Нов Дојран

село во Општина Дојран
За други значења на поимот Дојран, видете на појаснителната страница

Нов Дојран — село во Општина Дојран, на брегот на Дојранското Езеро.

Нов Дојран
Нов Дојран во рамките на Македонија
Нов Дојран
Местоположба на Нов Дојран во Македонија
Нов Дојран на карта

Карта

Координати 41°13′14″N 22°42′18″E / 41.22056° СГШ; 22.70500° ИГД / 41.22056; 22.70500Координати: 41°13′14″N 22°42′18″E / 41.22056° СГШ; 22.70500° ИГД / 41.22056; 22.70500
Општина Дојран
Население 997 жит.
(поп. 2021)[1]

Пошт. бр. 1485
Шифра на КО 06019, 06519
Нов Дојран на општинската карта

Атарот на Нов Дојран во рамките на општината
Нов Дојран на Ризницата

Географија и местоположба уреди

Нов Дојран се наоѓа во југоисточниот дел на Македонија, на западниот брег на Дојранското Езеро, оддалечен 2,5 километри северно од општинскиот центар Стар Дојран, 18 километри југоисточно од Валандово, 15 километри источно од Богданци и 25 километри источно од Гевгелија.

Историја уреди

Вкупно 6 жители на оваа населба се заведени како жртви во Втората светска војна.[2]

Стопанство уреди

Население уреди

Население во минатото
ГодинаНас.±%
19481.083—    
1953941−13.1%
19611.116+18.6%
19711.033−7.4%
19811.035+0.2%
ГодинаНас.±%
19911.173+13.3%
19941.199+2.2%
20021.100−8.3%
2021997−9.4%

Според германска карта издадена во 1941 година, а заснована на пописот на Кралството Југославија од 1931 година, селото имало 700 Македонци.[3]

Според пописот на населението на Македонија од 2002 година, селото има 1.100 жители и претставува најголемото населено место во општината. Во него имало 1.023 Македонци, 11 Албанци, 23 Турци, 14 Роми, 27 Срби, 1 Бошњак и 1 останат.[4]

Според последниот попис од 2021 година, во селото живееле 997 жители, од кои 935 Македонци, 10 Турци, 10 Срби, 3 останати и 39 лица без податоци.[5]

Во табелата во продолжение е направен преглед на населението во сите пописни години:

Година 1900 1905 1948 1953 1961 1971 1981 1991 1994 2002 2021
Население 1.083 941 1.116 1.033 1.035 1.173 1.199 1.100 997
Извор за 1900 г.: Македонија. Етнографија и статистика.[6]; за 1905 г.: La Macédoine et sa Population Chrétienne.[7]; за 1948-2002 г.: Државен завод за статистика на РМ.[8]; за 2021 г.: Државен завод за статистика на РМ.[9]

Општествени установи уреди

Во Нов Дојран постои централното основно училиште „Кочо Рацин“, коешто е единственото училиште со деветгодишно образование во општината.

Самоуправа и политика уреди

Избирачко место уреди

Во селото постојат избирачките места бр. 383 и 384 според Државната изборна комисија, сместени во основното училиште и месна заедница.[10]

На претседателските избори во 2019 година, на овие избирачки места биле запишани вкупно 886 гласачи.[11]

Културни и природни знаменитости уреди

Редовни настани уреди

Личности уреди

Култура и спорт уреди

Црква „Свети Ѓорѓи“

Иселеништво уреди

Наводи уреди

  1. „Пописна слика на населените места во Македонија, Попис 2021“. Државен завод за статистика. Посетено на 22 декември 2022.
  2. „Попис на жртвите од војната 1941-1945, СР Македонија“ (PDF).
  3. „200K Volkstumskarte Jugoslawien“.
  4. Попис на населението, домаќинствата и становите во Република Македонија, 2002 - Книга X
  5. „Оваа категорија опфаќа лица коишто учествуваат во вкупното резидентно население, но поради нивно одбивање да бидат попишани, неможност да бидат најдени на својата адреса на живеење и непотполност во работата на попишувачите не биле официјално попишани, туку за нив податоците биле преземени од административни извори и затоа не учествуваат во изјаснувањето за етничка припадност, вероисповед и мајчин јазик (Прочитајте повеќе...).“
  6. К’нчов, Васил. „Македонија. Етнографија и статистика“. Софија, 1900
  7. Brancoff, D.M. „La Macédoine et sa Population Chrétienne“. Paris, 1905.
  8. „Население по возраст и по пол, по населени места, според пописите спроведени во Република Македонија по Втората светска војна“. Државен завод за статистика.
  9. „Вкупно резидентно население на Република Северна Македонија според етничката припадност, по населени места, Попис, 2021“. Државен завод за статистика.
  10. „Описи на ИМ“. Архивирано од изворникот на 2023-08-17. Посетено на 21 декември 2019.
  11. „Претседателски избори 2019“. Посетено на 21 декември 2019.
  12. Со специјалитети од риба почна туристичката сезона во Дојран

Надворешни врски уреди