Немања Милиќ (роден на 25 мај 1990 година) е професионален српски фудбалер, кој настапува на позицијата крилен напаѓач. Моментално настапува за екипата на БАТЕ од Борисов.

Клупска кариера уреди

ОФК Белград уреди

Немања Милиќ е роден во Сомбор. Својата кариера ја започнал во екипата на ОФК Белград, каде што ги поминал младинските категории. Својот прв натпревар за сениорскиот клуб го имал во сезоната 2006–07 во српската Суперлига.[1] Бил еден од играчите на клупската академијата со најдобри изгледи за одлична кариера.[2] Откако и наредната сезона ја поминал играјќи со младинскиот тим, Милиќ на првиот тим на ОФК Белград се приклучил во сезоната 2008–09 во српската Суперлига. На почетокот на 2009 година, Милиќ бил избран (скаутиран) од клубот на Ливерпул.[3] Во својата прва сениорска сезона, Милиќ за клубот на ОФК Белград имал одиграно 26 натпревари во сите натпреварувања, вклучувајќи и два натпревари во Купот на УЕФА Интертото. Својот прв сениорски гол го постигнал на 23 мај 2009 година на гостински терен на натпревар против екипата на Борац од Чачак. Во сезоната 2009-10, Немања Милиќ постигнал 6 гола на вкупно 20 натпревари во Суперлигата. Во наредната сезоната 2010–11 тој постигнал 4 гола на 28 одиграни натпревари. За време на таа сезона во есента 2011 година тој бил поврзуван со клубот на Астон Вила.[4] Претходно, тој ги постигнал двата гола во победата од 2:0, во вториот натпревар од сезоната 2011–12 во српската Суперлига, против екипата на Јагодина влегувајќи во игра како замена.[5] Милиќ одиграл уште 11 натпревари, но без да постигне голови во остатокот од таа сезона. Тој постигнал 2 гола во првата половина од сезоната 2012–13, едниот против составот на Раднички од Ниш во Суперлигата[6] и вториот против екипата на Слога од Краљево во натпреварот од Купот на Србија.[7] По многу проблеми со повреди, Милиќ ја пропуштил целата пролетна полусезона, а го напуштил клубот во летото 2013 година како слободен играч.[8]

Спартак Суботица уреди

Во јули 2013 година, Милиќ најпрво се приклучил на составот на Хајдук од Кула,[9] но подоцна се преселил и потпишал договор со екипата на Спартак од Суботица.[10] Во првата сезона со новиот клуб, Милиќ одиграл 16 лигашки и 5 натпревари во купот, притоа постигнувајќи 1 гол. Постигнувајќи 7 лигашки голови на 26 натпревари во Суперлигата, тој се промовирал како најдобар стрелец на екипата на Спартак од Суботица во сезоната 2014–15. Во наредната сезона 2015-16 во српската Суперлига, тренерот Андреј Чернишов го споил Немања Милиќ со соиграчот Огњен Мудрински како тандем во нападот. Во првата половина од сезоната 2016–17 година, Милиќ најчесто бил користен како втор напаѓач. Во тој период постигнал 6 гола во Суперлигата. На крајот на 2016 година, тој бил избран за најдобар играч на екипата на Спартак од Суботица[11] и најдобар фудбалер со потекло од град Сомбор, кој настапувал во српската Суперлига.[12]

Црвена ѕвезда Белград уреди

На 10 јануари 2017 година, Милиќ потпишал договор на три години и половина со екипата на Црвена ѕвезда од Белград.[13] Својот прв натпревар за новиот клуб го одиграл на 25 февруари 2017 година, заменувајќи го соиграчот Срѓан Плавшиќ во второто полувреме од натпреварот против составот на Бачка од Бачка Паланка.[14] Милиќ својот прв натпревар на теренот го започнал во 27миот натпревар од сезоната 2016–17 во српската Суперлига против екипата на Чукарички. Настапил на местото на повредениот Џон Хаиро Руиз.[15] Неколку дена подоцна, тој бил стрелец на пријателскиот натпревар против екипата на Спартак од Москва, одигран на стадионот Рајко Митиќ.[16] Милиќ својот прв гол за клубот во натпреварувачки натпревар го постигнал во победата со резултат од 4:2 против клубот на Младост од Лучани.[17]

БАТЕ од Борисов уреди

На 28 декември 2018 година, Милиќ потпишал тригодишен договор со ФК БАТЕ од Борисов со тансфер од 300 000 евра заминувајќи од екипата на Црвена ѕвезда од Белград.[18]

Статистика во кариерата уреди

Клупска статистика уреди

Обновено на крајот од сеозната 2020}[19]
Одиграни натпревари, постинати голови во различни сезони со различни клубови
Клуб Сезона Лигашки натпревари Куп натпревари Континентални натпревари Други натпревари Вкупно
Лига Натпревари Голови Натпревари Голови Натпревари Голови Натпревари Голови Натпревари Голови
ОФК Белград 2006–07[1] Суперлига 1 0 0 0 0 0 1 0
2007–08[1] 0 0 0 0 0 0
2008–09[1] 24 1 0 0 2 0 26 1
2009–10[1] 20 6 0 0 20 6
2010–11[1] 23 3 1 1 4 0 28 4
2011–12[1] 12 2 0 0 12 2
2012–13[1] 9 1 2 1 11 2
Вкупно 89 13 3 2 6 0 98 15
Спартак од Суботица 2013–14 Суперлига 16 1 5 0 21 1
2014–15 26 7 2 0 28 7
2015–16 19 3 3 0 22 3
2016–17 19 6 2 0 21 6
Вкупно 80 17 12 1 92 18
Црвена ѕвезда од Белград 2016–17 Суперлига 10 1 3 1 13 2
2017–18 13 2 2 1 9 0 24 3
2018–19 5 0 0 0 6 0 11 0
Вкупно 28 3 5 2 15 0 48 5
БАТЕ 2019 Премиер Лига 20 4 0 0 2 0 22 4
2020 18 5 5 0 3 0 26 5
Вкупно 38 9 5 0 5 0 48 9
Вкупно во кариерата 235 42 25 5 26 0 286 47

Признанија уреди

Клупски признанија уреди

Црвена ѕвезда Белград

Наводи уреди

  1. 1,0 1,1 1,2 1,3 1,4 1,5 1,6 1,7 „Milic, Nemanja“. srbijafudbal.com (Serbian). Архивирано од изворникот на 26 December 2018. Посетено на 30 May 2017.CS1-одржување: непрепознаен јазик (link)
  2. „Nemanja Milic“. utakmica.rs (Serbian). Посетено на 28 December 2016.CS1-одржување: непрепознаен јазик (link)
  3. „Centarfor "romantičara" na meti Liverpula“. mondo.rs (Serbian). 14 January 2009. Архивирано од изворникот на 2019-08-22. Посетено на 28 March 2017.CS1-одржување: непрепознаен јазик (link)
  4. „Nemanja Milić meta Aston Vile?“. B92 (Serbian). 5 October 2011. Посетено на 28 December 2016.CS1-одржување: непрепознаен јазик (link)
  5. „2.kolo OFK Beograd - Jagodina“. Serbian SuperLiga official website (Serbian). 20 August 2011. Посетено на 28 December 2016.CS1-одржување: непрепознаен јазик (link)
  6. „Radnički sa 5:1 poražen od OFK Beograda“. juznevesti.com (Serbian). 27 October 2011. Посетено на 28 December 2016.CS1-одржување: непрепознаен јазик (link)
  7. „OFK Beograd - Sloga Kraljevo 5:0“. OFK Beograd official website (Serbian). 26 September 2012. Посетено на 28 December 2016.CS1-одржување: непрепознаен јазик (link)
  8. „OFK Beograd: Otišao Milić“. Večernje novosti (Serbian). 5 June 2013. Посетено на 28 December 2016.CS1-одржување: непрепознаен јазик (link)
  9. „Nemanja Milić u belom jatu“. FK Hajduk Kula official website (Serbian). 6 June 2013. Посетено на 15 July 2016.CS1-одржување: непрепознаен јазик (link)
  10. „FK "Spartak" predstavio pojačanja i pozdravio zlatnog reprezentativca Vojvodića“. subotica.com (Serbian). 6 August 2013. Посетено на 15 July 2016.CS1-одржување: непрепознаен јазик (link)
  11. „Spartakove "zlatne kopačke" su...“. mondo.rs (Serbian). 16 December 2016. Архивирано од изворникот на 2019-08-06. Посетено на 28 December 2016.CS1-одржување: непрепознаен јазик (link)
  12. „Dodeljena priznanja Gradskog fudbalskog saveza“. soinfo.org (Serbian). 24 December 2016. Посетено на 28 December 2016.CS1-одржување: непрепознаен јазик (link)
  13. „Представљена појачања“. Red Star Belgrade official website (Serbian). 10 January 2017. Посетено на 28 March 2017.CS1-одржување: непрепознаен јазик (link)
  14. „Бачка - Црвена звезда 0:3 (0:2)“. Red Star Belgrade official website (Serbian). 25 February 2017. Посетено на 28 March 2017.CS1-одржување: непрепознаен јазик (link)
  15. „Чукарички - Црвена звезда 3:4 (1:2)“. Red Star Belgrade official website (Serbian). 19 March 2017. Посетено на 28 March 2017.CS1-одржување: непрепознаен јазик (link)
  16. „Милић - Гол посвећујем сину“. Red Star Belgrade official website (Serbian). 25 March 2017. Посетено на 28 March 2017.CS1-одржување: непрепознаен јазик (link)
  17. „Куп, Црвена звезда - Младост 4:2 (0:1)“. Red Star Belgrade official website (Serbian). 5 April 2017. Посетено на 6 April 2017.CS1-одржување: непрепознаен јазик (link)
  18. Zvanično: Milić prešao u BATE. Mozzart Sport (Serbian). December 28, 2018.CS1-одржување: непрепознаен јазик (link)
  19. Немања Милиќ на soccerway

Надворешни врски уреди