Нова Македонка било двојазично месечно списание, орган на Антифашистичкиот фронт на жените Македонки во Грција, на македонски и на грчки јазик. Главен уредник била Уранија Алиломова (мом. Раковска). Имало цел да го афирмира учеството на жените во Граѓанската војна во Грција. Се издавал во периодот од 1 март 1948 до август 1949 година[1].

Број на „Нова Македонка“

Наводи уреди

  1. Д-р Боро Мокров - М-р Томе Груевски, Преглед на македонскиот печат (1885 - 1992), Скопје, 1993, 147-148