Ново Село (Радовишко)

село во Општина Радовиш, Македонија

Ново Село (порано и Витибор) — раселено село во Општина Радовиш, во областа Радовишки Шоплук, во околината на градот Радовиш.[2]

Ново Село

Куќи во селото

Ново Село во рамките на Македонија
Ново Село
Местоположба на Ново Село во Македонија
Ново Село на карта

Карта

Координати 41°43′29″N 22°34′33″E / 41.72472° СГШ; 22.57583° ИГД / 41.72472; 22.57583
Регион  Југоисточен
Општина  Радовиш
Област Радовишки Шоплук
Население 0 жит.
(поп. 2021)[1]

Пошт. бр. 2420
Повик. бр. 032
Шифра на КО 22030
Надм. вис. 1060 м
Ново Село на општинската карта

Атарот на Ново Село во рамките на општината
Ново Село на Ризницата

Потекло и значење на името уреди

 
Поглед на селото

Името на селото првпат се сретнува во историските документи како Ново Село (или Дели Орман) во XVI век (1519 г.). Во подоцнежниот период се користело и името Витибор. Неговото значење е едноставно, од придавско-именскиот состав на ново и село.[3]

Географија и местоположба уреди

Селото се наоѓа во крајниот северен дел на територијата на Општина Радовиш, чиј атар се издига до сртот на планината Плачковица, каде што се допира со подрачјето на Општина Виница.[4] Селото е планинско, сместено на надморска височина од 1.060 метри.[4] Селото се наоѓа северно од градот Радовиш.

До селото води земјен пат, кој започнува од селото Смиланци.

Стопанство уреди

Атарот на селото е релативно голем и зафаќа простор од 24,3 км2.[4]

Население уреди

Население во минатото
ГодинаНас.±%
1948243—    
1953284+16.9%
196171−75.0%
19717−90.1%
19810−100.0%
ГодинаНас.±%
199100.00%
199400.00%
200200.00%
202100.00%

Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) во 1900 г. Ново Село (Вити Бор) имало 80 жители, сите Македонци христијани.[5][6]

На почетокот на XX век мнозинството од жителите на селото потпаднале под врховенството на Бугарската егзархија. По податоци на егзархискиот секретар Димитар Мишев („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) во 1905 г. во Витибор (Vitibor) имало 88 Македонци под егзархијата.[7]

Според германска карта издадена во 1941 година, а заснована на пописот на Кралството Југославија од 1931 година, селото имало 200 Македонци.[8]

Ново Село значајно нараснало во првите децении на XX век и продолжило да расте и по Втората светска војна. Меѓутоа, во 1950-тите дошло до стрмен пад на населението, кој продолжил и во следната деценија, за да се сведе на 7 жители во 1971 година а потоа и сосема да се испразни.[4]

Според пописот од 2002 година, Ново Село немало ниеден жител.[9] Истото било потврдено и на пописот од 2021 година.

Во табелата во продолжение е направен преглед на населението во сите пописни години:

Година 1900 1905 1948 1953 1961 1971 1981 1991 1994 2002 2021
Население 80 88 243 284 71 7 0 0 0 0 0
Извор за 1900 г.: Македонија. Етнографија и статистика.[10]; за 1905 г.: La Macédoine et sa Population Chrétienne.[11]; за 1948-2002 г.: Државен завод за статистика на РМ.[12]; за 2021 г.: Државен завод за статистика на РМ.[13]


Самоуправа и политика уреди

Во XIX век, Ново Село било село во Радовишката каза на Отоманското Царство.

Селото влегува во рамките на Општина Радовиш, која била проширена по новата територијална поделба на Македонија во 2004 година со Општина Подареш. Во периодот од 1996-2004 година, селото било исто така во рамките на Општина Радовиш.

Во периодот од 1955 до 1996 година, селото се наоѓало во рамките на големата општина Радовиш.

Во периодот 1952-1955, селото било дел од тогашната Општина Подареш, во која покрај селото Ново Село, се наоѓале и селата Дурутлија, Јаргулица, Калуѓерица, Ораовица, Папавница, Подареш, Покрајчево, Саригон, Смиланци, Ќоселија и Худаверлија. Во периодот 1950-1952, селото било дел од некогашната Општина Смиланци, во која влегувале селата Ново Село, Смиланци и Шаинташ.

Избирачко место уреди

Селото е опфатено во избирачкото место бр. 1606 според Државната изборна комисија, сместено во просториите на месната заедница на селото Козбунар.[14]

На претседателските избори во 2019 година, на ова избирачко место биле запишани вкупно 8 гласачи.[15] На локалните избори во 2021 година, на ова избирачко место биле запишани вкупно 6 гласачи.[16]

Културни и природни знаменитости уреди

Цркви


Галерија уреди

Наводи уреди

  1. „Пописна слика на населените места во Македонија, Попис 2021“. Државен завод за статистика. Посетено на 22 декември 2022.
  2. Атанасов, Зоранчо (2011). Инфраструктурни одлики на населените места во општините Радовиш и Конче (PDF). стр. 65–77. Посетено на 16 јануари 2022.
  3. Иванова, Олга (2014). Речник на имињата на населените места во Р Македонија : (Б,Ѓ,Е,Ј,Н,Р,Т,Ќ,У,Ф,Х,Џ,Ш). Скопје: Институт за македонски јазик „Крсте Мисирков“. стр. 122. ISBN 978-608-220-026-2.
  4. 4,0 4,1 4,2 4,3 Панов, Митко (1998). Енциклопедија на селата во Република Македонија (PDF). Скопје: Патрија. стр. 214. Посетено на 18 јануари 2022.
  5. Како што е општопознато, Македонците во бугарските извори се присвојуваат и водат како Бугари, и покрај признанието дека самите се изјаснувале како Македонци.
  6. Кѫнчовъ, Василъ (1900). Македония. Етнография и статистика. София: Българското книжовно дружество. стр. 234. ISBN 954430424X.
  7. Brancoff, D.M. "La Macédoine et sa Population Chrétienne". Paris, 1905, pp. 138-139.
  8. „200K Volkstumskarte Jugoslawien“.
  9. „Попис на Македонија“ (PDF). Завод за статистика на Македонија. 2002. Посетено на 9 јануари 2022.
  10. К’нчов, Васил. „Македонија. Етнографија и статистика“. Софија, 1900
  11. Brancoff, D.M. „La Macédoine et sa Population Chrétienne“. Paris, 1905.
  12. „Население по возраст и по пол, по населени места, според пописите спроведени во Република Македонија по Втората светска војна“. Државен завод за статистика.
  13. „Вкупно резидентно население на Република Северна Македонија според етничката припадност, по населени места, Попис, 2021“. Државен завод за статистика.
  14. „Описи на ИМ“. Архивирано од изворникот на 2023-08-17. Посетено на 29 декември 2019.
  15. „Претседателски избори 2019“. Посетено на 29 декември 2019.
  16. „Локални избори 2021“. Посетено на 17 јануари 2022.

Поврзано уреди

Надворешни врски уреди