Некласификуван јазик

Некласифицираните јазици се јазици кои чии генетски одлики не биле одредени преку средствата на историската лингвистика. Ако оваа состојба продолжи и по одреден број научни истражувања и обиди да се поврзе јазикот со некое јазично семејство, тогаш тој се прогласува за изолиран јазик, како што е на пример случајот со баскискиот јазик. Јазиците можат да бидат некласифицирани поради голем број причини, но најмногу поради недостаток на соодветни податоци, но некогаш и поради контактот со останатите јазици. Некои слабо познати изумрени јазици, како што е кутискиот јазик, остануваат како некласифицирани.

Примери уреди

Пример за јазик кој создал повеќе проблеми за класификација е мими-д во Чад. Овој јазик е познат само преку еден список зборови собрани во 1900 година. Првично се верувало дека станува збор за мабанскиот јазик, поради некои сличности со мабаскиот јазик. Сепак, како што истражувањата се продлабочувале, се увидело дека јазикот е сличен само со мабаскиот јазик, но поврзаноста на мими-д била слаба за да се поврзе со мабаскиот или со мабанските јазици. Денес се верува дека сличноста со мабаскиот е поради тоа што јазикот мими-д позајмувал зборови од првиот јазик, кој е доминантен јазик во регионот. Кога ќе се отфрлат позајмените зборови, останува ограничен број на податоци со кои би можело да се класифицира јазикот и остатокот не бил сличен со ниту еден јазик. Така, мими-д може да биде јазичен изолат.

Причини за можност да се класифицира некој јазик се:

недостаток на податоци:

недоволни податоци:

не е тесно поврзан со соседите, и не е испитан поради недостаток на податоци:

поголем дел од зборовниот фонд е сличен со зададеното јазично семејство, но основните зборови се проблематични и сугерираат друго потекло:

нема сродни јазици, и академското миселење нема основано теза:

јазици чие опстојување е двосмислено, се сметаат за некласифицирани:

Поврзано уреди

Надворешни врски уреди