Нестор Фабијан Питана (роден на 17 јуни 1975) е аргентински фудбалски судија и поранешен актер.

Нестор Питана
Целосно име Нестор Фабијан Питана
Роден 17 јуни 1975(1975-06-17)(48 г.)
Корпус, Мисионес, Аргентина
Националност  Аргентина
Домашна
Години Лига Улога
2006-2007 Примера Б Насионал Судија
2007- Примера Дивисион Судија
Меѓународна
Години Лига Улога
2010– на списокот на ФИФА Судија

На списокот на ФИФА влегол во 2010 година и за првпат судел репрезентативни меѓународни натпревари во КОНМЕБОЛ квалификациите за Светското првенство 2014. Од поголемите натпреварувања досега судел на Светските првенства во 2014 и 2018, Копа Америка 2015 и Куп на конфедерации 2017.

Исто така тој го судел и реваншот од финалето на Копа Либертадорес 2016 помеѓу колумбискиот Атлетико Насионал и еквадорскиот Индепендиенте дел Вале.