Обоки

село во Дебарско, Албанија

Обоки (албански: Katund i Vogël) — село во општината Дебар на Дебарската област, источна Албанија. Населено е со Македонци со мешана вероисповед.[1]

Обоки
Katund i Vogël
село
Обоки is located in Албанија
Обоки
Обоки
Координати: 41°36′1″N 20°30′1″E / 41.60028° СГШ; 20.50028° ИГД / 41.60028; 20.50028
Земја Албанија
ОбластДебар
ОпштинаДебар
Општ. един.Макелари
Надм. вис.&10000000000000800000000800 м
Население (2007)
 • Вкупно731
Часовен појасCET (UTC+1)
 • Лете (ЛСВ)CEST (UTC+2)
Рег. таб.DI

Географија уреди

Селото е сместено во областа Поле, во западното подножје на планината Дешат. Се наоѓа на кратко растојание северно од Почести и североисточно од Макелари. На 4,7 км источно по воздушна линија е границата со Македонија, по која високо во планината се издига врвот Голем Крчин (2.343 м).

Во планнинскиот дел на атарот се забележани топонимите Уздарица, Плошт, Ливаѓе, Колца, Сестреница, Слатиница, Острилец, Буја-шума, Света Недела, додека пак во нивскиот дел се топонимите Ченчоици, Уздоба, Пераница, Млачник итн.[2]

Историја уреди

Во Отоманското Царство уреди

Според османлискиот попис од 1467 г. во Хобок имало 3 домаќинства.[3]

Во XIX век Обоки било македонско село во Дебарската Каза со мешана вероисповед.. Во „Етнографија на вилаетите Адријанопол, Монастир и Салоника“ се вели дека во 1873 г. Обоки (Oboki) било село со 50 домаќинства сочинети од 129 жители Македонци-христијани и 58 Торбеши[4].[5] Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) од 1900 г. во Обоки живееле 175 Македонци-христијани и 180 Македонци-муслимани (торбеши).[4][6] Второспоменатите биле во процес на албанизација:

Жителите на селата Острени (Големо и Мало), Трново (Големо и Мало), Клење, Летен, Џепишта, Ербеле, Обоки, Макелари и др. претпочитат да се изјаснуваат како Арнаути и да зборуваат арнаутски.[7]

По податоци на Бугарската егзархија од крајот на XIX век во Обоки имало 25 православни куќи со 125 жители Македонци. На почетокот на XX век во селото се наметнала бугарската пропаганда. Според егзархискиот секретар Димитар Мишев („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) во 1905 г. во Обоки (Oboki) имало 120 македонски егзархисти и во него роаботело бугарско училиште.[4][8]

Во 1911 г. весникот „Дебарски глас“ напишал:

Три часа северозападно од градот Дебар се наоѓа селото Обоки (на турски Исми Бет), сместено на подножјето, недалеку од падините на Крчин Планина, на едно доста плодно место, кое обилно се напојува со водите на истата планина. Селото брои околу 51 куќа, од кои 27 на Македонци-христијани, кои го признаваат водството на Светата Егзархија, и 24 на муслимани (торбеши). Македонците [христијаните] веќе 15 години имаат училиште. Населението на селото без разлика на верата наоѓаат издршка по странство: во Бугарија и Солун. Мал дел од машкото население останува дома, за да се занимава со земјоделство. Пред 70 години насила, со терор, биле приграбени имотите — секако, најубавите — од еден месен властелин наречен Илјаз-паша...[4][9]

Во 1911 г. селаните одбиле да плаќаат ушур (десеток) на наследниците на Илјаз-паша и на 22 јануари 1911 г. од селото се истерани семејствата на Трпе Костовски, Гиго Костовски, Ангеле Костовски, Кузман Костовски, Блаже Јовчевски, Фетах Сејфула, Реџеп Абдула, Али Елмаз, Черкез Аслан, Сулејман Џемаил, Ферад Абди, Салим Черкез и Вејсал Ферад.[10]

Според статистика на весникот „Дебарски глас“ во 1911 г. во Обоки имало 21 македонска егзархиска и 25 „албански“ муслимански куќи (всушност торбешки).[4][11] Во април селаните од Обоки поднеле поплака кај пратеникот Христо Далчев дека куќите им се предаваат муслимански доселеници (мухаџири).[12] Според Георги Трајчев во 1911/12 г. во Обоки имало 25 македонски православни куќи со 125 жители, и во него работеле црква и училиште.[4][13]

Во Албанија уреди

За време на Балканските војни, со доаѓањето на српската војска се вратиле и сите жители на селото (од двете исповеди). Шукри-бег обаче отново повдига въпроса с изгонването им. По војната селото влегло во состав на во Албанија. Во отчет на Павел Христов, главен деец на бугарската просвета во Албанија, и Глигор Ошавков од 28 јануари 1914 г. се вели дека Обоки е село со 22 македонски (христијански) куќи.[4] Во селото е зачувано бугарското училиште кое работело сè до 1912 г. За учител бил назначен Арсо Къчишки, кој имал образование до ІІ клас. Христов и Ошавков разговарале со кајмакамот на Долни Дебар Садик-бег и мудирот во Макелари Дине-бег, кои им ветиле дека нема да го допуштат протерувањето на селаните.[14]

За време на Првата светска војна австроунгарската воена управа спровела попис (1916-1918) во деловите на Албанија под нивна окупација и Обоки е заведено како село со 169 „Албанци“ (торбеши), 29 „Бугари“ (т.е. православни Македонци), 72 други (најверојатно православни Македонци кои се изјасниле како такви), при што верскиот состав бил 165 муслимани и 106 православци. Јазичарите Клаус Штајнке и Џелал Јули ги сметаат резултатите од овој попис за точни.[15]

Јован Хаџи Васиљевиќ во 1924 г. вели дека Обоки во негово време било мешано село со над 400 жители, од кои поголемиот број биле торбеши, а останатите православни, но имало и некои кои се кажувале „Арнаути“. Торбешите знаеле дека порано биле православни. Малцинството кои се кажувале Арнаути по дома зборувале македонски и биле од истите родови како православците, но тоа го кажувале потајно, а не пред повеќе луѓе. Кога морале да признаат пред поголем број соседи, кажувале приказна дека биле преселени заради крвна одмазда и дека биле католици - Латини, со цел да ја избегнат вистината дека се истоветни на православните соседи.[2] Некои од торбешките родови во селото биле Абазовци, Назировци, Аџиовци и др.[2] Авторот забележува дека турска изведенка била застапена и кај христијансското братство со име Камбуровци (Грбовци).

Според Хаџи Васиљевиќ, селото се делело на три маала: Горно, Средно и Долно. Во негово време во Горното маало живеело само едно христијанско семејство, во Средното сите биле торбеши, а во Долното биле христијаните.[2]

Во извештајот на Сребрен Поп Петров, главен инспектор-организатор на бугарската црковно-училишна дејност во Албанија, во 1930 г. Обоки е заведено како село со 40 куќи. Во селото била зачувана црквата.[16]

Сè до 2015 г. селото било во состав на Општина Макелари.

Личности уреди

Поврзано уреди

Наводи уреди

  1. Видоески, Божидар. Дијалектите на македонскиот јазик I. стр. 309. Скопје: МАНУ. 1998.
  2. 2,0 2,1 2,2 2,3 Хаџи Васиљевић, Јован (1924). Муслимани : наше крви у Јужној Србији (PDF) (II. изд.). Београд. стр. 20.
  3. „Strategic Plan“ (PDF). Maqellare Commune. Посетено на 26 декември 2019.
  4. 4,0 4,1 4,2 4,3 4,4 4,5 4,6 Како што е општопознато, Македонците во бугарските извори се присвојуваат и водат како Бугари, и покрај признанието дека самите се изјаснувале како Македонци.
  5. „Македония и Одринско. Статистика на населението от 1873 г.“ Македонски научен институт, София, 1995, стр. 170-171.
  6. Кѫнчовъ, Василъ (1900). Македония. Етнография и статистика. София: Българското книжовно дружество. стр. 259. ISBN 954430424X.
  7. Кѫнчовъ, Василъ (1900). Македония. Етнография и статистика. София: Българското книжовно дружество. стр. 90. ISBN 954430424X.
  8. Brancoff, D. M (1905). La Macédoine et sa Population Chrétienne : Avec deux cartes etnographiques (PDF). Paris: Librarie Plon, Plon-Nourrit et Cie, Imprimeurs-Éditeurs. стр. 152–153.
  9. Дебърски глас, година 2, брой 32, 22 февруари 1911, стр. 1.
  10. Дебърски глас, година 2, брой 32, 22 февруари 1911, стр. 2.
  11. Дебърски глас, година 2, брой 38, 3 април 1911, стр. 2.
  12. Дебърски глас, година 2, брой 39, 23 април 1911, стр. 4.
  13. Трайчев, Георги. Български селища в днешна Албания, во: Отецъ Паисий, 15-31 юли 1929 година, стр. 213.
  14. Отчет на Трпе Поповски и Павел Христов до Тодор Павлов од 28 јануари 1914 г.
  15. Steinke, Klaus; Ylli, Xhelal (2008). Die slavischen Minderheiten in Albanien (SMA): Golloborda - Herbel - Kërçishti i Epërm (германски). Munich: Verlag Otto Sagner. стр. 249.
  16. Доверлив извештај бр. 54 на Сребрен Поп Петров

Надворешни врски уреди