Николо Бонифацио

италијански велосипедист

Николо Бонифацио (италијански: Niccolò Bonifazio; р. 9 октомври 1993) — италијански професионален друмски велосипедист, кој моментално вози за професионалната континентална екипа Тим ТоталЕнержи.[1]

Николо Бонифацио
Бонифацио на Гран при де Фурмје 2015
Лични податоци
Цело имеНиколо Бонифацио
Роден9 октомври 1993(1993-10-09)(30 г.)
Кунео,  Италија
Висина1,72 м
Маса68 кг
Податоци за клубот
Мом. клубТим ТоталЕнержи
Дисциплинадрумски велосипедизам
Улогавозач
Вид на возачспринтер
Аматерски клубови
2012-2013
2013
ГСК Вирис Масерати А.С.Д.
Лампре-Мерида (стажант)
Професионални клубови
2014-2015
2016
2017-2018
2019-
Лампре-Мерида
Трек-Сегафредо
Бахреин-Мерида
Директ Енержи
Значајни победи
Еднодневни трки и класици
ГП ди Лугано (2015)
Последна промена
4 април 2020

Кариера уреди

2013 уреди

Професионалната кариера на Бонифацио започнала во 2013 година, кога започнал да вози како стажант во екипата Лампре-Мерида.

2014 уреди

Следната година се приклучил како редовен возач во екипата. Во септември 2014 година, Бонифацио ја освоил најголемата победа во неговата кариера дотогаш, победувајќи на Копа Агостони при масовен спринт. Покрај тоа, освоил етапа на Трката околу Јапонија и три етапи и второто место на Трката околу Хајнан.[2]

2015 уреди

Во 2015 година освоил уште една трка, Гран Премио ди Лугано, исто така во спринт. Бонифацио завршил трет на Копа Уго Агостони, која ја освоил претходната година. Завршил на петтото место на Милано-Санремо.

2016 уреди

Во август 2015 година било објавено дека Бонифацио ќе се приклучи на Трек Фактори Рејсинг за сезоната 2016.[3] Бонифацио завршил повеќепати меѓу првите десет на разни трки, како петтото место на Схелдепрејс, третото на Големата океанска друмска трка „Кедел Еванс“ и шестото на Курне-Брисел-Курне. Бил именуван во почетниот состав за Вуелта а Еспања 2016,[4] но ја напуштил трката на седмата етапа.[5]

2018 уреди

Во мај 2018 година бил вклучен во почетниот состав за Џиро д’Италија 2018.[6]

2019 уреди

Во јули 2019 година бил именуван во почетниот состав за Тур де Франс 2019.[7]

Достигнувања уреди

2010
7. Трофео Сан Роко
10. Пикола Тре Вали Варезине
2011
1. ГП дел’Арно
1. Етапа 3 Трка околу Истра
2012
9. Европско првенство во друмски велосипедизам под 23 години
2013
1. Етапа 2 Куп де натионс Вил Сакене
2014
1. Копа Агостони
1. Етапа 6 Трка околу Јапонија
2. Краен пласман Трка околу Хајнан
1. Етапа 2
1. Етапа 6
1. Етапа 8
6. ГП Бруно Бегели
8. Копа Сабатини
2015
1. Гран Премио ди Лугано
1. Етапа 7 Трка околу Јапонија
3. Гран Премио дела Коста Етруски
3. Копа Уго Агостони
5. Милано-Санремо
8. Копа Берноки
9. Ватенфал Класик
2016
1. Етапа 3 Трка околу Полска
3. Голема океанска друмска трка „Кедел Еванс“
5. Шелдепрејс
6. Курне-Брисел-Курне
2017
3. ГП Кантон Аргау
4. Пиплс Чојс Класик
2018
1. Етапа 1 Трка околу Хрватска
9. Јуроајс Класик
2019
1.   Краен пласман Ла Тропикал Амиса Бонго
1.   Бодовен пласман
1. Етапа 1
1. Етапа 2
1. Етапа 5
1. ГП Џеф Схеренс
1. Омлоп Мандел-Леје-Схелде
Вуелта а ла Комунидад де Мадрид
1.   Бодовен пласман
1. Етапа 1
10. Минстерланд Џиро
2020
1. Етапа 5 Париз-Ница
1. Етапа 2 Трка Саудиска Арабија

Распоред на резултатите на големите трки уреди

Голема трка 2016 2017 2018 2019
  Џиро 113
  Тур 137
  Вуелта СО

СО = се откажал; — = не учествувал

Наводи уреди

  1. „Total Direct Énergie“. UCI.org. Меѓународен велосипедистички сојуз. Архивирано од изворникот на 12 јануари 2020. Посетено на 12 јануари 2020.
  2. „Бонифацио победи на Копа Агостони“. Cyclingnews.com. Future plc. 17 септември 2014. Посетено на 17 септември 2014.
  3. Кларк, Стјуарт (19 август 2015). „Трек Фактори Рејсинг потпиша со младите таленти Тенс и Бонифацио за 2016“. Cycling Weekly. Посетено на 19 август 2015.
  4. „71st Vuelta a España“. ProCyclingStats. Посетено на 20 август 2016.
  5. „71st Vuelta a España: Stage 7 » Maceda › Puebla de Sanabria“. ProCyclingStats. Посетено на 26 август 2016.
  6. „2018: 101st Giro d'Italia: Start List“. ProCyclingStats. Посетено на 3 мај 2018.
  7. „2019: 106th Tour de France: Start List“. ProCyclingStats. Посетено на 1 јули 2019.

Надворешни врски уреди