Никола Караколев (роден 24 август 1987 во Штип) — македонски кошаркар и бивш репрезентативец. Тој игра на бековската позиција во Еуро Никел 2005.

Никола Караколев
Караколев во дресот на Куманово
Караколев во дресот на Куманово
ПозицијаБек
Висина1,97 м
Тежина94 кг
ЛигаПрва македонска кошаркарска лига
КлубЕуро Никел 2005
Број8
Роден24 август 1987(1987-08-24)(36 г.)
Штип, СР Македонија, СФРЈ
НационалностМакедонец
Проф. кариера2004–
Клубови
2004-2007МЗТ Аеродром
2008–2009Работнички
2009–2012Торус
2012Гоце Делчев
2013-2014Лирија
2014-2015Гоце Делчев
2015Шкупи
2015-2018Куманово
2018-2019Кожув
2019-Еуро Никел 2005
Репрезентација
Инфо од: 17.10.2019.
(Куманово - Блокотехна) 02.05
(Куманово - Блокотехна) 02.05.2018
(Куманово - Академик Бултекс БИБЛ Лига) 2017г.
(Куманово - Академик Бултекс БИБЛ Лига) 2017г.
(Куманово - Академик Бултекс БИБЛ Лига) 2017г.
(Куманово - Блокотехна) 2017г.
(Куманово - Блокотехна) 2017г.
(Куманово - Гостивар) 2017г.
(Куманово - Гостивар) 2017г.
(Куманово - Гостивар) 2017г.
(Куманово - Ибар Рожаје) 2017г.
(Куманово - Ибар Рожаје) 2017г.
(Куманово - Ибар Рожаје) 2017г.
(Куманово - МЗТ) 10.11.2017
(Куманово - Фени индустри) 12.11.2017

Животопис уреди

Никола Караколев иако е роден во Куманово, тој бил израснат во Штип.

Клупска кариера уреди

Во сезоната 2006/07, Караколев продолжил во редовите на МЗТ Аеродром.[1] Сезоната 2007/08, Никола ја започнал во МЗТ Аеродром. Но за втората полусезона од Лигата, тој се преселил во Работнички.[2] Во сезоната 2008/09, Караколев со Работнички, станал првак во Првенството и вицепрвак во БИБЛ 2008/09.[3] За сезоната 2009/10, Караколев потпишал за Торус.[4] Со Торус, Никола станал вицепрвак во Купот 2010. Во Торус, Караколев продолжил и во сезоната 2010/11.[5] За сезоната 2011/12, Никола останал во Торус.[6] Откако Торус се распаднал, Караколев заминал во второлигашот Гоце Делчев од Штип, таму започнувајќи ја второлигашката сезона 2012/13. Но во јануари 2013 година, се преселил во Лирија и таму ја завршил Првата лига 2012/13.[7] Во Лирија продолжил и во сезоната 2013/14.[8] Тогаш, Караколев со Лирија станал вицепрвак во Купот 2014. Во сезоната 2014/15, Караколев заиграл за новиот прволигаш Гоце Делчев.[9][10] Поради распадот на Гоце Делчев, Караколев потпишал за второлигашот Шкупи и таму ја започнал сезоната 2015/16. Таму не останал долго и во декември 2015 се преселил во Куманово.[11] Таа сезона, Караколев со Куманово бил вицепрвак во Првенството. Сезоната 2016/17 ја минал во кумановскиот клуб, откако го обновил договорот.[12][13] Во сезоната 2017/18, Караколев продолжил да настапува за Куманово.[14] За сезоната 2018/19, Караколев се преселил во редовите на Кожув.[15][16] Караколев ја променил средината и потпишал за Еуро Никел 2005 за сезоната 2019/20.[17][18] За сезоната 2020/21, во почетокот на јуни 2020 година, тој започнал да преговара со Еуро Никел.[19] На крајот на јуни, тој го потпишал договорот на една сезона со кој ја продолжил соработката со Еуро Никел.[20]

Успеси уреди

  Работнички уреди

Признанија уреди

  • Најдобар кошаркар од Куманово за 2017 година[21]
  • Почесно споменување во сезоната 2018/19[22]

Наводи уреди

  1. „KK MZT Aerodrom 2006-2007“. eurobasket.com. Посетено на 4 август 2018.
  2. „KK Rabotnicki 2007-08“. eurobasket.com. Посетено на 4 август 2018.
  3. „KK Rabotnicki 2008-09“. eurobasket.com. Посетено на 4 август 2018.
  4. „KK Torus 2009-10“. eurobasket.com. Посетено на 4 август 2018.
  5. „KK Torus 2010-11“. eurobasket.com. Посетено на 4 август 2018.
  6. „KK Torus 2011-12“. eurobasket.com. Посетено на 4 август 2018.
  7. „Ексклузивно: Никола Караколев потпиша за Лирија“. Спорт Корнер преку daily.mk. 4 јануари 2013. Посетено на 4 август 2018.
  8. „KK Lirija 2013-14“. eurobasket.com. Посетено на 4 август 2018.
  9. „УКК Гоце Делчев го ангажираше Буха, пред потпис и Караколев“. ekipa.mk. 22 јули 2014. Архивирано од изворникот на 2021-04-15. Посетено на 2 август 2018.
  10. „Гоце Делчев ги улови „лисиците" за победничко деби во елитата!“. sportmedia.mk. 12 октомври 2014. Посетено на 2 август 2018.
  11. „Караколев нов играч на Куманово“. doznaj.com.mk. 8 декември 2015. Посетено на 2 август 2018.[мртва врска]
  12. „Куманово по Јанески, го обнови договорот и со Караколев“. gol.mk. 1 септември 2016. Посетено на 2 август 2018.
  13. „Никола Караколев го обнови договорот со КК Куманово“. kumanovskimuabeti.mk. 1 септември 2016. Посетено на 2 август 2018.
  14. „Кумановци активни: Старо-нов тренер, старо-нов играч и нови договори“. ekipa.mk. 6 јули 2017. Посетено на 2 август 2018.
  15. „Има договор, има потпис со Штерјов и Караколев“. sportmedia.mk. 20 јули 2018. Посетено на 21 јули 2018.
  16. „Штерјов и Караколев потпишаа за Кожув“. ekipa.mk. 20 јули 2018. Посетено на 21 јули 2018.
  17. „И Фени Индустри почна со потписи“. ekipa.mk преку web.archive.org. 25 јули 2019. Архивирано од изворникот на 2019-07-26. Посетено на 26 јули 2019.CS1-одржување: бот: непознат статус на изворната URL (link)
  18. „Самарџиев добива две засилувања: Гаидис и Караколев се селат во Фени“. gol.mk преку web.archive.org. 25 јули 2019. Посетено на 26 јули 2019.
  19. „Караколев го одби Куманово, останува во Еуро Никел“. ekipa.mk преку web.archive.org. 4 јуни 2020. Архивирано од изворникот на 2020-06-04. Посетено на 4 јуни 2020.CS1-одржување: бот: непознат статус на изворната URL (link)
  20. „Караколев продолжи со Еуро Никел“. basketball.mk преку web.archive.org. 26 јуни 2020. Архивирано од изворникот на 2020-06-26. Посетено на 27 јуни 2020.CS1-одржување: бот: непознат статус на изворната URL (link)
  21. „Куманово ги прогласи најдобрите спортисти за 2017 година“. ekipa.mk. 1 април 2018. Посетено на 2 август 2018.
  22. „Eurobasket.com All-Macedonian League Awards 2019“. eurobasket.com преку web.archive.org. 18 јуни 2019. Архивирано од изворникот на 2019-06-22. Посетено на 22 јуни 2019.CS1-одржување: бот: непознат статус на изворната URL (link)

Надворешни врски уреди