Никола Трифонов Марковски, нерекуван уште и Коле Бапчорчето или Коле Бапчорски[1]— македонски револуционер, теозоф,[2][3] деец на македонско-одринското ослободително движење и костурски војвода.

Никола Марковски
Роден 13 јануари 1883
Бапчор, Костурско, Егејска Македонија
Починал 26 октомври 1966
Софија,  Бугарија

Животопис уреди

Марковски е роден во селото Бапчор, Костурско. Своето средно образование го стекнал во Солун и Битола. За време на Илинденското востание како војвода на чета бил тешко ранет во десната нога. По востанието заминал за Бугарија.[4] Учел историја на софискиот универзитет „Свети Климент Охридски".

За време на Младотурската револуција во 1908 година станал член на бугарската партија Сојуз на бугарски уставни клубови и бил избран за делегат на партискиот основачки конгрес од Костур.[5]

Во времето на Првата светска војна завршил школа за резервни офицери и служел во 65 полк на Единадесета македонска пешадиска дивизија на бугарската армија.[6]

За време на грчкото управување на Егејска Македонија во Втората светска војна во почетокот на април 1943 година по иницијатива на Централниот комитет на ВМРО, Костурското братство испратило делегација во Костурскиот крај, во која влегле Спиро Василев, Георги Киселинчев, Тома Бакрачев, Димитар Палчев и Никола Марковски. При враќањето се пратил извештај до бугарскиот цар Борис III, во кој делегацијата ги опишала маките на месното население, кое било подложено на терор од вооружени грчки формации и од италијанските окупаторски власти и замолиле на паравоената организација Охрана да се пуштат 1000 пушки, 20 лесни и тешки митралези и муниција, за да се вооружат сите кои се запишале како волонтери и инсистирале Бугарија да покаже и политичка поддршка на бунтовниците.[7]

Марковски пишувал и поезија. Бил женет за сестрата на Васил Чекаларов, Зоја,[8] која исто така участвала активно во македонското револуционерно движење.

Никола Трифонов бил последниот претседател на Бугарското теозофско обштество.[9] Починал во Софија, Бугарија на 26 октомври 1966 година.[10]

Наводи уреди

  1. Николов, Борис. ВМОРО (13 јануари 1883, Бапчор, Костурско, Егејска Македонија - 26 октомври 1966, Софија, Бугарија) — псевдоними и шифри 1893-1934, Звезди, 1999, стр.54
  2. Митко Иванов. Страници за българското масонство. Изд-во "МКИ-1, 1992. с. 38. ISBN 9789548117012
  3. Иван Богданов. Синовете на вдовицата. Университетско издателство "Св. Климент Охридски", 1994. с. 90. ISBN 978-9540701134
  4. Бистрицки. Българско Костурско, Ксанти, 1919, стр. 53.
  5. Карайовов, Тома (1981). Как се създадоха българските конституционни клубове в Турция, во: Борбите в Македония и Одринско. София: Български писател. стр. 727.
  6. Николов, Борис Й. Вътрешна Македоно-одринска революционна организация. Войводи и ръководители (1893-1934). Биографично-библиографски справочник, София, 2001, стр. 100.
  7. Мичев, Добрин (1998). „Българското национално дело в Югозападна Македония (1941 – 1944 г.)“. Македонски преглед. кн. 1. Посетено на 2015-10-10.
  8. Тзавелла, Христофор. Дневник на костурския войвода Лазар Киселинчев, София 2003, с. 236.
  9. В. Гюлгелиева. Спомени за достойни българи. С., 1997, с. 40.
  10. В. Гюлгелиева. Спомени за достойни българи. С., 1997, с. 58.