Нојверк (герм. Neuwerk) — остров во Ваденското Море на германскиот северен брег и истоимен кварт на градот Хамбург, Германија, во округот Хамбург-Мите. Се наоѓа северозападно од Куксхафен, помеѓу делтите на Везер и Елба, оддалеченоста од центарот на Хамбург е 120 километри. Зафаќа површина од 3 км2 и има 39 жители.

Нојверк
Нојверк
Географија
МестоСеверно Море, Устие на Елба
Површина3 км2
Управување
Германија
ПокраинаХамбург
ОкругХамбург-Мите
Демографија
Население39 ((2007-12-31))
Густина13 /km2 (34 /sq mi)

Во текот на ниска плима на островото може да се стигне пешки или со коњ од Куксхафен, во други времиња со брод.

Помалите острови Шархерн и Нигехерн близу Нојверк се резервати за птици, затворени за јавноста. Сите три острови и Ваденското Море околу нив, го создаваат Национален парк Ваденско Море (Хамбург).

Историја уреди

 
Светилник во Нојверк од 1369 година
 
Во оваа воздушна слика на Национален парк Ваденско Море (Хамбург), островот Нојверк е само малку над средината. Подолу, се наоѓаат Шархерн и Нигехерн.

Најстариот постоечки документ, во кој е спомнат Нојверк е фризиски договор од 1316, каде неговото старо име Nige O е користено.

Откако, реката Елба била витална за членот на Ханзата — Хамбург, во 1299 35-метри висока кула била изградена како светилник и заштита против пиратите. Светилникот постои и денес, бил изграден помеѓу 1367 и 1369 по пожарот, кој го уништил минатиот. Таа е најстарата постоечка зграда во Хамбург, како и дел од последното утврдување на Хамбург.

Поради Законот за поголем Хамбург, Нојверк станал дел од Прусија во 1937 и така по Втората светска војна бил даден на новата покраина Долна Саксонија. Во 1969, Хамбург г поништил постарите права на пристаништен имот во Куксхафен во корист на Нојверк и Шархерн.[1]

Во раниот 20 век, туризмот станал важен за Нојверк.

Демографија уреди

На 31 декември 2007, квартот Нојверк имал 39 жители, 26 жени и 13 мажи. 11 жители биле странци.[2]

Поврзано уреди

Наводи уреди

  1. Закон за договор со покраината Долна Саксонија... [1][мртва врска] (на германски)
  2. Статистички извештај A I 1 - j/07 H (PDF) (германски), Статистичко биро за Хамбург и Шлезвиг-Холштајн, 2008-09-11, Посетено на 2009-10-31

Надворешни врски уреди

53°55′N 8°30′E / 53.917° СГШ; 8.500° ИГД / 53.917; 8.500