Ниблум (германски: Nieblum; фериншки: Njiblem) — општина на островот Фер, во округот Северна Фризија, во Шлезвиг-Холштајн, Германија.

Ниблум
Вообичаена улога во Ниблум
Вообичаена улога во Ниблум
Вообичаена улога во Ниблум
Ниблум во рамките на Германија
Ниблум
Управа
Земја Германија
Покраина Шлезвиг-Холштајн
Округ Северна Фризија
Месна заед. Фер-Амрум
Градоначалник Фридрих Ривертс
Основни податоци
Површина 7,86 км2
Надм. височина 4 м
Население 592 (31 декември 2020)[1]
 - Густина 75 жит/км2
Други информации
Часовен појас CET/CEST (UTC+1/+2)
Рег. табл. NF
Пошт. бр. 25938
Повик. бр. 04681
Портал www.nieblum-online.de
Местоположба на Ниблум во рамките на округот Северна Фризија
Карта
Карта
Координати 54°42′N 8°29′E / 54.700° СГШ; 8.483° ИГД / 54.700; 8.483

Географија уреди

Ниблум се наоѓа на јужниот брег на Фер, на околу половина пат помеѓу источниот и западниот крај на островот. До селото Ниблум, во рамките на општината, се наоѓа селото Готинг. Во Готинг постојат карпи високи неколку метри.

Историја уреди

Многу од старите фризиски куќи припаѓале на морските капетани, кои направиле богатство како китоловци на холандските бродови. Тоа било тешка и опасна работа, која одзела многу животи. Гробниците во гробиштата на црквата Св. Јован, т.н. „Фризиска катедрала“, во селото сведочат за ова. Црквата била изградена во XIII век и е најголема од трите цркви на Фер.

Култура и знаменитости уреди

 
Црквата Св. Јован во Ниблум

Главна знаменитост во Ниблум е црквата Св. Јован со нејзините историски зачувани гробишта. Исто така, погледот на Ниблум со неговите сламени куќи и многуте дрвја е пријатен.

Познати луѓе уреди

Наводи уреди

  1. „Население во разните административни единици на Шлезвиг-Холштајн во 2020 г.“. Статистичка служба за Хамбург и Шлезвиг-Холштајн. јуни 2021. (германски)

Надворешни врски уреди