ОУ „Св. Кирил и Методиј“ - Битола

основно училиште во Македонија

„Св. Кирил и Методиј“основно училиште во Битола, Општина Битола[2]. Основната дејност на училиштето е воспитание и образование на ученици од 6 до 16 годишна возраст.

„Св. Кирил и Методиј“

Место
Општина: Битола
Нас. место: Битола
Адреса: Булевар 1-ви Мај бб
Местоположба

Карта

Основни информации
Директор: Лили Бошевска
Настава на: македонски
Контактни информации
Мреж. место http://oukimbt.webs.com
Св. Кирил и Методиј
Карта
Општи податоци
Статусво функција
Виддвокатна зграда
ГрадБитола, Општина Битола
ЗемјаМакедонија
Координати41°1′50.35″N 21°20′11.73″E / 41.0306528° СГШ; 21.3365917° ИГД / 41.0306528; 21.3365917
Сегашни станариОУ „Св. Кирил и Методиј“
Почната1896
Завршена1897
Трошок за изградба1.750 турски лири.[1]
НарачателЕгзархиска општина

Местоположба уреди

Основното училиште „Св. Кирил и Методиј“ - Битола е сместено во центарот на градот Битола, а во негов состав работи и подрачното училиште во с. Логоварди.

Историја уреди

Објектот во кој е сместено Основното училиште „Св. Кирил и Методиј“ - Битола е изградено за време на турското ропство за потребите на занаетчиите еснафи. Изградено е со доброволна работа на македонското население и парични средства на 36 еснафи од Битола.

На 21 јули 1896 година, на местото на „Женското четирикласно училиште“ кое било во непосредна близина на црквата „Св. Богородица“, се положиле темелите на училиштето. Истото требало да биде долго 29,40 м, широко 18,60 и високо 11,70 метри и да има 16 светли и функционални училници. Осветувањето на објектот се случило на 7 септември 1897 година кое го извршил отец Герасим. Објектот чинел 1.750 турски лири.[1]

Еден од учителите во тоа време бил истакнатиот деец и револуционер Даме Груев, а во годините 1900/01 како учител овде работел и творел познатиот македонски револуционер Ѓорѓи Сугарев. Во втората половина на месец ноември 1944 годинаво училиштето започнал курс за обука на македонски учители и на 04.02.1944 година започнала наставата на македонски јазик.

Учество на натпревари уреди

Освоени награди уреди

Во досегашнатаработа училиштето има постигнато видни резултати за што има добиено голем број награди и признанија меѓу кои и највисоката Републичка награда: „Климент Охридски“ од Републичкиот комитет за образование, наука и спорт - Скопје, како и наградата „4ти Ноември“ од Советот на град Битола

Познати личности кои учеле во ова училиште уреди

Познати личности кои предавале во ова училиште уреди

Наводи уреди

  1. 1,0 1,1 Стерјовски, Александар (2020). Градби Битола. Битола: Конзулат на Република Србија во Република Македонија. стр. 374–376. ISBN 978-608-65122-8-6. |access-date= бара |url= (help)
  2. „Регистар на основни училишта“. data.gov.mk. Посетено на 30.01.2021. Проверете ги датумските вредности во: |access-date= (help)

Надворешни врски уреди