Нојграбен-Фишбек е кварт на Хамбург, Германија, кој припаѓа на округот Харбург. Квартот се состои од старите населби Нојграбен и Фишбек и неодамна изградената зона Нојвидентал.

Нојграбен-Фишбек
кварт во Хамбург
Нојграбен-Фишбек во рамките на Германија
Нојграбен-Фишбек
Управа
Земја Германија
Покраина Хамбург
Град Хамбург
Реон Харбург (Хамбург)
Основни податоци
Површина 23 км2
Население 27.103  (31 декември 2006)
 - Густина 1.178 жит/км2
Други информации
Часовен појас CET/CEST (UTC+1/+2)
Рег. табл. HH
Повик. бр. 040
Местоположбата на Нојграбен-Фишбек во Хамбург
Карта
Карта
Координати 53°29′0″N 9°52′0″E / 53.48333° СГШ; 9.86667° ИГД / 53.48333; 9.86667

Историја уреди

 
Меморијален камен за основањето на Фишбек во 1544

Историја на Фишбек уреди

Фишбек бил првпат споменат во 1544 како Vischbecke. Во 1937, независното село Фишбек било припоено кон Хамбург[1].

Историја на Нојграбен уреди

 
Меморијален знак „Истребување преку работа“ на бирото на квартот во Нојграбен-Фишбек.

Во 1937, независното село Нојграбен било припоено кон Хамбург[1].

Подкамп Нојграбен уреди

Во Нојграбен се наоѓал подкамп на нацистистичкиот концентрационен логор Нојенгаме.[2] На 13 септември 1944, бил отворен женски подкамп во Фалкенбергвег. 500 чешко-еврејски жени, кои дошле од Гето Терезинштат биле депортирани од Аушвиц. SS во Аушвиц ги избирал жените за работа во Хамбург. Во кампот Нојграбен, работата била градба на помошни домови, исто така цевки за водоснабдување и градење на улици во населбата Фалкенбергзидлунг. Во текот на последните месеци на Втората светска војна некои од жените морале да работата во нафтената индустрија Харбург и да копаат противтенковски пречки во Хамбург-Хаусбрух. Во февруари 1945, СС ги пренел жените во кампот Хамбург-Тифстак, а подоцна оттаму во Берген-Белзен.[3]

Географија уреди

Нојграбен-Фишбек е југоисточно од квартот Нојенфелде, на североисток е Франкоп, на исток е квартот Хаусбрух. На југ е округот Харбург во германскаа покраина Долна Саксонија. Голем дел од квартот е природен резерват Harburger Berge (Харбуршки ридови) во јужниот дел. Нојграбен-Фишбек е мешавина на рурална и субурбана површина од 22,5 км2.

Во Нојграбен-Фишбек е највисоката точка на Хамбург, Хаселбрак, која достигнува 116,2 метри надморска височина[4]

Демографија уреди

Во 2006, во квартот Нојграбен-Фишбек живееле 27.103 луѓе. Густината на население била 1.204 жители на еден километар квадратен. 19% биле деца под 18, а 21,4% имале 65 години или повеќе. Странски жители биле 10,1% од населението. 1.644 луѓе биле регистрирани како невработени.[5]

Во 1999, имало 12.170 домаќинства, од кои 27,9% имале деца под 18, кои живееле со нив и 30,5% од сите домаќинства биле сочинети само од еден член. Просечната големина на домаќинството била 2,31.[6]

Население по години[5]

1987 1988 1989 1990 1991 1992 1993 1994 1995 1996 1997 1998 1999
25.603 25.794 26.228 26.384 26.505 26.643 26.643 27.415 27.381 27.630 27.589 27.657 27.753
2000 2001 2002 2003 2004 2005 2006
27.685 27.601 27.453 27.599 27.377 27.218 27.103

Инфраструктура уреди

Сообраќај уреди

Нојграбен-Фишбек е опслужуван од системот на надземната железница на градските возови преку станиците Нојграбен и Фишбек.[7]

Поврзано уреди

Наводи уреди

  1. 1,0 1,1 Закон за голем Хамбург
  2. Кампот е запишан како број 560 Хамбург-Нојграбен во официјалниот германски список на концентрациони логори.
  3. Споменик Нојенгаме (на германски)
  4. Geologisches Landesamt Hamburg (Покраинско биро за геолошки работи на Хамбург)
  5. 5,0 5,1 Биро за регистрација на граѓаните, Извор: Статистичко биро за Хамбург и Шлезвиг-Холштајн (2006)
  6. Извор: Статистичко биро за Хамбург и Шлезвиг-Холштајн (1999)
  7. Биро (2009-10-09), Надземна железница/Регионална железница (План на мрежата, pdf) (PDF), Hamburger Verkehrsverbund, Посетено на 2009-02-07

Надворешни врски уреди