Ненад Стојановски

Ненад Стојановски (Скопје, 19 август 1952Скопје, 14 јули 1998) — македонски театарски, филмски и телевизиски актер. Бил оженет со глумицата Силвија Стојановска и имале две ќерки Ана и Јана[1], кои денес се познати глумици во Македонија.

Ненад Стојановски
Роден 19 август 1952
Скопје Македонија Македонија
Починал 14 јули 1998
Скопје, Македонија Македонија
Националност Македонец
Познат по улогата во:
Време, живот
Среќна Нова ’49
Диво месо
Болва в' уво
Трговецот од Солун
Илинден
Трст виа Скопје
До-ре-ми
Од зад грб
Занимање глумец
Сопружник Силвија Стојановска
Деца Ана Стојановска
Јана Стојановска

Животопис уреди

По членувањето во Детската радио-драма и во експерименталните аматерски драмски состави „Кактус“ и „Кај Св. Никита Голтарот“, а по завршувањето на Факултетот за драмски уметности, Ненад Стојановски настапувал на сцената на Драмскиот театар во Скопје, а гостувал и на повеќе други сцени.

Повеќе пати настапувал на Дубровничките и Сплитските летни игри, а учествувал и во повеќе проекти при Драмата на Македонскиот народен театар.

Добитник е на голем број високи сојузни и републички награди и признанија: две Стериини награди, највисокото општествено признание на Македонија, Наградата „11 Октомври“, Наградата на „Млад борец“, на ревијата „Екран“ за најпопуларно филмско и ТВ лице и на Театарските игри „Војдан Чернодрински“ во Прилеп.

Во 1985 година е прогласен за глумец на годината според ревијата „Екран“, добитник е на Наградата на весникот „Дневник“ од Нови Сад, добитник на „Златен медал“ на Театарските свечености во Шабац, за улогата во претставата „Кула Вавилонска“.

Починал ненадејно на 14 јули 1998 година во Скопје.

Филмографија уреди

Година Филм Улога
1975 Илинка ТВ-филм Дејан
1976 Цимерите од соба 306 ТВ-филм
1977 Пресуда ТВ-филм
1977 Сослушувањето на железничарот ТВ-филм
1981 Лет во место ТВ-филм Михајло
1982 Илинден ТВ-серија Орце
1983 Записник ТВ-филм
1983 Премиера ТВ-филм Војдан Чернодрински
1984 Јуначко колено ТВ-серија Учителот
1984 Лет во место ТВ-филм
1984 Диво месо ТВ-филм Андреја
1984 Дупло дно ТВ-филм Јаков 3
1984 Камчевци ТВ-серија
1985 На наш начин ТВ-филм Записничарот
1985 Од зад грб ТВ-филм Санде
1985 Тетовирани души ТВ-филм Војдан
1985 Трговецот од Солун ТВ-филм Гоце Делчев
1985 Бушава азбука ТВ-серија
1986 Состојба на инфаркт ТВ-филм Огнен Георгиевски
1987 Трета доба ТВ-филм
1987 Смртта на Дантон ТВ-филм Дантон
1987 Народни трибуни ТВ-серија
1987 Хај-фај ТВ-филм Матеј
1988 Скопски сновиденија ТВ-филм Ликовен уметник
1988 Мојсие од моето масло ТВ-филм Градоначалник
1988 Црна дупка ТВ-филм Силјан
1989 Тврдокорни ТВ-серија Ѓурчин Наумов Пијакот
1989 Еурека ТВ-серија Леонардо Да Винчи
1990 Трст виа Скопје ТВ-серија Кирил
1990 ДО РЕ МИ ТВ-серија Уметникот
1990 Кула вавилонска ТВ-филм Манјан
1990-1991 Опстанок ТВ-серија Учител
1991 Болва в' уво ТВ-филм
1991 Царуга ТВ-филм Лајтнант
1992 Заминување од Пасквелија ТВ-филм Растаков
1992 Време, живот ТВ-филм
1992 Сили во воздухот ТВ-филм Миле
1992 Чернодрински се враќа дома ТВ-филм
1993 Грев или сприцер ТВ-филм Крсте Сприцер
1994 Прекалени ТВ-серија Марко Цепенков
1997 Ojdipus Tiranos Sofocleus ТВ-филм Тајресија
1997 Добредојдовте во Сарајево ТВ-филм
1998 Збогум на 20-тиот век ТВ-филм Човекот со железната рака
1998 Бегство ТВ-филм Роман Валеријановиќ Хлудов
1999 Време, живот ТВ-филм

Награди уреди

  • Награда на Фестивалот Стериино позорје за улогата на Андреја во претставата Диво месо (Нови Сад, 1980);
  • Награда за најдобар млад глумец на Македонскиот театарски фестивал (МТФ) Војдан Чернодрински за улогата на Козаков во претставата Бркотница, (Прилеп, 1981);
  • Награда за најдобра епизодна улога на МТФ Војдан Чернодрински за улогата на Козаков во претставата Бркотница (Прилеп, 1981);
  • Награда за глумечко остварување на МТФ Војдан Чернодрински за улогата на Пиги во претставата Среќна Нова '49 (Прилеп, 1985);
  • Награда 11 Октомври за улогата на Јаков III во претставата Дупло дно (1985);
  • Награда за најдобро глумечко остварување на ревијата Екран за улогата на Пиги во претставата Среќна Нова '49 (1986);
  • Награда од списанието Дневник од Нови Сад за најдобро глумечко остварување на Фестивалот Стериино позорје за улогата на Миле во претставата Сили во воздухот (Нови Сад, 1989);
  • Златен медал на Театарските свечености Љубиша Јовановиќ, за улогата на Дамјан во претставата Кула вавилонска (Шабац, 1990).[2]

Наводи уреди

  1. Risto Stefanovski (1998). Letopis na makedonskata drama i na teatarot vo Makedonija. Direkcija za kultura i umetnost.
  2. „Личности, Македонски автори: Сеќавања“. Институт за театрологија. Архивирано од изворникот на 2011-10-02. Посетено на 2010-12-03.

Надворешни врски уреди