Одбрана на Ван (1896)

Одбраната на градот Ван претставува дел од Ерменскиот масакар.

Одбрана на Ван
Датум 3 јуни - 11 јуни 1896
Место Ван, Османлиско Царство
Исход Ерменците се согласиле да се разоружаат
бранители и цивилното население било масакрирано.
Завојувани страни
Османлиско Царство Османлиско Царство Ерменци
Жртви и загуби
20,000 [1]
350 hamlets or villages destroyed[1]

Во времето на Ерменскиот масакар во јуни 1896 година жителите на градот Ван започнале одбрана против вооружените сили на Османлиското Царство. Помеѓу 3 и 11 јуни околу 600 ерменски војници започнале со одбрана на градот. По една недела султанот побарал помош од западните сили со ветување дека ќе стави крај на насилството против Ерменците. По започнување на преговорите било договорено ерменските бранители да заминат кон Персија во придружба со османлиските војници. Но договорот не бил испочитуван кога на патот кон границата околу 1,000 Ерменци биле убиени од курдските и османлиските војници. Ова било проследено со дополнителни масакри во регионот на Ван по кое според британскиот конзул околу 20,000 Ерменци биле убиени а околу 350 ерменски села целосно уништени.

Наводи уреди

  1. 1,0 1,1 Balakian, Peter (2004). The Burning Tigris: The Armenian Genocide and America's Response. New York: HarperCollins. стр. 60. ISBN 0-06-055870-9.