Никица Јелавиќ (роден на 27 август 1985 во Чапљина) — хрватски поранешен фудбалер, кој играл на позицијата напаѓач.

Никица Јелавиќ
Лични податоци
Роден на 27 август 1985(1985-08-27)(38 г.)
Роден во Чапљина, Хрватска
Држава Хрватска Хрватска
Висина &100000000000001870000001,87 м
Играчки податоци
Позиција напаѓач
Повлекување 1 март 2021 (35 г.)
Младинска кариера
Хајдук Сплит Хајдук Сплит
Кариера*
Години Клуб Наст. (Гол.)
2002-2007 Хајдук Сплит Хајдук Сплит 35 (8)
2007-2008 Зулте Варегем Зулте Варегем 23 (3)
2008-2010 Рапид Виена Рапид Виена 71 (27)
2010-2012 Ренџерс Ренџерс 45 (30)
2012-2014 Евертон Евертон 59 (16)
2014-2015 Хал Сити Хал Сити 46 (13)
2015-2016 Вест Хем Јунајтед Вест Хем Јунајтед 13 (1)
2016-2017 Пекинг Рен 29 (15)
2017-2020 Гуичжоу Жиченг 57 (27)
2020-2021 Локомотива Локомотива 4 (0)
Репрезентација
2009-2014  Хрватска 36 (6)
  • Сениорските учества и голови се сметаат само за домашни натпревари
податоците се од 17 јануари 2012.

† Учества (Голови).

‡ Учествата и головите за репрезентација се според податок од 17 јануари 2012

Кариера уреди

Јелавиќ ја започнал својата професионална кариера во екипата на Хајдук Сплит во 2002 година, пред да замине во белгискиот Зулте Варегем. Една година подоцна тој потпишал за австрискиот Рапид Виена. Во сезоната 2008-2009, тој постигнал 18 гола и играл многу добро, соработувајќи во нападот со Ервин Хофер и Штефан Мејерхофер тројцата заедно постигнале дури 76 од 89 голови на клубот. Сепак, и покрај големиот број на постигнати голови Рапид го завршил првенството на второто место со 4 бода помалку од шампионот Ред Бул Салцбург.

Во летото 2010 година, Јелавиќ се преселил во шкотскиот Ренџерс, со кој успеал да ја освои Премиер лигата на Шкотска и Лига купот на Шкотска, пред да направи трансфер во Евертон во англиската Премиер лига. Со клубот од Ливерпул, Јелавиќ потпишал на 31 јануари 2012, во последниот ден од зимскиот трансферен прозорец. Своето деби за карамелите го имал на 4 февруари 2012, влегувајќи од клупата за резерви на местото на аргентинецот Денис Страквалурси во 60-тата минута од натпреварот против Виган Атлетик, кој завршил без победник 1-1. Својот прв гол за Евертон во кариерата го постигнал на 10 март, во победата над Тотенхем на Гудисон Парк со 1-0. На 24 март 2012, тој го постигнал својот втор погодок на гостувањето кај Свонзи Сити по што уследила серија од шест натпревари на кои Јелавиќ постигнал 8 голови во сите натпреварувања. Иако дошол на пола сезона, тој бил најдобар стрелец на клубот со 9 голови во 13 одиграни натпревари во Премиер лигата.

Титули уреди

  Ренџерс уреди

2010-2011
2011

Надворешни врски уреди