Николиќ

село во Општина Дојран

Николиќ (изворно: Николич) — село во Општина Дојран, во непосредна близина на Дојранското Езеро.

Николиќ

Воздушен поглед на селото Николиќ

Николиќ во рамките на Македонија
Николиќ
Местоположба на Николиќ во Македонија
Николиќ на карта

Карта

Координати 41°15′46″N 22°44′47″E / 41.26278° СГШ; 22.74639° ИГД / 41.26278; 22.74639
Регион  Југоисточен
Општина  Дојран
Население 520 жит.
(поп. 2021)[1]

Пошт. бр. 1485
Повик. бр. 034
Шифра на КО 06018
Надм. вис. 205 м
Николиќ на општинската карта

Атарот на Николиќ во рамките на општината
Николиќ на Ризницата

Потекло и значење на името уреди

 
Плажата во Николиќ

Името на селото првпат е споменато во XVI век во турски документи. Името се поврзува со личното име Николич, а Николич исто така било турски изговор за Николица.[2]

Географија и местоположба уреди

Селото се наоѓа на крајниот североисточен дел на територијата на Општина Дојран, чиј атар се допира со државната гранична линија со Грција. Исто така, селото е сместено на северниот брег на Дојранското Езеро.[3] Селото е рамничарско, сместено на надморска височина од 205 метри.[3] Оддалечено е 12,5 километри северно од општинскиот центар Стар Дојран, 19,5 километри североисточно од Богданци и 29,5 километри североисточно од Гевгелија.

Селото се наоѓа во подножјето на планината Боска.

До селото води асфалтен пат, кој се води како посебен крак на регионалниот пат 1105.

Историја уреди

Подрачјето на Николиќ е населено барем од доцната антика, за што сведочат остатоци од населба на наоѓалиштето Лагер.[4]

Само 1 жител на оваа населба е заведен како жртва во Втората светска војна.[5]

Стопанство уреди

Атарот на селото зафаќа простор од 14,6 км2, при што преовладуваат шумите со површина од 767 хектари, на обработливите површини отпаѓаат 406 хектари, додека на пасиштата 175 хектари.[3]

Селото, во основа, има полјоделско-шумарска функција. Во него работат услужни објекти.[3]

Веднаш до самото село, меѓу последните куќи, се наоѓа фабриката „Дојран Стил“, која произведува најразлични челични производи.[6]

Население уреди

Население во минатото
ГодинаНас.±%
1948320—    
1953343+7.2%
1961427+24.5%
1971470+10.1%
1981521+10.9%
ГодинаНас.±%
1991540+3.6%
1994529−2.0%
2002541+2.3%
2021520−3.9%

Според податоците од 1873 година во „Етнографија на вилаетите Адријанопол, Монастир и Салоника“, селото Николиќ имало 21 домаќинство со 74 жители христијани.[7]

Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија, Етнографија и статистика“) од 1900 година, во Николиќ живееле 160 жители, сите Македонци.[8] Според егзархискиот секретар Димитар Мишев, („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) во 1905 година во Николиќ имало 200 Македонци, под врховенството на Бугарската егзархија.[9]

Според германска карта издадена во 1941 година, а заснована на пописот на Кралството Југославија од 1931 година, селото имало 250 Македонци и 25 до 50 Турци.[10]

Селото е средно по големина, со пораст на бројот на населението. Така, во 1961 година Николиќ броело 427 жители, од кои 398 биле Македонци, а 24 жители Срби, додека во 1994 година, бројот се зголемил на 529 жители, од кои 513 биле Македонци, а 15 жители Срби.[3]

Според пописот на населението на Македонија од 2002 година, селото има 541 жител, од кои 527 Македонци, 13 Срби и 1 останат.[11]

Според последниот попис од 2021 година, во селото живееле 520 жители, од кои 498 Македонци, 11 Срби и 11 лица без податоци.[12]

Во табелата во продолжение е направен преглед на населението во сите пописни години:

Година 1900 1905 1948 1953 1961 1971 1981 1991 1994 2002 2021
Население 160 200 320 343 427 470 521 540 529 541 520
Извор за 1900 г.: Македонија. Етнографија и статистика.[13]; за 1905 г.: La Macédoine et sa Population Chrétienne.[14]; за 1948-2002 г.: Државен завод за статистика на РМ.[15]; за 2021 г.: Државен завод за статистика на РМ.[16]

Општествени установи уреди

Самоуправа и политика уреди

На крајот од XIX век, Николиќ било чисто македонско село во Дојранската Каза на Отоманското Царство.

Селото влегува во рамките на Општина Дојран, една од малкуте општини кои не биле изменети со новата територијална поделба на Македонија во 2004 година. Во периодот од 1996-2004 година, селото било во рамките на некогашната Општина Стар Дојран.

Во периодот 1955-1996 година, селото се наоѓало во рамките на големата Општина Гевгелија.

Во периодот 1952-1955, селото било дел од тогашната општина Дојран, во која покрај селото Николиќ се наоѓале селата Ѓопчели, Нов Дојран, Сретеново, Стар Дојран, Фурка, Црничани и Чаушли. Во периодот 1950-1952, селото било дел од некогашната општина Нов Дојран, во која влегувале селата Ѓопчели, Николиќ, Стар Дојран, Сретеново, Фурка, Чаушли и Црничани.

Избирачко место уреди

Во селото постои избирачкото место бр. 0382 според Државната изборна комисија, сместено во просториите на основното училиште.[17]

На претседателските избори во 2019 година, на ова избирачко место биле запишани вкупно 440 гласачи.[18] На локалните избори во 2021 година, на ова избирачко место биле запишани вкупно 437 гласачи.[19]

Културни и природни знаменитости уреди

Археолошки наоѓалишта[4]
Цркви

Галерија уреди

Поврзано уреди

Наводи уреди

  1. „Пописна слика на населените места во Македонија, Попис 2021“. Државен завод за статистика. Посетено на 22 декември 2022.
  2. Иванова, Олга (2014). Речник на имињата на населените места во Р Македонија : (Б,Ѓ,Е,Ј,Н,Р,Т,Ќ,У,Ф,Х,Џ,Ш). Скопје: Институт за македонски јазик „Крсте Мисирков“. стр. 113. ISBN 978-608-220-026-2.
  3. 3,0 3,1 3,2 3,3 3,4 Панов, Митко (1998). Енциклопедија на селата во Република Македонија: географски, демографски, и аграрни обележја. Скопје: Патрија. стр. 208.
  4. 4,0 4,1 Грозданов, Цветан; Коцо, Димче; и др. (1996). Археолошка карта на Република Македонија. Т. 2. Скопје: МАНУ. стр. 102. ISBN 9989-649-28-6.
  5. „Попис на жртвите од војната 1941-1945, СР Македонија“ (PDF).
  6. „За нас“. Посетено на 2024-04-24.
  7. „Македония и Одринско. Статистика на населението от 1873 г.“ Македонски научен институт, София, 1995, стр. 192-193.
  8. Васил Кънчов. „Македония. Етнография и статистика“. София, 1900, стр. 164.
  9. Brancoff, D.M. „La Macédoine et sa Population Chrétienne“. Paris, 1905. рр. 100-101
  10. „200K Volkstumskarte Jugoslawien“.
  11. „Попис на Македонија“ (PDF). Завод за статистика на Македонија. 2002. Посетено на 23 април 2024.
  12. „Оваа категорија опфаќа лица коишто учествуваат во вкупното резидентно население, но поради нивно одбивање да бидат попишани, неможност да бидат најдени на својата адреса на живеење и непотполност во работата на попишувачите не биле официјално попишани, туку за нив податоците биле преземени од административни извори и затоа не учествуваат во изјаснувањето за етничка припадност, вероисповед и мајчин јазик (Прочитајте повеќе...).“
  13. К’нчов, Васил. „Македонија. Етнографија и статистика“. Софија, 1900
  14. Brancoff, D.M. „La Macédoine et sa Population Chrétienne“. Paris, 1905.
  15. „Население по возраст и по пол, по населени места, според пописите спроведени во Република Македонија по Втората светска војна“. Државен завод за статистика.
  16. „Вкупно резидентно население на Република Северна Македонија според етничката припадност, по населени места, Попис, 2021“. Државен завод за статистика.
  17. „Описи на ИМ“. Архивирано од изворникот на 2023-08-17. Посетено на 29 декември 2019.
  18. „Претседателски избори 2019“. Посетено на 29 декември 2019.
  19. „Резултати“. Државна изборна комисија. Посетено на 21 април 2024.

Надворешни врски уреди