Нордхаузен (округ)

округ во Германија

Нордхаузен (германски: Nordhausen) — округ во северниот дел на покраината Тирингија, Германија. Соседни окрузи се (од север надесно) Харц и Мансфелд-Јужен Харц во Саксонија-Анхалт, окрузите Кифхојзер, Ајхсфелд во Тирингија и окрузите Остероде и Гослар во Долна Саксонија.

Нордхаузен
Kreis Nordhausen

округ
Грб на Нордхаузен Kreis Nordhausen
Земја Германија
ПокраинаТирингија
СедиштеНордхаузен
Површина
 • Вкупна713,92 км2 (27,565 ми2)
Население (31 декември 2020)[1]
 • Вкупно82.456
 • Густина1,2/км2 (3,0/ми2)
Часовен појасCET (UTC+1)
 • Лете (ЛСВ)CEST (UTC+2)
Рег. таб.NDH
Мреж. местоwww.landratsamt-nordhausen.de

Историја уреди

Округот бил создаден во 1815 година, кога пруската покраина Саксонија била создадена. Областа Лора-Клетенберг (поранешниот војводски округ Хонштајн) и поранешниот слободен царски град Нордхаузен биле заедно администрирани. Во 1882/83 градот Нордхаузен го напуштил округот, кое довело до преименување на округот во „Грофовија Хоенштајн“ (Kreis Grafschaft Hohenstein) во 1888 година. По Втората светска војна, округот бил повторно преименуван во Нордхаузен (Landkreis Nordhausen), а во 1950 година градот Нордхаузен повторно се приклучил на округот. Со административната реформа во 1952 година, неколку општини го напуштиле округот, додека пак некои општини биле додадени на округот.

Географија уреди

Округот се наоѓа на јужните падини на планините Харц. Највисока точка е Гросе Еренберг (Große Ehrenberg) со височина од 635,3 метри надморска височина. Главна река во округот е Цорге. На југ се наоѓаат ридските масиви Дин, Хајнлајте и Виндлајте.

Грб уреди

  Црвено-сребрената шаховница на грбот потекнува од грбот на грофовијата Хоенштајн, историска територија во областа на округот. Стеблото на дрвото го претставува уништувањето на градот Нордхаузен во текот на Втората светска војна, додека новото дрво кое расте во златниот дел ја претставува обновата на градот и светланата иднина.

Градови и општини уреди

Слободни градови Слободни општини
  1. Блајхероде
  2. Елрих
  3. Херинген
  4. Нордхаузен
  1. Герсбах
  2. Грослора
  3. Харцтор
  4. Хоенштајн
  5. Кемштет
  6. Клајнфура
  1. Липрехтероде
  2. Нидергебра
  3. Золштет
  4. Урбах
  5. Вертер

Наводи уреди

  1. „Население по општини, надлежни општини и општински заедници во Тирингија“. Статистичка служба на Тирингија. јуни 2021. (германски)

Надворешни врски уреди

Координати: 51°30′ N; 10°45′ E / 51.5° СГШ; 10.75° ИГД / 51.5; 10.75