Ничпур

село во Општина Маврово и Ростуше

Ничпур — село во Општина Маврово и Ростуше, во областа Горна Река.

Ничпур

Панорама на селото

Ничпур во рамките на Македонија
Ничпур
Местоположба на Ничпур во Македонија
Ничпур на карта

Карта

Координати 41°44′38″N 20°40′24″E / 41.74389° СГШ; 20.67333° ИГД / 41.74389; 20.67333Координати: 41°44′38″N 20°40′24″E / 41.74389° СГШ; 20.67333° ИГД / 41.74389; 20.67333
Регион  Полошки
Општина  Маврово и Ростуше
Област Горна Река
Население 5 жит.
(поп. 2021)[1]

Пошт. бр. 1256
Повик. бр. 042
Шифра на КО 07056
Надм. вис. 1150 м
Слава Атанасовден
Ничпур на општинската карта

Атарот на Ничпур во рамките на општината
Ничпур на Ризницата

Потекло на името уреди

Селото најпрвин запишано како Ничпур се сретнува во 1583 година во турски документи. Потеклото на името веројатно доаѓа од личното име Никифор.[2]

Географија и местоположба уреди

 
Поглед на селото

Ова село се наоѓа во областа Горна Река, во северниот дел на територијата на Општина Маврово и Ростуше. Сместено е во горното сливно подрачје на Радика.[3] Селото е планинско и е сместено доста високо на 1.150 метри надморска височина.[3]

Ничпур се наоѓа на десниот брег на реката Радика. Над селото се наоѓаат шуми, додека под него се наоѓаат одредени обработливи површини.[4]

Во атарот на селото се сретнуваат следниве месности: Шуло (Присој), Дарда Маде, Гури Горид, Мула Амбл, Крој Фтоет, Гржумпе, Прој Панес, Ра Алијис, Ра Иванит, Ура, Дубовас, Крој Веринит, Ломба Недељку, Крој Смилевиц, Гури Ќафт, Фушија, Топлец, Градец, Ливади Коџес, Гури Стомит, Ливади Мирчит, Гури Врчакут, Леништа, Брегу Ресад, Вора, Ѓурчинит, Брег Ботес, Гури Шушес, Кумла е Редити, Драбиск, Гури Кофилит, Гури Куш (Црвен Камен), Ара Љацит, Крој Кусарет, Гури Џутет, Крој, Елинакет, Круш Крој, Печит и Ворете Мла (Стари Гробишта).[4]

Под селото се наоѓа Радичев Мост.[4]

До 1912 година, во селото постоеле маалата Дарда Маде, Крој Фтојет, Мула Хумбел и Кула е Рендити. Некогаш, селото имало разбиен тип и едно маало се наоѓало дури и на левиот брег на реката.[4]

Историја уреди

Во XIX век, Ничпур било село во Реканската каза на Отоманското Царство.

Пред Балканските војни во 1912 година, селото имало околу 200 домови. Многу муслимани се иселиле во 1918 година во Мала Азија, додека христијаните во Гостивар и во Скопје.[4]

Селото во тоа време било од разбиен тип, а се собрало на едно место за полесна одбрана од арнаутските пљачкања.[4]

Само 1 жител на оваа населба е заведен како жртва во Втората светска војна.[5]

Стопанство уреди

Атарот на селото зафаќа простор од 12,8 км2. На него преовладуваат шумите на површина 1.153 хектари, на обработливото земјиште отпаѓаат 60 хектари, додека на пасиштата само 45 хектари.[3]

Селото, во основа, има шумарска функција.[3]

Население уреди

Население во минатото
ГодинаНас.±%
194848—    
195348+0.0%
196152+8.3%
197122−57.7%
198118−18.2%
ГодинаНас.±%
199119+5.6%
199416−15.8%
200213−18.8%
20215−61.5%

Во делото „Етнографија на вилаетите Адријанопол, Монастир и Салоника“ се вели дека во 1873 г. Ничпур било село со 60 домаќинства и 159 жители.[6]

Според податоците на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) од 1900 година, во Ничпур живееле 470 жители, сите Албанци, од кои 250 христијани и 220 муслимани.[7] По податоците на секретарот на Бугарската егзархија, Димитар Мишев („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) во 1905 година во Ничпур имало 192 жители.[8]

На Етнографската карта на Битолскиот Вилает од 1901 г. Ничпур се води како чисто албанско село од мешана (муслиманска и православна) вероисповед во Реканската каза на Дебарскиот санџак со 72 куќи.[9]

Според германска карта издадена во 1941 година, а заснована на пописот на Кралството Југославија од 1931 година, селото имало 100 Македонци и 50 Албанци.[10]

Селото е мало, доведено во фаза на раселување. Така, во 1961 година селото броело 52 жители, од кои 29 биле Албанци, а 22 Македонци. Во 1994 година, бројот се намалил на 16 жители, од кои 15 биле Албанци и 1 жител Македонец.[3]

Според пописот од 2002 година, во селото живееле 13 жители, од кои 1 Македонец и 12 Албанци.[11]

Според последниот попис од 2021 година, во селото живееле 5 жители, сите Албанци.

Низ годините ова било вкупното население и етничка припадност на населението во Ничпур:

Година Македонци Албанци Срби Ост. Вкупно
1948 48
1953 18 25 4 1 48
1961 22 29 1 0 52
1971 2 19 0 1 22
1981 5 13 0 0 18
1991 3 15 0 1 19
1994 1 15 0 0 16
2002 1 12 0 0 13
2021 0 5 0 0 5

* Извор: Државен завод за статистика на Република Македонија (1948-2021), според податоци од официјалните пописи во соодветните години

Родови уреди

Во Ничпур живеело мешано население, сите староседелци. Според записите на Томо Смилјаниќ - Брадина на почетокот на XX век во Нистрово живееле следниве родови:[4]

  • Пред 1920 година: Тет Мирес; Тет Колес; Абдулаит; Тет Струкут; Мирчет Исакут; Тет Имерит; Тет Велас; Тет Шаркут и Шандалар.
  • Околу 1920 година: Белас, Мирчит и Струкут (Смиле).

Самоуправа и политика уреди

Селото се наоѓа во рамките на новосоздадената Општина Маврово и Ростуше, која настанала со територијалната поделба на Македонија во 2004 година. Претходно селото припаѓало на поранешната Општина Маврови Анови, која со измените во Законот за територијална поделба на Македонија била припоена со Општина Ростуша, со што двете општини ја создале новата Општина Маврово и Ростуше, во која денес се наоѓа селото.

Во периодот од 1965 до 1996 година, селото се наоѓало во рамките на големата општина Гостивар, додека во периодот по војната од 1957 до 1965 година се наоѓала во некогашната општина Маврово. Во рамките на истата општина се наоѓало и во периодот 1955-1957.

Во периодот 1952-1955, селото било дел од Општина Трница, во која покрај Ничпур се наоѓале Беличица, Бибање, Богдево, Бродец, Волковија, Врбен, Грекање, Жужње, Кичиница, Кракорница, Нивиште, Нистрово, Рибница, Сенце и Тануше. Во периодот 1950-1952 година, селото било во рамките на Општина Кракорница, во која влегувале селата Богдево, Бродец, Кракорница и Ничпур.

Избирачко место уреди

Селото е опфатено во избирачкото место бр. 0479 според Државната изборна комисија, сместено во просториите на хидроцентрала „Маврово“ во селото Богдево. Во избирачкото место влегува и селото Кракорница.[12]

На претседателските избори во 2019 година, на ова избирачко место биле запишани вкупно 17 гласачи.[13]

Културни и природни знаменитости уреди

 
Главната селска црква „Св. Атанасиј“
Цркви[14]
Света вода

Редовни настани уреди

Слави[4]

Наводи уреди

  1. „Пописна слика на населените места во Македонија, Попис 2021“. Државен завод за статистика. Посетено на 22 декември 2022.
  2. Иванова, Олга (2014). Речник на имињата на населените места во Р. Македонија : (Б,Ѓ,Е,Ј,Н,Р,Т,Ќ,У,Ф,Х,Џ,Ш). Скопје: Институт за македонски јазик „Крсте Мисирков“. стр. 115. ISBN 978-608-220-026-2.
  3. 3,0 3,1 3,2 3,3 3,4 Панов, Митко (1998). Енциклопедија на селата во Република Македонија (PDF). Скопје: Патрија. стр. 209. Посетено на 2 мај 2020.
  4. 4,0 4,1 4,2 4,3 4,4 4,5 4,6 4,7 Смиљаниќ; Тома (1925). Mijaci, Gorna Reka i Mavrovsko Polje. Белград: Српска кралска академија. OCLC 28398861.
  5. „Попис на жртвите од војната 1941-1945, СР Македонија“ (PDF).
  6. „Македония и Одринско. Статистика на населението от 1873 г.“ Македонски научен институт, София, 1995, стр. 174-175.
  7. Васил К’нчов. „Македонија. Етнографија и статистика“. Софија, 1900, стр. 264.
  8. D.M.Brancoff. "La Macédoine et sa Population Chrétienne". Paris, 1905, р.184-185.
  9. Михајловски, Роберт, уред. (2017). Етнографска карта на Битолскиот вилает (PDF). Каламус. стр. 50.
  10. „200K Volkstumskarte Jugoslawien“.
  11. „Попис на Македонија“ (PDF). Завод за статистика на Македонија. 2002. Посетено на 2 мај 2020.
  12. „Описи на ИМ“. Архивирано од изворникот на 2023-08-17. Посетено на 2 мај 2020.
  13. „Претседателски избори 2019“. Посетено на 2 мај 2020.
  14. Јелена Павловска, Наташа Ниќифоровиќ и Огнен Коцевски (2011). Валентина Божиновска (уред.). Карта на верски објекти во Македонија. Менора - Скопје: Комисија за односи во верските заедници и религиозните групи. ISBN 978-608-65143-2-7.

Поврзано уреди

Надворешни врски уреди