Овчите сипаници или варичела е контагиозна акутна инфективна болест и од вирусно потекло, која се одликува со полиморфна, везикулозна сипаница.

Овчи сипаници
Маж со овчи сипаници
СпецијалностЗаразна болест, Педијатрија Уреди на Википодатоците
    Ве молиме, обрнете внимание на ова важно предупредување
во врска со темите од областа на медицината (здравјето).

Етиологија уреди

Се смета дека еден ист вирус ги предизвикува и варичелата и болеста Херпес зостер [1], кој спаѓа во групата на Херпес вирусите, а има големина 210-240 nm. Слабо е отпорен во надворешна средина, па зато индиректниот начин на пренесување на инфекцијата е мошне редок.

Епидемиологија уреди

Варичелата [2] е широко распространета болест и се јавува во вид на помали или поголеми епидемии в зима или рана пролет. Индексот на контагиозност се движи од 70-90%. Извор на инфекцијата е болниот од варичела или херпес зостер. Ширењето на заразата се врши по аерокапков пат преку Флиге-овите капки на директен начин. Но вирусот поради неговата голема пробивност низ пукнатините на ѕидовите и вратите може да се шири на оддалечени места и да предизвика интрахоспитална инфекција. Се случува дете кое било во контакт со возрасен болен од херпес зостер[3] да заболи од варичела[4] или обратно.

Патогенеза уреди

Влезна врата на вирусот се епителните клетки на лигавицата на горните дишни патишта, од каде, преку лимфните садови доаѓа во крвотокот и преку него во РЕС на повеќе органи во некои ткива, кожа, лигавица, ЦНС и др. Во површинскиот слој на епидермисот на лигавиците предизвикува вакуолизирна дегенерација на клетките и создавање на серозен ексудат, формирање на везикули, како и хиперплазија и некроза на клетките.

Клиничка слика уреди

Инкубацијата во просек изнесува 14-18 дена. Текот на болеста се одвива ни три периоди.

  1. Катарален или продромален период – трае неколку часа или 1-2 дена, а може и да го нема. Поминува со лесни катарални и општи симптоми: итоштеност, главоболие, болки во слабините, студ, температура, ретко повраќање или менингеални симптоми. Понекогаш пред карактеристичната сипаница се јавува т.н. „раш“ или „предегзантем“ од ситна бледоцрвена сипаница.
  2. Исипен или егзантематичен период – често е прв знак на болеста. Избива сипаница која во својот развој поминува низ неколку фази, почнувајќи од макула, папула, везикула и краста. Најпрво по кожата на трупот избиваат во налети тркалезни розови макулозни ефлоресценции, коишто брзо преминуваат во папули и везикули (како капки роса) иполнети со бистра течност и леукоцити. Меурчињата повеќе ги има на трупот отколку на глаата и екстремитетите-центрипетално ширење, за разлика од центрфугалното ширење кај вариола вера. Околината на меурчињата е зацрвенета. Меурчињата се меки и прават набори, содржината им се заматува, се вдлабнуваат, а течноста се излива или се суши и преминува во кафеава крастичка. По неколку дена крастичката опаѓа, и не остава лузна, освен депигментирана кожа. Избивањето на сипаницата се одвива во 2-3 налети, трае 8-9 дена и е проследено со појава на ремитентна температура, така што може да се видат ефлоресценции во различен степен на созревање „псевдо-полиморфизам“ – карактеристичен за варичелата. Честопати е придружена со јадеж. Истовремено се јавува и енантем на лигавиците на устата и мекото непце со везикули, кои поради влажноста брзо прскаат и сздаваат афти (ранички), кои предизвикуваат болка и отежнато голтање, а има и зголемена саливација. Сипаницата може да се појави и на дигестивниот тракт, којуктивите, корнеата, половите органи и на други места. При чешање може да се јави секундарна инфекција и пустула, која на крај остава лузна.
  3. Реконвалесцентен период – трае 2-3 седмици, сите крастички отпаѓаат и настапува закрепнување и оздравување.

Клинички форми уреди

Варичелата може да има полесни и потешки форми, во зависност од тежината на болеста, изгледот на сипаниците и возраста на болниот. Злоќудната варичела се смета за тешка форма и се јавува кај малите еца и во тек на болеста леукемија. Проследена е со хеморагична дијатеза: крварења во везикулите, по кожата и внатрешните органи и завршува со смрт. Меѓу потешките форми на варичела спаѓаат: улцерозната, гангренозната, хеморагичната и други.

Компликации уреди

Компликации кај варичелата[3] од вирусно и бактериско потекло, се ретки и лесни со исклучок на постварилозен енцефалитис. Секундарни инфекции на кожата со стрепто-стафилококи се: флегмона, фурункулоза, еризипелас и др; на лигавиците: стоматитис, ларингитис, кератитис, на белите дробови: вирусна пневмонија, плевритис. Други компликации се миокардитис, артритис, нефритис и други. Посебна компликација врз централниот нервен систем, а со добра прогноза е воспаление на малиот мозок (Cerebellitis), кое се манифестриа со несигурно одење, атаксија, нарушена рамнотежа. Во текот на варичелата може да се јави и пара или постинфекциозен менингоенцефалитис како компликација.

Дијагноза уреди

Дијагнозата [5] на ваpичелата се поставува врз основа на епидемиолошка анкета, карактеристична полиморфна сипаница, крвната слика: леукопенијa со лимфоцитоза, наод на гигантски мултинуклеарни клетки во содржината на везикулите. Изолација на вирусот и серолошки реакции ретко се користат. Се шири преку капкова инфекција (кивање, кашлање, зборување) или преку директен контакт (допир) со заболеното лице. Најчесто се јавува кај колективни установи на живеење, јасли, градинки, училишта, предшколски установи и сл. Токму ова е ѝ најчестата група[6] microcephaly, hydrocephaly,[7] на популација, која ја зафаќа ова заболување.

 
Грб на 30 годишен маж по 5 дена откако се констатирани овчите сипаници.

Прогноза уреди

Варичелата има добра прогноза, со исклучок на варичелата кај доенчињата, злоќудните форми на болеста и кај леукемични болни. Бебињата, особено оние кои немаат три месеци немаат изградено имунолошки систем, затоа со појавата на оваа болест тие тешко се справуваат[8]. Меќута доколку се случи оваа болест, најчесто завршува без никакви компликации.

Терапија уреди

Потребна е изолација и мирување со спроведување на симптоматска, а по потреба и антибиотка терапија . Освен изолацијата на болниот поефикасни заштитни мерки засега не се користат. Понекогаш се препорачува и бањаање во хиперманган бидејќи тој ја дезинфицира кожата. Со бањите во млака вода се обезбедува тенок слој кој и дава удобност на кожата.Орално даден антихистаминик значително го забавува чешањето. При оваа болест се препорачува и скратување на ноктите на болниот поради инфекција од чешање.

Нега и исхрана уреди

Исхраната треба да биде млечна и вегетабилна.Се препорачува и внесување на пообилни количини на овошје и зеленчук со цел да се внесат поголем број на витамини во организмот. По прележаната варичела останува солиден имунитет.

Наводи уреди

  1. Wood MJ (October 2000). „History of Varicella Zoster Virus“. Herpes. 7 (3): 60–65. PMID 11867004.
  2. Wharton M (1996). „The epidemiology of varicella-zoster virus infections“. Infect Dis Clin North Am. 10 (3): 571–81. doi:10.1016/S0891-5520(05)70313-5. PMID 8856352.
  3. 3,0 3,1 „Chickenpox“. NHS Choices. UK Department of Health. 19 April 2012.
  4. Murray, Patrick R.; Rosenthal, Ken S.; Pfaller, Michael A. (2005). Medical Microbiology (5. изд.). Elsevier Mosby. стр. 551. ISBN 0-323-03303-2.CS1-одржување: повеќе имиња: список на автори (link), edition (Elsevier), p..
  5. Pincus, Matthew R.; McPherson, Richard A.; Henry, John Bernard (2007). „Ch. 54“. Henry's clinical diagnosis and management by laboratory methods (21st. изд.). Saunders Elsevier. ISBN 1-4160-0287-1.CS1-одржување: повеќе имиња: список на автори (link)
  6. Matsuo T, Koyama M, Matsuo N (July 1990). „Acute retinal necrosis as a novel complication of chickenpox in adults“. Br J Ophthalmol. 74 (7): 443–4. doi:10.1136/bjo.74.7.443. PMC 1042160. PMID 2378860.CS1-одржување: повеќе имиња: список на автори (link)
  7. PMID 12615748 (PubMed (англиски))
    Citation will be completed automatically in a few minutes. Jump the queue or expand by hand
  8. „Shingles“. PubMed Health.

Надворешни врски уреди

  • Учебник по микробиологија и инфектологија со нега – Мехмеди Илми,Разалинда Исјановска
  • Учебник по инфектологија – Илија Трајков
  • Доктори.мк-Сипаници-Varicella Архивирано на 19 април 2014 г.