Никола Парапунов (Разлог, 1 јули 1909 - Бараково, Горноџумајско, 9 декември 1943) — македонски комунист и партизан од Пиринска Македонија.

Никола Парапунов

Животопис уреди

Никола Парапунов е роден во семејство на шивачки работник. Во 1924 година, по завршувањето на третиот клас во месната седмолетка, продолжил да се школува во средното техничкото училиште во Софија, на градежната насока. Потоа работел во родниот град и активно соработувал со тогашната Внатрешна Македонска Револуционерна Организација.

Револуционерна активност уреди

Во 1931 година, Парапунов станал член на Бугарската комунистичка партија, а на почетокот на 1932 бил член на окружното раководство на БКП во Петрич. Поради своето делување како комунист, тој бил уапсен и од 1933 до 1941 година бил в затвор. По излегувањето од затворот, преминал во илегала и на 26 јули 1941 година ја формирал разлошката чета, првата вооружена партизанска формација во Бугарија. Пиринска Македонија како дел од Царството Бугарија, најрано го кренала својот глас за ослободување и обединување со останатите делови на Македонија. На територијата на Пиринска Македонија, уште во 1941 година, се оформиле партизански одреди под водството на Парапунов, а токму во Пиринска Македонија се одиграла и првата вооружена борба против бугарската војска и, воопшто, првата вооружена битка против фашистичките окупациски војски на Балканот.[1] На почетокот од 1943 година, Парапунов станал член на ЦК на БКП, но на крајот од истата година загинал кај месноста Сува Чешма, во близина на селото Бараково, Горноџумајско, во борба против бугарска полициска заседа. Тој е опеан во народната песна „Темен се облак зададе“.[2]

Наводи уреди

  1. „Историја на македонскиот народ“, книга трета, издава нип Нова Македонија - заедница за издавачка дејност, книги, периодика и публицистика - Скопје, Скопје, 1969 година
  2. Томе Саздов, Грива тресе, бисер рони (епска народна поезија). Скопје: Заштита, 1970, стр. 137-138.

Поврзано уреди

Наводи уреди