.
  5. „Озренски планинарски маратон, 2012“ (српски). Радио-телевизија Републике Српске. 9 јуни 2012.

Надворешни врски уреди

Озрен на отворено (англиски)