Овен (хороскопски знак)


Хороскопскиот знак Овен (латински: Aries, грчки: Αιγόκερος) го носат оние коишто се родени помеѓу 21 март и 19 април. Со овој знак владее планетета Марс. Симболот Знакот на овенот ги претставува роговите на овенот или живо растение никнато од земјата.

Овен
Астрологија
Почетоци
Историја на астрологијата
Историја на астрономијата
Астрологија и астрономија
Традиции
Вавилонска астрологија
Арапска и персиска астрологија
Кинеска астрологија
Египетска астрологија
Хеленско-римска астрологија
Индиска астрологија
Исламска астрологија
Сидерална астрологија
Западна астрологија
Видови
Хороскоп
Натална астрологија
Годишен хороскоп
Хорарна астрологија
Мундана астрологија
Категории
Астролози
Портал:Астрологија


На патување околу зодијакот уреди

Првиот знак во Зодијакот е поврзан и со првата астролошка куќа, а го претставува првото поединечно појавување од колективната темница. Овој знак е сржта на позитивната надворешна природа, има кардинална волја за акција, го има ентузијазмот на огнот и изобилната енергија на неговиот владетел Марс.

Мотивација уреди

На Овенот му треба да напредува, да добие специјално место, неуморен е во тежнеењето кон целта и незаплашен од препреките. Нестрплив е со деталите и не трпи глупости. Искрен, чесен, отворен, неговата парола е „Дела, а не зборови.“ Ужива во предизвик, во ризик или акции зачинети со опасност.

Работа и интереси уреди

Овенот има многу да понуди кога се бара иницијатива. Храброста, снаодливоста и чувството за организација се неговите квалитети, но и квалитетите што се бараат од позицијата на водач, што тој ја посакува. Овенот е најдобар кога работите се одвиваат по негово, а сосема не одговара за рутинска и здодевна работа. Му треба физичка активност, па често се занимава со спортови или натпреварувачки игри. Овенот има склоност кон алати, машини и оружје.

Во односи уреди

Овенот е исполент со романтика и витешки идеали, но не сака трпеливо да чека, ниту да размислува дали партнерот е соодветен за него. Машкото се гледа себеси како витез во сјаен оклоп, кој ја спасува неговата дама од змаеви, а женското е ловец и сама си го одбира сопругот. Овенот е идеален партнер за сите на кои им треба силна рака и огнена физичка врска.

Домашен живот уреди

Машкото Овен издава наредби по дома, и бара од децата да не ја поминат „црвената линија“. секогаш е зафатен со нешто. Жената Овен е способна да води кариера, домаќинство и градинка, да ја поправа колата, да ги организира децата и секогаш некаде брза. И ручекот се јаде набрзина во домот на Овенот, а лежалки никогаш не се употребуваат.

Зборови кои го опишуваат Овенот уреди

Важи и за двата пола: потврден, храбар, енергичен, амбициозен, самодоверлив, дарежлив, иницијатор, импулсивен, одговорен.

Понекогаш може да биде: агресивен, кавгаџија, фалбаџија, егоистичен, пребрз, нетрпелив, груб, неучтив, невнимателен.

Користена литература уреди

  • Марион Марч и Џоан Мекеверс: „Астрологија: основни начела“, Дечје новине, Горњи Милановац, 1994.
  • Линда Гудман: „Сончеви знаци“, Белград, 1987.
  • Миле Дупор: „Не верувајте, проверете“, Белград.