Обединети Арапски Емирати

Обединети Арапски Емирати или ОАЕ (арапски: арапски: دولة الإمارات العربية المتحدة) — држава во Југозападна Азија. Се наоѓаат на полуостровот Арабија. Се состојат од седум емирати. Главен град е Абу Даби.

Обединети Арапски Емирати
دولة الإمارات العربية المتحدة
Dawlat al-ʾImārāt al-ʿArabiyyah al-Muttaḥidah
Знаме Грб
ХимнаИши билади
Да живее нацијата моја

Местоположба на Обединети Арапски Емирати
Главен градАбу Даби
24°28′N 54°22′E / 24.467° СГШ; 54.367° ИГД / 24.467; 54.367
Најголем град Дубаи
Службен јазик арапски
Народности (2009[1][2])
  • 16,6% Емираќани (државјани)
  • 23,0% останати Арапи
  • 42,3% јужноазијциа
  • 12,1% други азијциб
  • 6,0% останати странци
Демоним Емираќани

(Емираќанец/Емираќанка)

Уредување
 •  Претседател Мухамед бин Зајед ел-Нахјан
 •  Потпретседател и премиер Мухамед бин Рашид ел-Мактум
Законодавство Сојузен национален советв
Суверенитет
 •  истек на мировната спогодба со Велика Британија 1 декември 1971 
 •  Устав 2 декември 1971 
Површина
 •  Вкупна 83,600г км2 (116-та)
 •  Вода (%) занемарливо
Население
 •  проценка за 2010 г. 8.264.070[3] (93-та)
 •  Попис 2005 4.106.427 
 •  Густина 99 жит/км2 (110-та)
БДП (ПКМ) проценка за 2011 г.
 •  Вкупен $258,825 милијарди[4] 
 •  По жител $48.158[4] 
БДП (номинален) проценка за 2011 г.
 •  Вкупно $360,136 милијарди[4] 
 •  По жител $67.008[4] 
Џиниев коеф. (2008)36
среден
ИЧР (2013) 0.827[5]
многу висок · 40та
Валута емиратски дирхам (AED)
Часовен појас GST (UTC+4)
 •  (ЛСВ) не се практикува (UTC+4)
Се вози на десно
НДД
Повик. бр. +971
а. Претежно Индијци, Пакистанци и Бангладешани.
б. Претежно Кинези, Филипинци, Тајланѓани, Иранци, Јужнокорејци и Паштуни.
в. Седум емирати и едно советодавно тело.
г. Точната големина на земјата е непозната поради спорноста на неколку острови во Персискиот Залив, отсуство на точни податоци за нив и неодбележаноста на најголемиот дел од копнената граница со Саудиска Арабија.

Потекло на поимот уреди

Името на државата Обединети Арапски Емирати е самото описливо. „Обединети“ се однесува на федералниот систем на управување на државата, „арапски“ се однесува на етно-географското потекло на народот и регионот (види Саудиска Арабија) и „емирати“ се федералните единици каде управува емир. Поранешните имиња на државата биле Примирски Оман и Примирски Држави. Имињата ги добиле кога се ослободиле од британската колонизација и биле отфрлени со воведувањето на денешното име. Имињата потекнуваат од името Оман, а „примирни“ се однесува на примирјето меѓу Обединетото Кралство и локалните шеици.

Историја уреди

Обединетите Арапски Емирати се изворно формирани од организираниот Арапски Полуостров низ јужниот брег Персискиот Залив и северозападниот брег на заливот на Оман. Тоа е дел на Оман и затоа е наречен Заливот на Оман . ОАЕ се создадени во 1971 кога емиратите се одединиле во една обединета држава . Таа е развиена во модерна високодоходна држава.

Географија и клима уреди

Обединетите Арапски Емирати се сместени во Југозападна Азија граничејки со Оманскиот и Персискиот Залив. Помеѓу Султанството Оман и Саудиска Арабија.Обединетите Арапски Емирати лежат помеѓу 22°50′ и 26° СГШ и помеѓу 51° и 56°25′ ИГД .Со 530 км граничи со Саудиска Арабија на запад, југ и југоисток, а со 450 км граничи со Оман на југоисток и североисток. Земјата граничи и со Катар во Хавр ел-Удајд, област која е прототип за актуелен конфликт.

Политички систем уреди

Претседателството и Премиерството на Обединетите Арапски Емирати наследно од родот (кланот) ел-Нахјан на Абу Даби и родот ел-Мактум од Дубаи. Врховното собрание,тоа го сочинуваат 7 емирати, Се бира и Совет на министри додека еден член е именуван од 40 членови. Тука е и сојузниот судски систем на сите емирати, освен Рас ел-Хајма кој е зачленет во сојузниот систем. Шеикот Зајед ел-Султан ел-Нахјан бил претседател на унијата сè до 2 ноември 2004 г, односно до неговата смрт. Врховното собрание го назначи за претседател Халифа бин Зајед ел-Нахјанм сино на Зајед бин Султан. Опати (2008) ги опишуива владините политичари во ОАЕ како една елитна класа на кралски владетели кои ги донесуваат сите одлуки во земјата во поглед на политиката и економијата во која се спроведува сè посовремена бирократија.

Административна поделба уреди

 
Карта на емиратите во ОАР
 
Помалите емирати североисточно од Абу Даби

ОАР се состои од седум емирати. Најнаселен е Абу Даби, со 38% од земјата. Во градот Дубаи живеат уште 30% од жителите, што значи дека во овие две подрачја живеат над две третини од населението.

Знаме Емират Админ. центар Население[6] % од вкуп.
население
Површина
(км2)[6]
% од вкуп.
површина
Густина
  Абу Даби Абу Даби 1.548.655 31.2% 67.340 86,7% 25
  Аџман Аџман 372.923 7,5% 259 0,3% 996
  Дубаи Дубаи 1.770.533 35,6% 3.885 5,0% 336
  Фуџејра Фуџејра 137.940 2,9% 1.165 1,5% 109
  Рас ел-Хајма Рас ел-Хајма 171.903 3,4% 1.684 2,2% 122
  Шарџа Шарџа 895.252 18,0% 2.590 3,3% 262
  Ум ел-Кајвајн Ум ел-Кајвајн 69.936 1,4% 777 0,9% 88
  ОАР Абу Даби 4.967.142 100% 77.700 100% 56

Стопанство уреди

Соединетите арапски емирати имаат рапидно растечка економија и високи стандарди. По економско производство е 14 место во светот и трето на Блискиот Исток по Катар и Кувајт. Има повеќе различни проценувања на растењето на економското производство во ОАЕ. Како и да е, сите статистики покажуваат дека ОАР моментално има една од најбрзорастечките економии во светот. Според скорешен извештај на министерството за финансии, економскита трговија се покачила за 35% во 2006 година на 175 милијарди долари, во споредба со 130 милијарди во 2005 година. Иако ОАЕ стануваат сè помалку зависни на природните ресурси за развој на економијата, извозот на нафтата и земен гас сѐ уште игра важна улога во економијата. Огромниот градежен расцут и сè поголемата производна основа останати услуви им на помагаат ОАЕ да ја пренасочи својата економија. Во земјата моментално има вложени 350 милијарди долари во активни градежни проекти. Едни од тие проекти се Бурџ Халифа, Дубајскиот аеродром и Палмините Острови - најголеми уметнички вештачки острови во светот. Потоа следуваат, „Дубај Мол“, кој претставува најголемиот трговски центар на светот, и рачно направениот архипелаг наречен „Свет“, предвиден да ја прошири брзорастечката туристичка дејност. Во забавниот сектор игра улога „Дубаиленд“, двојно поголем од Дизниленд, Спортскиот град - Дубаи кој вдомува спортски групи, со можност и за приредување на олимпијада.

Демографија уреди

 
Најголеми градови во Обединетите Арапски Емирати
2019 Calculation
Бр. Емират Нас.
 
Дубаи
 
Абу Даби
1 Дубаи Дубаи 3,297,980  
Шарџа
 
Ел Аин
2 Абу Даби Абу Даби 1,807,000
3 Шарџа Шарџа 1,274,749
4 Ел Аин Абу Даби 766,936
5 Аџман Аџман 226,172
6 Рас ел Хајма Рас ел Хајма 115,949
7 Фуџаира Фуџаира 97,226
8 Ум ал-Куваин Ум ал-Куваин 61,700
9 Хор Факан Шарџа 39,151
10 Калба Шарџа 37,545

Религија уреди

Верници во Обединети Арапски Емирати
Муслимани
  
76 %
Католици
  
10 %
Протестанти
  
3 %
Други
  
11 %

Култура уреди

Наводи уреди

  1. „Населението на ОАЕ достигна 6 милиони, од кои Емираќаните сочинуваат 16,5%“. Arabianbusiness.com. 7 октомври 2009. Посетено на 16 август 2011. (англиски)
  2. „[[Светска книга на факти]]“. ЦИА. Архивирано од изворникот на 2019-01-04. Посетено на 22 јануари 2013. URL–wikilink conflict (help) (англиски)
  3. „Национална статистичка служба на ОАР“ (PDF). Архивирано од изворникот (PDF) на 2013-10-08. Посетено на 22 јануари 2013. (англиски)
  4. 4,0 4,1 4,2 4,3 „Обединети Арапски Емирати“. ММФ. Посетено на 22 април 2012. (англиски)
  5. „2014 Human Development Report Summary“ (PDF). United Nations Development Programme. 2014. стр. 21–25. Посетено на 27 јули 2014.
  6. 6,0 6,1 „Попис 2008“. Министерство за економија и планирање на ОАР. 2008. Посетено на 18 јуни 2012. (англиски)

Надворешни врски уреди

Поврзано уреди