Предлошка:Underlinked

Еден од двата Луксор обелисци на плоштадот Конкорд во Париз, црвен гранитен монолитен столб, 23м. висок, вклучувајќи ја основата која тежи 250 toni.

Обелиск (грч. ὀβελίσκος , забоден, шилест столб, во форма на клин[1][2]) е висок, камен споменик со четири страин кој завршува со врв во облик на пирамида и се вели дека наликува на скаменет зрак од сончевиот диск. Два Обелиска вообичаено стоеле пред еден храм. Античкиот обелиск бил монолитен, додека поголемиот број современи форми на обелиск се направени од неколку камења и може да имаат внатрешни простори. Терминот челичен (множина: челични) вообичаено се користи за други споменици во форма на изгравирани, камени скулптури.

Антички обелиск уреди

Египетски уреди

Обелискот бил истакнат во архитектурата на старите Египќани, кои ги поставувале во парови пред влезот во храмовите. Зборот Обелиск кој се користи во англискиот јазик денес, има грчко наместо египетско потекло бидејќи Ирод, грчкиот патник, бил еден од првите класични писатели кој го опишал овој објект. Еден број Стар Египетски обелискци е познато дека постојат, со додавање на недовршениот Обелиск делумно одделен од неговиот каменолом во Асуан. Овие обелискци денес се расфрлени низ светот и помалку од половина од нив се оставени во Египет. Најстариот обелиск сè уште во својата оригинална состојба е висок 20.7 м/ 68 стапки и тежок 120 тони[3], изработен од црвен гранит за Сенусрет Први од дванаесеттата династија во Ал Матарија дел од Хелиополис[4]. Обелискот го симболизирал богот на сонцето Амон Ра, и за време на кратките верски преуредувања на Аменхотеп се мислело дека е скаменет зрак на Атен, дискот на сонцето. Исто така се мислело дека богот постои во оваа структура. Египтологистот на Универзитетот во Њујорк, Патриција Блаквел Гери и главниот уредник на списанието Астрономија поставуваат хипотеза дека формите на старите египетски пирамиди биле изведени од природни појави поврзани со сонцето (богот На сонцето Ра кој бил најголемиот бог на египјаните[5]). Пирамидата и обелискот можеби биле инспирирани од претходно забележани астрономски појави поврзани со изгревање на сонцето и зајдисонцето, односно зодијачкото светло и одсјајот на сонцето. Старите Римјани биле под силно влијание на формата на обелискот, до таа мера што денес постојат двапати повеќе обелискци во Рим отколку оние што постојат во Египет. Сите паднале по римскиот период, освен оној во Ватикан, и биле повторно издигнати на различни локации. Највисокиот египетски обелиск се наоѓа на плоштадот пред Базиликата Латеран во Рим со висина од 105.6 стапки и тежина од 455 тони. Сите обелискци во Римското Царство не биле поставени во Рим. Ирод Великиот ги имитирал неговите римски господари и поставил Египетски обелиск од црвен гранит во хиподромот на неговиот нов град Цезареа во северна Јудеа. Овој обелиск е висок приближно 40 стапки и тежок 100 тони. Го откриле археолозите и бил повторно издигнат на неговата претходна локација. Источниот Император Теодосиј, во Цариград испорачал обелиск во 390 година и му бил поставен во неговиот хиподром, каде издржал Крстоносни војни и Селџуци и сè уште стои во плоштадот Хиподром во денешен Истанбул. Овиј обелиск е 95 стапки висок и тежи 380 тони. Неговата долна половина како што се верува исто така постоела некогаш во Истанбул но денес ја нема. Обелискот во Истанбул е 65 стапки висок. Рим е главниот град на обелискот во светот. Најистакнатиот е 25.5м/83.6 стапки високиот и 331 тони тежок обелиск на плоштадот Свети Петар во Рим[6]. На оваа локација обелискот бил поставен од 37 г., на ѕидот на Циркусот на Неро, во крилото на Базиликата Св. Петар: „Плиниј Постариот во неговото Природознание (Natural History) се однесува на пренесувањето на обелискот од Египет во Рим по наредба на Царот Гај (Калигула) како на извонреден настан. Лаѓата која го носела имала огромни јарболи од чамово дрво кое четири човекови раце не можеле да го заобиколат. Сто и дваесет шиници (мерка за количина) леќа биле потребни за одржување рамнотежа. Откако ја исполнил својата цел, гигантскиот брод не бил повеќе потребен. Па така, исполнет со камења и цемент бил потонат за да ги постави темелите на најголемиот кеј на новото пристаниште во Остија“[7]. Повторното издигнување на обелискот го обесхрабрил дури и Микеланџело, но Сикст Петти бил одлучен во издигањето на обелискот пред Св. Петар чиј брод туку што не почнал да се прави. Тој имал дрвена макета во вистински димензии којашто била издигната во месеците на неговото избирање. Доменико Фонтана, помошник во изградба на Базиликата, на Џакомо Дела Порта претставил пред Папата мал модел на кран од дрво и мал обелиск од олово, кој самиот Сикст можел да го крене со покревање на мала дигалка со неговиот прст. Фонтана го добил проектот. Обелискот половина закопан во отпадокот на годините, прво бил ископан онака како што стоел, потоа од 30 април до 17 мај 1586 г. требало да се премести на ролери до плоштадот за што биле потребни 1000 луѓе, 140 коњи за влечење товар и 47 кранови. Повторното издигнување било закажано за 14 септември, на Постот на Издигнување на крстот и се случувало пред голема маса народ. Обелискот било големо дело во архитектурата, му создал репутација на Фонтана кој го објаснил во илустрираната книга со изгравирани, бакарни плочки За пренесувањето на ватиканскиот обелиск и делото на нашиот Господин Папа Сикст Петти (1590 г.) (Della transportatione dell'obelisco Vaticano et delle fabriche di Nostro Signore Papa Sisto V (1590))[8][9], и со самото тоа поставил нов стандард во пренесувањето технички информации и влијаел на последователните објави во областа на архитектурата со голема прецизност. Пред да биде повторно издигнат обелискот бил ослободен од лоши духови. Се вели дека Фонтана имал повеќе тимови од коњи со кои би можел да избега во случај ако неговиот потфат пропадне. Кога Карло Мадерно го правел бродот на Базиликата морал да постави мала навртка во неговата оска да се постави обелискот. Обелискот стои пред црквата Тринита деи Монти, на врвот на Шпанските скали. Друг обелиск во Рим е извајан како да е носен на грбот на слон. Рим изгубил еден од своите обелисци кој го красел храмот на Исис, откриен во 16 век. Семејството Медичи ја барале својата вила Медичи, но во 1790 г. ја преместиле во Боболиските Градини прилепена до Палатата Пити во Фиренца и оставиле копија на нејзиното место. Неколку египетски Обелискци биле повторно издигнати и на други места. Најдобро познатити примери надвор од Рим се двата обелискци на Клеопатра високи 21 м./68 стапки, во Лондон (69 стапки висина и 187 тони тежина) и Њујорк (70 стапки висина и 193 тони тежина) и 23м. високиот и 227 тони тежок обелиск на плоштадот Конкорд во Париз. Египедски обелисци постојат на следниве локации:

  • Во Египет девет
    • Фараонот Тутмос Први, Храмот Карнак во близина на Луксор.
    • Фараон Рамзес Втори, Храм Луксор.
    • Фараон Хатшепсут, Храм Карнак, Луксор.
    • Фараон Сенусрет Први, Ал-Масала област во Ал-Матарија, округ во Хелиополис, Каиро.
    • Фараон Рамзес Трети, Музејот Луксор
    • Фараон Рамзес Втори, Остров Џезира, Каиро, 20.4 м.
    • Фараон Рамзес Втори, Меѓународен Аеродром Каиро, 16.9 м.
    • Фараон Сети Втори, Храм Карнак, Луксор, 7 м.
    • Фараон Сенусрет Први, Фајум (античка локација на Крокодилопол), 12.9м.
  • Во Франција еден
    • Фараон Рамзес Втори, обелиск Луксор на плоштадот Конкорд, Париз[10]
  • Во Израел еден
    • Обелискот во Цезареа
  • Италија, единаесет ( меѓу кои вклучен и оној во Ватикан)
    • Рим, осум антички египетски обелискци
    • Пиаца дел Дуомо, Катанија, (Сицилија)
    • Биболиските Градини (Фиренца)
    • Урбино
  • Полска, еден
    • Рамзес втори, Познањ Археолошки Музеј, Познањ (на заем од Египетскиот Музеј и Папирус колекција, Берлин[11])
  • Турција, еден
    • Фараон Тутмос Трети, Хиподромот на Истанбул
  • Велика Британија, четири
    • Фараон Тутмос Трети, Обелискот на Клеопатра на кејот Викторија, Лондон
    • Фараон Аменхотеп Втори, во Ориенталниот Музеј, Универзитет Оксфорд.
    • Фраон Птоломеј Деветти, обелиск Филае, Кингстон Леси во близина на Винборн Министер, Дорсет
    • Фараон Нектанеб Втори, Британски Музеј, Лондон (два обелиска)
  • САД, еден
    • Фараон Тутмос трети, обелискот на Клеопатра во Централ парк, Њујорк

Асирија уреди

Обелиск-спомениците се познати и во асирската цивилизација, каде биле издигнати како јавни споменици кои ги обележувале достигнувањата на асирскиот крал. Британскиот Музеј поседува три асирски обелиска: Белиот обелиск (именуван според неговата боја), го открил Хормузд Расам во 1853 г. во Ниневех. Обелискот бил подигнат или од Ашурнасирпал Први (1050-1031 г. п.н.е.) или Ашурнасирпал Втори (883-859 г. п.н.е.). Обелискот содржи записи кои укажуваат на тоа дека кралот запленувал стока, луѓе и стада кои биле носени во градот Ашур. Релјефите на обелискот откриваат воени походи, ловење, победнички банкети и сцени од почесни настани. Обелискот Расам, именуван по неговиот откривач Хормузд Расам, се наоѓал на тврдината Нимруд (стар Калху). Бил издигнат од Ашурнасирпал Втори, иако е сочуван само во делови. Сочуваните делови на релјефи откриваат сцени од почесни настани кон кралот на Сирија и западот[12]. Црниот обелиск го открил Сер Остен Хенри Лејард во 1846 г. на тврдината Калху. Обелискот го подигнал Шалманасар Трети а неговите релјефи откриваат сцени од почесни настани како и слика од два владетели, Јеху кралот на Израел и Суа крал на Гилзанеа, како даваат знаци на понизност кон кралот. Релјефите имаат и епиграфи кои ги придружуваат, но покрај нив обелискот исто поседува и поголем запис кој ги одбележува една од последните верзии на хрониките на Шалманасер Трети, за периодот од годината на почетокот па сè до 33тата година на неговото владеење.

Аксум уреди

Дел од обелискците биле гравирани во Кралството Аксум. Заедно со 21м. високиот обелиск на кралот Езана, последниот издигнат и единствен сочуван е најпознат пример за аксумските обелисци е таканаречениот обелиск на Аксум кој е висок 24м. Бил гравиран околу 4 век и со текот на времето се срушил и се разделил на три дела. Во ваква состојба бил пронајден од италијански војници во 1935 г. по Втората италијанско-етиопска војна, кога бил грабнат и однесен во Рим, 1937 г. и поставен на плоштадот Порта Капена. Со договорот на ООН во 1947 Италија се согласила да го врати обелискот но не го исполонила сè до 1997, после години на пристисок и разни контроверзни спогодби. Во 2003 г. италијанската влада ги направила првите чекори кон враќање на обелискот и во 2008 г. конечно бил повторно издигнат. Најголемиот познат обелиск, Големиот обелиск во Аксум, којшто денес е срушен со висина од 33м. и димензии на основата 3м со 2 м. (и тежина од 520 тони[13]) е еден од најголемите еднокамени споменици некогаш направени во човековата историја (најголемиот се наоѓа или во Баалбек или во Рамессеум) најверојатно паднал при изградбата или веднаш по неа уништувајќи голем дел од гробницата под него. Обелисците чијшто соодветен термин е стелае, или тамошното хавилт или хавилти бидејќи не завршува со пирамида, се користеле да ги означат гробиштата или подземните гробници. Најголемите означувачи на гробови биле наменети за кралските гробници и накитени со повеќе-катни лажни прозорци и лажни врати додека оние на благородниците биле помали и помалку накитени. Постојат стотици помали стелае на „стелае полињата“ а само неколку големи.

Старите римски обелисци уреди

Римјаните продавале обелисци во стар египетски стил. Тука спаѓаат:

  • Арл, Франција-обелискот арл, на плоштадот на републиката, обелиск од 4век од римско потекло.
  • Беневенто, италија-три римски обелиск[14][15]
  • Минхен-обелиск на Тит Секст Африкан, Државен музеј на египетска уметност, во одделот Кунстареал, 1 век, 5.80 м.
  • Рим- Постојат пет, стари, Римски обелискци во Рим.

Византија уреди

  • Ѕидниот обелиск (Обелискот на Константин), Хиподром на Цариград. Изграден во времето на Константин Седми Порфирогенит (905-959 г.), покриен со бронзени плочи.

Предколумбовски период уреди

Предисторискиот обелиск Тело, пронајден во 1919 г. во Чавин-де-Уантар во Перу, е монолитен стеале со димензии во форма на обелиск. Бил гравиран во плиток релјеф со чавински симболи како што се низа од заби и глави на животни. Откако долго бил чуван во Националниот музеј за археологија, антропологија и историја на Перу во Лима, бил пренесен во Националниот чавински музеј, кој се отворил во јули 2008 г. Обелискот бил именуван според археологот кој го открил, Хулио Ц. Тело, коишто се сметал за „татко на перуанската археологија“. Тој бил првиот американски староседелски археолог[16].

Експерименти со издигнување обелиск уреди

Во крајот на летото 1999 г. Роџер Хопкинс и Марк Ленер се здружиле во тимот НОВА (тв серии) за да издигнат обелиск со тежина од 25тони. Овој бил трет обид да се издигне обелиск со оваа тежина, претходните два, во 1994 г. и 1999 г. завршиле неуспешно. Исто така постоеле два обида да се подигне обелиск тежок два тона и еден од девет тона. Конечно во периодот август-септември 1999 г. учејќи од своите искуства успеале успешно да подигнат еден обелиск. Најпрво Хопкинс и Раис Абдел Алеем направиле експеримент влечејќи камен блок кој тежел 25 кг. На почетокот имало повеќе од 100тина луѓе кои се обиделе да влечат но не можеле да го поместат. На крајот, со повеќе од 130 луѓе влечејќи одеднаш и уште дванаесетмина други користејќи дигалки да ги поттикнат санките да се придвижи напред, го поместиле. Во текот на денот, работниците влечеле и од 10 до 20 стапки (6 м.). Покрај проблемите со скинати јажиња тие докажале дека споменикот може да се премести на овој начин. Други експерименти биле направени во Египет и други локации во обидот да се влече мегалитски камен со стари техно- логии, некои наведени овде. Еден експеримент бил пренесување на мал обелиск на лаѓа во реката Нил. Лаѓата била направена врз основа на стари египетски модели. Требало да биде многу широка за да го издржи обелискот, со размер 2:1 должина и ширина, и најмалку двапати подолг од обелискот. Обелискот бил долг 10 стапки (3м.) а тежел не повеќе од 5 тона. Лаѓа доволно голема да го издржи пренесувањето на најголемиот египетски обелиск од овој размер би морала да биде околу 200 стапки (61 м.) долга и 100 стапки (30.5м) широка. Работниците користеле јажиња кои биле врзани околу водич кои им давал насоки да влечат, надвор од реката, додека тие го влечеле обелискот врз лаѓата. Лаѓата успешно била пуштена во реката Нил. Последното и успешено подигање го организирал Рик Браун, Хопкинс, Ленер и Грег Мулен во истражување во Масачусетс. Подготовките за почнување со работа биле напревени со модерна технологија, но експериментите покажале дека со доволно време и доволно луѓе можело да се направи и со античка технологија. За почеток обелискот лежел на песок и камена рампа. Била ископана дупка на средината, и истата била исполнета со сув песок. Претходните експерименти докажале дека мокриот песок не се лизгал толку добро. Рампата била заградена со камени ѕидови. Луѓето го подигнале обелискот полека отстранувајки го песокот додека групи на луѓе ги влечеле јажињата за да го контролираат паѓањето во дупката. Задниот ѕид бил направен да го води обелискот кон своето место. Обелискот морал да го погоди свиокот кој ќе го спречи неговото лизгање. Тие користеле јажиња како сопирачки за да го спречат од паѓање. Вакви свиоци биле пронајдени кај античките пиедестали. Гравитацијата си го отслужила своето сè до последните 15о за кои морало обелискот да се влече напред. Тие повторно користеле јажиња како сопирачки да не падне напред. На 12 септември го завршиле проектот. Овој експеримент се користел да се објасни како обелиските можеби се подигнувале во Луксор и на други локации. Се чини дека бил придружен и со папирус во форма на свиок, стар 3 000 години во кој еден писар се надоврзува на друг во изградувањето споменик за „господарот“. Свиокот вели „испразнете го просторот исполнет со песок под споменикот на господарот“. За да се издигне обелискот во Луксор по овој метод биле потребни преку милион метри кубни камен, тули од кал и песок како за рампата така и за платформата што ќе го навали обелискот. Најголемиот обелиск успешно бил подигнат во античко време и тежел 455 тони. 520 тони челик биле пронајдени во Аксум, но истражувачите велат дека се скршил при подигањето.

Познати современи обелисци уреди

17 век. уреди

  • Екс-ен-прованс-Фонтана на четирите делфини, 1667 г.

18 век. уреди

  • Обелискот на Маркет Сквер во Рипон (Николас Хавксмур) 1702 г. 80 стапки /(24 м.) висина, првиот обелиск во големи размери издигнат во Британија.
  • Сент Лук Олд Стрит (црква), Лондон, го додал Николас Хавксмур околу 1727-33 г.
  • Обелиск Мамхед, сто стапки (30 м.), изграден 1742-1745 г. како помош при пловење.
  • Училиште Стоу, Бакингемпшир- обелиск на генерал Волф, 1754 г.
  • Обелискот во Монтреал Парк, Риверхед, Севеноакс, Кент-обелискот на Лорд Џефри Амхерст, 1761 г.
  • Обелиск Кагул во Царскоје Село, 1772 г.
  • Обелиск Чесма во Гатчина, 1775 г.
  • Вила Медичи, Рим копија на египетски обелиск од 19 век преместен во Боболи Градините во Фиренца, 1790 г.
  • Обелиск Румјанчев во Санкт Петербург, 1799 г.
  • Обелиск на Слотбакен ,Стокхолм, подигнат во 1800 г.

19 век. уреди

  • Споменикот на Нелсон, Спринфилд парк, Ливерпул, околу 1805 г.
  • „Иглата на Брајтлинг“ Брајтлинг, источен Сасекс (65 стапки/ 20м.) околу 1815 г.
  • Гробот на патриотите, Стари гробишта, Арлингтон, Масачусетс (1818 г.)
  • Споменик на Капетан Кук, Изби Мур, Грејт Ајтон, Северен Јоркшир, 1827 г. (15.5 м, 51 ст)
  • Споменик Гротон во (Форт Гризволд), Гротон, Конектикат, 1830 г. (41.15 м., 135 ст.)
  • Споменик Банкер Хил, Чарлстаун, Масачусетс- изграден меѓу 1827 и 1843 г.
  • Обелиск на лавови, во Јаш, Романија, 1834 г.
  • Вила Торлониа, Рим- два обелиск подигнати во 1442 г.
  • Реџо Емилија обелиск, го комеморира бракот на Францис Петти, Војвода од Модена со принцезата Аделгунда од Баварија, изграден во 1842 г.
  • Споменикот на Радерфорд во близина на Анвот, Шкотска подигнат во 1842 г. како спомен на Самуел Рутерфорд.
  • Споменик на политичките маженици, единбург, подигнат 1844 г. како спомен на „Шкотските маченици за слобода“.
  • Споменик Лансдаун, во близина на Белата куќа Черчил, Вилтшир, 1845 г., 38 м., го подигнал Третиот Маркиз од Лансдаун во комеморација на Сер Вилијам Пети.
  • Њукасл, Нов Јужен Велс- Обелискот, изграден 1850 г.
  • Споменик Велингтон, Велингтон, Самерсет, завршен 1854 г. (53.34м, 175 ст.)
  • Студли Пајк, Тодморден, Западен Јоркшир, изграден 1856 г.
  • Обелиск на Фонтенеј, 1860 г.
  • Споменик Велингтон, 1861 г. (62 м., 05 ст.) Феникс Парк, Даблин, Ирска.
  • Гробот на Линколн во Спрингфилд, Илиноис, 1865 г. (35.66м., 117 ст.)
  • Обелискот на Николсон, Маргала Хилс, Пакистан 1868 г.
  • Обелиск на Капетан Кук, Курнел, Нов Јужен Велс, 1870 г.
  • Меморијален обелиск на ветераните на Округ Дофин во Харисбург, Пенсилванија, завршен во 1876 г. (33.52м., 110ст.)
  • Споменик Вашингтон во Вашингтон ДЦ, САД, висина 555 стапки, 5.5 инчи (169.29 м.) е највисокиот постоечки обелиск во светот, завршан во 1884 г.
  • Споменик на боиштето Орискани во Рим, Њујорк, посветено во 1884 како мемориал на битката на Револуционерната војна во 1777 г.
  • Споменик на битката во Бенинтон, во Бенинтон, Вермонт 1889 г.
  • Далхауси обелиск во Рафлс Плејс, Сингапур, 1891 г.
  • Обелискот, Универзитетски парк кампус на универзитетот Пен Стејт, 1896 г.

20 век. уреди

  • Мемориалот на Вилијам Дедли Чипли, на Плаза Фердинанд Седми, Пенсакола, Флорида, 1901 г.
  • Споменикот на Наредник Флојд, на автопатот 75 во САД, Су Сити, Ајова, 1901 г.
  • Мемориал на родното место на Џозеф Смит, Јужен Ројалтон, Вермонт, 1905 г.
  • Споменик Меккинли, Плоштад Нијагара, Бафало, Њујорк, 1907 г. (96 ст. /29 м.)
  • Споменикот на ветераните, Елизабеттон, Тенеси, посветен во 1904 год на ветераните од Американската граѓанска војна од Округот Картер, Тенеси.
  • Споеник Чалмете, во Чалмете, Луизиана, комеморација на битката во Њу Орлеанс, 1908 г.
  • Мемориал Коронатион, во Коронатион Парк, Делхи, кмеморација на основањето на Њу Делхи во 1911 г. по кој следуваат други обелискци околу Раштрапати Бхаван.
  • Мемориал на Победата, Форт Рековери, Охајо, завршен во 1913 г.
  • Национален споменик на жените во Блуфонтејн, Јужна Африка, бил подигнат во 1913 г.
  • Обелискот Хенри М. Флагер кој се наоѓа на Флагер Монумент Ајленд во Мајами Бич, флорида бил изграден 1920 г.
  • Меморијалот на Војната на плоштадот Лондон, Саутпорт, Ланкшир, го дизајнирале Грејсон и Барниш во 1923 г. Бил закрилен со две колонади секоја поддржана со столбови во дориски ред и изработени од портландски камен.
  • Ветеран мемориал плаза (плоштад на обелискците) на плоштадот-мемориал за Светската Војна на Индиана во Индианаполис бил изграден во 1923 г.
  • Споменикот на Џеферсон дејвис на државниот историско мрежно место - Џеферсон Дејвис во Фервју, Кентаки (351 ст./107 м. ) висок, во поголем дел направен од бетон, 1924 г.
  • Голем обелиск со најголемото јаболко во светот на неговиот врв стои во Корнелија, Џорџија. Бил подигнат во 1925 г.
  • Кулата Фошеј, во Минеаполис, Минесота, обликувана според Споменикот Вашингтон, 1929 г.
  • Обелиск на Монтевидео, Уругвај, 1930год
  • Споменик Хај Поинт, Монтагу, Њу Џерси. Обелиск со висина 220 ст./67м. на врвот на Њу Џерси, на највисоката точка, 1803 ст.(550м.) надморска височина, 1930 г.
  • Форо Италико, Рим (на Лунготевере Маршал Диаз), подигнат во чест на Бенито Мусолини, 1932 г.
  • Обелиск на Буенос Аирес, Аргентина, 1936 г.
  • Споменик Сан Хасинто во Ла Порт, Тексас, во цомеморација на победата на тексашката војска во битката на Сан Хасинто и со тоа добивање независноста на Мексико, 1939 г.
  • Трилон и Перисфер, Светски саем во Њујорк, 1939 г., Флашинг, Њујорк, не е вистински обелиск туку уметничка декоративна верзија, (700 ст./213м.), 1939 г.
  • Обелискот на Уан Три Хил во Окленд, Нов Зеланд, 1940 г.
  • Обелиск Манзанар, Индепенденс, Калифорнија споменик во чест на Јапонските стажисти за време на Втората светска војна, 1943 г.
  • Обелиск на Плоштад Франција во Каракас, Венецуела, 1944 г.
  • Мемориал во Сафед, Израел посветен на војниците кои погинале во израелската војна за независност.
  • Обелиск во Сао Паоло, Бразил, 1954.
  • Парк на аболицијата во Понсе, Порторико, 1956 г.
  • Трухиљо обелиск, Санто Доминго, Домениканска Република, 1960 г. (137ст./42м.)
  • Обелиск на Ла Паз, Боливија
  • Столбот Демидов во Барнаул, Сибир, Русија.
  • Обелиск на Победата во Москва
  • Обелиск на мемориалот од војната на Тврдината Брест, Белорусија, 100м. 1971 г.
  • Мал обелиск е поставен на Тринити Пробате, локација каде експлодирала првата атомска бомба.
  • Рагби, Северна Дакота, географскиот центар на Северна Америка (Мексико, САД и Канада).
  • Плоштадот се Пирулито да праца сете (порт. Пирулито да Праçа Сете) во Бело Хоризонте, Бразил.
  • Во Лас Вегас, Невада, САД, обелискот стои пред Хотел Луксор, хотел во форма на пирамида по јужниот булеварот Лас Вегас.
  • Обелиск стои пред домот од детството на Клинт Феро домаќинот на дебатното радио шоу, Ендикот, Њујорк, 17975 г.
  • Национален Споменик, ја симболизира Битката за независност на Индонезија на ПлоШтадот Мердека, Џакарта, 1975 г.
  • Голем обелиск во Северна Кореја наречен Кулата Чучке 1982 г.
  • Мемориал за египетските погинати војници во Апаск-израелската војна во 1948 г., во Ад Халом, Израел.
  • Обелиск Авис, Авис Фарм Офис Парк, Питсфилд Тауншип, Мичиген, 1998 г.

21 век уреди

 
Обелиск на Скалестата улица во Касел
  • Капас Национал Шрин (од Цапас Натионал Схрине) во Филипинската провинција Тарлак, Филипини, 70м. висок обелиск подигнат во 2003 г.
  • Споменик на езерцето и бел обелиск во главниот плоштад на Виган Сити во филипините.
  • Обелиско Новеченто (Обелисцо Новеценто), Рим. Скулптура на Арландо Помодоро.
  • Сајклиск е 65 стапки висок обелиск направен од 350 велосипеди подигнт во санта Роза, Калифорнија.

Наводи уреди

  Оваа статија вклучуват текст од дело кое сега е во јавна сопственостChisholm, Hugh, уред. (1911). Encyclopædia Britannica (11. изд.). Cambridge University Press. Отсутно или празно |title= (help)CS1-одржување: ref=harv (link)

Further reading уреди

  • Curran, Brian A., Anthony Grafton, Pamela O. Long, and Benjamin Weiss. Obelisk: A History. Cambridge, MA: MIT Press, 2009. ISBN 978-0-262-51270-1.
  • Wirsching, Armin, Obelisken transportieren und aufrichten in Aegypten und in Rom. Norderstedt: Books on Demand 2007 (2nd ed. 2010), ISBN 978-3-8334-8513-8
  • Chaney, Edward, "Roma Britannica and the Cultural Memory of Egypt: Lord Arundel and the Obelisk of Domitian", in Roma Britannica: Art Patronage and Cultural Exchange in Eighteenth-Century Rome, eds. D. Marshall, K. Wolfe and S. Russell, British School at Rome, 2011, pp. 147–70.
  • Iversen, Erik, Obelisks in exile. Copenhagen, Vol. 1 1968, Vol. 2 1972

Наводи уреди

  1. ὀβελίσκος. Henry George Liddell, Robert Scott. A Greek-English Lexicon - Perseus Project.
  2. Harper, Douglas. „obelisk“. Online Etymology Dictionary.
  3. „A World of Obelisks: Cairo“. NOVA Online: Mysteries of the Nile. PBS. Посетено на 14 June 2013.
  4.   Griffith, Francis Llewellyn (1911). „Obelisk“ . Во Chisholm, Hugh (уред.). Encyclopædia Britannica. 19 (11. изд.). Cambridge University Press. стр. 945.
  5. Blackwell Gary, Patricia; Talcott, Richard (June 2006). „Stargazing in Ancient Egypt“ (PDF). Astronomy. стр. 62–67. Архивирано од изворникот (PDF) на 2021-08-03. Посетено на 2021-01-30.
  6. „A World of Obelisks: Rome“. NOVA Online: Mysteries of the Nile. PBS. Посетено на 14 June 2013.
  7. Lees-Milne, James (1967). Saint Peter's.
  8. „Della trasportatione dellªobelisco Vaticano et delle fabriche di Nostro Signore Papa Sisto ...“. purl.pt.
  9. „Della trasportatione dell'obelisco vaticano et delle fabriche di nostro signore papa Sisto V fatte dal cavallier Domenico Fontana, architetto di Sva Santita, libro primo“. NYPL Digital Collections. Посетено на 21 August 2015.
  10. Brier, Bob (2018). „The secret life of the Paris obelisk“. Aegyptiaca (2): 75–91. doi:10.11588/aegyp.2018.2.47945. Посетено на 18 June 2019.
  11. „Obelisk of Ramesses II in the Museum's courtyard“. Muzeum Archeologiczne w Poznaniu. Посетено на 21 August 2015.
  12. „Rassam Obelisk“. British Museum. Collection object details.
  13. Scarre, Chris, уред. (1999). The Seventy Wonders of the Ancient World.
  14. „museodelsannio.com“. Архивирано од изворникот на 6 October 2014. Посетено на 21 August 2015.
  15. „Domitian Obelisk (In Piazza Papiniano, Benevento)“. obelisks.org. Посетено на 15 September 2019.
  16. Burger, Richard L. The Life and Writings of Julio C. Tello. University of Iowa Press. Архивирано од изворникот на 2016-09-19. Посетено на 27 September 2010.

Надворешни врски уреди