Огњанци

село во Општина Петровец

Огњанци — село во Општина Петровец, во областа Блатија, во околината на градот Скопје.

Огњанци
Огњанци во рамките на Македонија
Огњанци
Местоположба на Огњанци во Македонија
Огњанци на карта

Карта

Координати 41°55′18″N 21°34′59″E / 41.92167° СГШ; 21.58306° ИГД / 41.92167; 21.58306
Општина Петровец
Население 1.143 жит.
(поп. 2021)[1]

Шифра на КО 25098
Огњанци на општинската карта

Атарот на Огњанци во рамките на општината
Огњанци на Ризницата
Геодетска карта на Огњанци.

Географија и местоположба уреди

Огњанци се наоѓа во областа Блатија, во источниот дел на Скопската Котлина, на околу пет километри од општинскиот центар Петровец и на 18 километри југоисточно од градот Скопје.

Историја уреди

Во XIX век, селото е дел од нахијата Чаирско Поле (Блатија) во Скопската каза во Отоманското Царство.

Население уреди

Население во минатото
ГодинаНас.±%
1948479—    
1953515+7.5%
1961659+28.0%
1971828+25.6%
19811.145+38.3%
ГодинаНас.±%
19911.253+9.4%
19941.207−3.7%
20021.142−5.4%
20211.143+0.1%

Според опширните османлиски дефтери за населението на Скопската Каза од 1832/33 година, селото е заведено под името Огјанче и било христијанско, каде имало 14 христијански домаќинства. На овој попис биле забележани 50 мажи христијани, со 4 новороденчиња. Се проценува дека селото во тој период имало 108 жители.[2]

Стефан Верковиќ во 1857 го бележи со 194 жители.[3]

Според германска карта издадена во 1941 година, а заснована на пописот на Кралството Југославија во 1931 година, селото имало 200 Македонци и 25 до 50 Турци.[4]

Според пописот на населението на Македонија од 2002 година, селото има 1.142 жители, од кои 543 Албанци, 317 Македонци, 8 Турци, 12 Роми, 256 Срби, 2 Бошњаци и 4 останати.[5]

Според последниот попис од 2021 година, во селото живееле 1.143 жители, од кои 268 Македонци, 527 Албанци, 10 Турци, 4 Роми, 178 Срби, 8 Бошњаци, 29 останати и 119 лица без податоци.[6]

Поголемиот дел од попишаните Албанци се всушност Роми, познати во скопските села под името „Маљуци“, кои го прифаќаат албанскиот јазик и национална свест.

Во табелата во продолжение е направен преглед на населението во сите пописни години:

Година 1900 1905 1948 1953 1961 1971 1981 1991 1994 2002 2021
Население 70 86 479 515 659 828 1.145 1.253 1.207 1.142 1.143
Извор за 1900 г.: Македонија. Етнографија и статистика.[7]; за 1905 г.: La Macédoine et sa Population Chrétienne.[8]; за 1948-2002 г.: Државен завод за статистика на РМ.[9]; за 2021 г.: Државен завод за статистика на РМ.[10]

Родови уреди

Огњанци е мешано село, според истражувањата од 1951 година, родови во селото се:

Општествени установи уреди

 
Црквата „Св. Илија“ во Огњанци

Самоуправа и политика уреди

Културни и природни знаменитости уреди

Редовни настани уреди

Личности уреди

Култура и спорт уреди

Иселеништво уреди

Наводи уреди

  1. „Пописна слика на населените места во Македонија, Попис 2021“. Државен завод за статистика. Посетено на 22 декември 2022.
  2. Османлиски документи за историјата на Македонија - пописи од XIX век на христијанското население - Скопски Санџак, каза Скопје. Скопје: д-р Емил Крстески. 2021.
  3. Верковиќ, Стефан (1889). Топографическо-этнографическій очеркъ Македоніи. Санкт Петербург.
  4. „200K Volkstumskarte Jugoslawien“.
  5. Попис на населението, домаќинствата и становите во Република Македонија, 2002 - Книга X
  6. „Оваа категорија опфаќа лица коишто учествуваат во вкупното резидентно население, но поради нивно одбивање да бидат попишани, неможност да бидат најдени на својата адреса на живеење и непотполност во работата на попишувачите не биле официјално попишани, туку за нив податоците биле преземени од административни извори и затоа не учествуваат во изјаснувањето за етничка припадност, вероисповед и мајчин јазик (Прочитајте повеќе...).“
  7. К’нчов, Васил. „Македонија. Етнографија и статистика“. Софија, 1900
  8. Brancoff, D.M. „La Macédoine et sa Population Chrétienne“. Paris, 1905.
  9. „Население по возраст и по пол, по населени места, според пописите спроведени во Република Македонија по Втората светска војна“. Државен завод за статистика.
  10. „Вкупно резидентно население на Република Северна Македонија според етничката припадност, по населени места, Попис, 2021“. Државен завод за статистика.
  11. Трифуноски, Јован (1964). Сеоска насеља Скопске котлине. Скопје.

Надворешни врски уреди