Ненад Јолдески

македонски поет и писател

Ненад Јолдески (р. 26 ноември 1986 во Струга) — македонски писател.

Животопис уреди

Ненад Јолдески е роден на 26 ноември 1986 година, во Струга. Дипломирал на Економскиот факултет при „Универзитетот Св. Кирил и Методиј“ во Скопје.

Творештво уреди

Ненад Јолдески е автор на книгата: „Штамата на Енхалон[1] („Темплум“, 2009), збирка раскази напишани на струшки дијалект и сленг, со која ја освоил наградата „Новите!“ за најдобро дебитантско дело на конкурсот распишан издавачката куќа Темплум во 2009 година. Во 2012 година ја објавил својата втора збирка раскази, „Секој со своето езеро[2] [3] („Темплум“, 2012 / „Или-Или“, 2016 - второ издание) за која во 2016 година ја добила „Наградата за литература на Европска Унија“. [4] Неговиот прв кус роман „Пливање спротиводно“ (2018) ја следи приказната за враќањето на Артемида, од Њујорк во Струга. Патување кое е епизодна, но клучна потрага по идентитетот, оној биолошкиот, запоставениот, заборавениот. Романот е поделен на два дела: „Зараснато навнатре (Њујорк)“ и „Над површина (Струга)“.

Уредник е на збирката раскази „Николај (фикција. вода. вистина)“ која содржи шест раскази од шест македонски автори, инспирирани од животот на руските емигранти доктор Никола Незлобински и неговата жена Софија Незлобинска.

За потребите на уметничката група „Везденски“, од која и самиот бил дел, Јолдески адаптирал неколку сценарија за различни аматерски театарски претстави. Тој е еден од основачите на ИНКА (Иницијатива за независен културен активизам) и на фестивалот ДРИМON кој секоја година се одржува во Струга.

Неговите раскази се преведени на неколку јазици во најразлични антологии, магазини и онлајн списанија. Три негови кратки раскази се застапени во антологијата на македонскиот краток расказ, „Џинџуџе во земјата на афионите“ (Темплум, 2022).[5]

Наводи уреди

  1. Ненад Јолдески Wezdensky, Штамата на Ехалон (Мемоари), Скопје: Темплум, 2009.
  2. Ненад Јолдески, Секој со своето езеро, Скопје: Темплум, 2012
  3. Ненад Јолдески, Секој со своето езеро (раскази од вода), Скопје: Или-Или, 2016, второ издание
  4. Никола Гелевски и Владимир Мартиновски (приредувачи), Џинџуџе во земјата на афионите: антологија на македонскиот краток расказ. Скопје: Темплум, 2022, стр. 366.
  5. Никола Гелевски и Владимир Мартиновски (приредувачи), Џинџуџе во земјата на афионите: антологија на македонскиот краток расказ. Скопје: Темплум, 2022, стр. 309-313.