Одрински сарај или Нов султански сарај (турски: Edirne Sarayı) — палата која служела како резиденција на османлиските султани во времето кога градот бил седиште на Османлиското Царство. Од целиот комплекс денеска постојат само некои објекти, додека на поголемиот дел од нив се работи на реконструкција.

Одрински сарај
Edirne Sarayı
Панорамскиот павилјон во рушевини
Одрински сарај is located in Турција
Одрински сарај
Местоположба во Турција
Нов султански сарај
османски турски: Saray-ı Cedid-i Amire
Општи податоци
СтатусРушевини
Вид1475–1718 палата,
1718–1768 одморалиште,
1768–1828 палата,
1829 руски воен камп
Стилосманлиска архитектура
МестоОдрин, Турција
АдресаСарајичи
Координати41°41′28″N 26°33′19″E / 41.69111° СГШ; 26.55528° ИГД / 41.69111; 26.55528
Почната1450
Завршена1475
Обновена1868-1873
Уништена1752 земјотрес
1776 пожар
1878 експлозија
НарачателОсманлиски султани
СопственикТурција
Технички податоци
Структурен системголем број на градби опкружени со двороци, павилјони и градини
Големина30-35 ha

Историја уреди

Палатата била изградена во шума која покрива околу 30-35 хектари земја северно од градот, на западниот брег на реката Тунџа. Изградбата на палатата започнала во 1450 година за време на владеењето на Мурат II (1421-1444 и 1446-1451), но истата престанала кога султанот починал. По некое време, таа била завршена од Мехмед I (1444-1446 и 1451-1481) во 1475 година. Во следните години, палатата била континуирано проширувана со изградба на нови згради околу неа, посебно за време на владеењето на Сулејман Величествениот (1520-1566), Ахмед I (1603-1617), Мехмед IV (1648-1687), Ахмед II (1691-1695) и Ахмед III (1703-1730)[1][2][3].

Палатата останала неискористена од 1718 година, кога Ахмед III своето седиште го преселил повторно во Истанбул, но во 1768 година Мустафа III (1757-1774) се вратил во градот. Во текот на следниот век, палатата не била многу користена, кое довело до нејзина состојба на распаѓање. Дополнително придонеле и земјотресите од 1752 година и пожарот од 1776 година. Во 1825 година, некои делови од палатата биле поправени од страна на Махмуд II (1808-1839). Палатата била оштетена во голема мера кога руските сили го окупирале Едрене во 1829 година, кога тие ја користеле како воен логор. Помеѓу 1868 и 1873 година, многу згради од комплексот биле подложени на реставрација од страна на градскиот кајмакам. Конечно, палатата била разрушена за време на Руско-турската војна (1877-1878)[2][3].

Комплекс уреди

Комплексот на палатата се состоел од 72 различни згради со 117 соби, 14 куќи, 18 бањи, 8 џамии, 17 порти и 13 визби. Во времето на неговата слава во палатата живееле околу 34 000 луѓе со 6 000 службеници[2][3].

Главната зграда на палатата се викала „Џиханума касри“ или во превод Панорамски павилјон. Овде се наоѓала собата на султанот, библиотека, џамијата и други простории. На југ на павилјонот, се наоѓале три соседни павилјони за Мехмед IV, Мустафа II и Ахмед III. Како продолжение на овие згради, имало посебни простории во харемот наменет за Валиде султан, четирите султански жени, синовите принцови. Западно од овој објект се наоѓала приемната сала на султанот[1].

Најголема обнова палатата доживеала во времето на Сулејман Величествениот и неговиот архитект Мимар Синан. Во тоа време, палатата била редизајнирана, и проблемите со водоснабдувањето биле решени.

Наводи уреди

  1. 1,0 1,1 „Edirne sarayı“ (турски). Edirne İl Kültür ve Turizm Müdürlüğü. Посетено на 2015-05-10.
  2. 2,0 2,1 2,2 „Edirne Palace restorations reveal Ottoman era culture“. Hürriyet Daily News. 2013-07-26. Посетено на 2015-05-11.
  3. 3,0 3,1 3,2 „Saray-ı Cedid-i Amire - the Ottoman palace in Edirne“. Turkish Archaeological News. 2013-12-11. Посетено на 2015-05-11.

Надворешни врски уреди