Нова Британија

остров во Бизмарковиот Архипелаг, Папуа Нова Гвинеја

Нова Британија (англиски: New Britain, застарено германски: Neupommern ) е меланезиски остров во Папуа Нова Гвинеја. Ова е најголемиот остров во Бизмарковиот архипелаг, кој до 1885 година се нарекувал Нов Британски Архипелаг.

Нова Британија
Нова Британија гледана од вселената, јуни 2005.
Географија
Координати5°44′S 150°44′E / 5.733° ЈГШ; 150.733° ИГД / -5.733; 150.733
АрхипелагБизмарков Архипелаг
Површина36.520 км2[1]
Подреденост по површина38-ми
Должина520 км
Ширина146 км
Највисоко издигнување2,334 м
Највисока точкаУлавун
Управување
ПровинцииЗападна Нова Британија, Источна Нова Британија
Демографија
Население513,926 (2011)
Густина14,07 /km2 (3.644 /sq mi)
Етнички групиПапуанци and Австронезијанци

Географија уреди

 
Поглед на Нова Британија од вселената

Површината на островот изнесува 35.144,6 km² [2], и таму живеат околу 500 илјади жители (2011). Неговата должина е 600 километри, а максималната ширина е 80 километри. Од 1966 година, Нова Британија е поделена на две административни единици - провинциите Источна Нова Британија и Западна Нова Британија. Источната провинција е помала по површина од западната, но е понаселена и со поголема важност.

Административен центар на Западна Нова Британија е градот Кимбе, а на Источна Нова Британија пред ерупцијата на вулканот Тавурвур во 1994 година бил градот Рабаул. Повеќето од жителите на градот побегнале и се населиле во градот Кокопо, кој подоцна станал административен центар, во одредена мера поради неговата побезбедна местоположба.

Долж островот се протега планински венец, со највисок врв на вулканот Синевит (2438 m). Островот е претежно покриен со тропска шума.

Дампировиот Проток ја одвојува Нова Британија од островот Умбои, а Протокот Свети Георги од островот Нова Ирска.

Историја уреди

Нова Британија била откриена дури во 1700 година од британскиот морепловец Вилијам Дампир. Од 1885 до 1899 година, островот бил во сопственост на Германската новогвинејска компанија и бил наречен Нова Померанија (Neupommern). Од 1899 до 1914 година, островот бил дел од колонијата на Германска Нова Гвинеја. Во овој период, на островот индустриски се одгледувал памук. Во 1914 година, Нова Британија била освоена од австралиските сили, а по завршувањето на Првата светска војна, Австралија управувала со островот со мандат од Лигата на народите.

За време на Втората светска војна, островот бил окупиран од трупите на Јапонската империја, кои победиле во битката кај Рабаул во 1942 година. Американците успеаја да се искрцаат на северозападниот дел од островот (Операција Умешност - Operation Dexterity), како и на 'ртот Меркус на југозапад. Сепак, до самиот крај на војната не успеале да го освојат тогашниот главен град Рабаул, а бил предаден на Американците дури по официјалната јапонска капитулација.

Население уреди

Нова Британија најпрво била населена од Папуанците. Потоа тука се населиле и доселеници од Меланезија. Најбројна етничка група е народот Толај. Народот Бајнинг , кој живее во планинските предели, е по малку прочуен поради нивниот ритуал „огнен танц“ и украсите на пенисот. Освен нив, на островот живеат и народите Киленге, Сулка и Лакалаи. Во Нова Британија се зборуваат австронезиски и папуански јазици.

Наводи уреди

  1. ISLANDS BY LAND AREA
  2. United Nations Environment Program, "Islands by land area: New Britain Архивирано на 13 јули 2012 г.," islands.unep.ch (1988).