Нирнбершки закони

Нирнбершки закони (германски: Nürnberger Gesetze) — антисемитски закони во Нацистичка Германија. Тие биле претставени на 15 септември 1935 година од страна на Рајхстагот на специјален состанок свикан на годишниот Нирнбершки собир на Нацистичката партија. Првиот закон се викал „Закон за заштита на германската крв и германската чест“, според закони се забранувало бракови и вонбрачни односи меѓу Евреите и Германците и вработување на германски жени под 45 години во еврејските домаќинства. Вториот закон се викал „Закон за државјанство на Рајхот, во кој се вели дека само оние со германска или сродна крв имаат право да бидат граѓани на Рајхот, додека останатите биле класифицирани како државни субјекти, без право на државјанство. На 14 ноември бил донесен дополнителен декрет во кој се навело дефиницијата за тоа кој бил Евреин. Законот бил проширен на 26 ноември 1935 година кога во спосокот освен Евреите биле додадени Ромите и Црнците. Оваа дополнителна уредба ги дефинирала Ромите како непријатели на државата и ги ставила во иста категорија како Евреите.

Наслов на германскиот владин весник Reichsgesetzblatt, кој ги објавува законите, објавен на 16 септември 1935 година

Поради загриженост за надворешната политика, обвиненијата според двата закона не започнале до Летните олимписки игри во 1936 година, што се одржале во Берлин. Откако Нацистите ја презеле власта во 1933 година, тие започнале да ги спроведуваат своите политики, кои вклучувале формирање на Фолксгемејншафт (германски: Volksgemeinschaft или во превод „народна заедница“) врз основа на расата. Канцеларот и фирерот Адолф Хитлер прогласил национален бојкот на еврејските бизниси на 1 април 1933 година, а Законот за враќање на професионалната државна служба, донесен на 7 април, ја исклучил неариевската класа од правната професија и државната служба. Книгите што се сметале за негермански, вклучувајќи ги и оние од еврејските автори, биле уништени. Еврејските граѓани биле малтретирани и подложени на насилни напади. Тие биле активно потиснати, им било одземено државјанството и граѓанските права, и на крај целосно биле отстранети од германското општество.

Нирнбершките закони имале сериозно економско и социјално влијание врз еврејската заедница. Лицата осудени за кршење на брачните закони биле затворени, а (по 8 март 1938 година) по завршувањето на казните повторно биле уапсени од Гестапо и испратени во нацистички концентрациони логори. Не-Евреите постепено престанале да се дружат со Евреите или да купуваат во продавници во сопственост на Евреите, од кои многумина биле затворени поради недостаток на клиенти. На Евреите повеќе не им било дозволено да работат во државните служби или професии регулирани од владата, како што се медицината и образованието. Емиграцијата била проблематична, бидејќи требало 90% од своето богатство требало да го остават во земјата како данок по напуштањето на земјата. До 1938 било невозможно за потенцијалните еврејски емигранти да најдат земја која сака да ги прифати. Шемите за масовна депортација, како што бил Мадагаскарскиот план, се покажал како невозможен за нацистите да го спроведат, а започнувајќи од средината на 1941 година, германската влада започнала масовни истребувања на Евреите од Европа.

Наводи уреди

Надворешни врски уреди

 
Викиизвор
Викиизворот на германски има изворна содржина поврзана со оваа статија: