Бунтот Ника (грчки: Νίκα = Победа) се случил во Цариград во јануари 532 година, во времето на Јустинијан I. Бунтот траел една недела, и во тој период бил запален речиси половина од градот, а загинале десетици илјади луѓе. Во текот на бунтот е уништена и втората црква Света Софија.

Карта на хиподромот и палатата во центарот на Цариград

Бунтот започнал на 13 јануари 532 на хиподромот, како тепачка помеѓу двете навивачки групи на натпревар во трки со двоколки - Зелените и Сините, помеѓу кои постоело долготрајно соперништво. Но, набрзо тепачката прераснала во бунт против власта на Јустинијан, високите даноци и незадоволството на аристократијата. Бунтовниците извикувале „Ника!“ (победа) и оттаму е името на бунтот.

Јустинијан, кој го следел натпреварот од ложата во својата палата, практично цела недела останал опсаден таму. Во меѓувреме, низ градот се случувале пљачки, палежи и убиства. Тие потоа прогласиле и нов император, Хипатиус, кој бил внук на претходниот император Анастасиј II. Според преданијата, Јустинијан сакал да побегне од градот, но во тоа го спречила сопругата Теодора.[1] На крајот, бунтот бил задушен со поткупување на дел од бунтовниците, после што дел се повлекле, а останатите биле убиени. Исто така, Хипатиус и аристократите кои го поддржувале бунтот биле погубени. Се смета дека вкупно загинале 30.000 луѓе.[2]

Наводи уреди

  1. Diehl, Charles. Theodora, Empress of Byzantium (© 1972 by Frederick Ungar Publishing, Inc., transl. by S.R. Rosenbaum from the original French Theodora, Imperatice de Byzance), p.87.
  2. Оваа бројка ја дава Прокопиј, „Војни“ (Средновековен интернет изворник Архивирано на 12 февруари 2006 г.)