Обични Луѓе е третата хрватска теленовела или драмска серија, која со прикажување во Хрватска како и кај нас почна кон крајот на 2006 година. Оваа серија имаше огормен успех во Балканот. Серијата е сместена во Загреб во сегашно време, приказна за три сестри чија мајка ги оставила кога тие биле мали. Обични Луѓе е серија на хрватската продуцентска куќа, Ава Продукција. Серијата кај нас се емитуваше на Канал 5 Телевизија.

Обични Луѓе
Жанрдрама, теленовела
Создадена одЈелена Велјача
УлогиАлјоша Вучковиќ
Лела Маргитиќ
Ванеса Радман
Хелена Миниќ
Ана Мајхениќ
Земја на потеклоХрватска
Првичен јазиксрпскохрватски
Бр. на епизоди170
Производство
Извршен продуцент(и)Роман Мајетиќ
МестоположбаЗагреб
Времетраење45 минути
Прикажување
Првична мрежаХрватска Радиотелевизија
Надворешни врски
Мрежна страницаava.hr/obicni-ljudi/

Синопсис уреди

Драмската серија Обилни Луѓе е урбана приказна која го следи животот на трите сестри и нивните родители, глумци, од кои секој има различен животен пат. На различен начин, во нивните животи и луѓето кои ги опкружуваат, се појавуваат и нивните фрустрации од детството: заминувањето на нивната мајка Каролина Кинцл кога Вања (најстарата) имала 11 год, Матија (средната) 7год, а Саша (најмладата) била 3 г. Приказната го следи животот во моменто која секоја од нив има свој живот. После заминувањето на Каролина, Вања ја преземала улогата на мајка во фамилијата, која сега живее среќно со нејзиното момче и има отворено сопствен ресторан заедно со својата најдобра пријателка. Најемотивната сестра Матија, е во брак со Лука Драган, синот на Анте Драган, еден од најуспешните стопанственици во Хрватска. Лука, како и неговиот брат Павле работат во фирмата на нивниот татко во Авто салонот Драган. Паралено го следиме животот и на таа херцеговска фамилија. Најмладата сестра Саша, дипломирала на Медицинскиот факлутет каде и почнала да работи во загребска болница. Во моментот на почетокот на приказната, Каролина, добива голема глумска шанса: улога на жена на својот бивш сопруг и таткото на трите сестри, Ивица во обновената серија која него му донела слава...

Улоги уреди

Глумци Ликови
Алјоша Вучковиќ Ивица Кинцл
Лела Маргитиќ Каролина Кинцл
Ванеса Радман Вања Кинцл
Ана Мајхениќ Матија Кинцл Драган
Хелена Миниќ Саша Кинцл
Зијад Грашиќ Анте Драган

Обични Луѓе на Балканот уреди

Македонија: Канал 5 Телевизија
Србија: Пинк Телевизија
Босна и Херцеговина: Пинк БХ
Хрватска: ХРТ
Црна Гора: Пинк М

Надворешни врски уреди