Негреновци

село во Општина Конче

Негреновци — село во Општина Конче, во околината на градот Радовиш. Селото е раселено и според пописот од 2002 година нема жители.[2]

Негреновци
Негреновци во рамките на Македонија
Негреновци
Местоположба на Негреновци во Македонија
Негреновци на карта

Карта

Координати 41°33′0″N 22°27′59″E / 41.55000° СГШ; 22.46639° ИГД / 41.55000; 22.46639Координати: 41°33′0″N 22°27′59″E / 41.55000° СГШ; 22.46639° ИГД / 41.55000; 22.46639
Регион  Југоисточен
Општина  Конче
Население 0 жит.
(поп. 2021)[1]

Пошт. бр. 2424
Повик. бр. 032
Шифра на КО
Надм. вис. 811 м
Негреновци на општинската карта

Атарот на Негреновци во рамките на општината
Негреновци на Ризницата

Географија и местоположба уреди

Селото се наоѓа на западните падини на Смрдеш, на 7 километри северно од општинското средиште Конче.

Историја уреди

Селото во XIX век било дел од Радовишката каза на Отоманското Царство.

Население уреди

Население во минатото
ГодинаНас.±%
194883—    
195379−4.8%
196119−75.9%
19710−100.0%
198100.00%
ГодинаНас.±%
199100.00%
199400.00%
200200.00%
202100.00%

Според податоците на бугарскиот етнограф Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) од 1900 година, селото имало 48 Македонци.[3] По податоци на секретарот на егзархијата, Димитар Мишев („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) во 1905 година во селото Негреновци имало 64 жители.[4]

Според германска карта издадена во 1941 година, а заснована на пописот на Кралството Југославија од 1931 година, селото имало 100 Македонци.[5]

Селото е иселено во 1960-тите години, кога било целосно напуштено и оттогаш не било повторно населено.

На пописот од 2002 година, селото немало жители.[2] Истото било повторно потврдено и на пописот од 2021 година.

Во табелата во продолжение е направен преглед на населението во сите пописни години:

Година 1900 1905 1948 1953 1961 1971 1981 1991 1994 2002 2021
Население 48 64 83 79 19 0 0 0 0 0 0
Извор за 1900 г.: Македонија. Етнографија и статистика.[6]; за 1905 г.: La Macédoine et sa Population Chrétienne.[7]; за 1948-2002 г.: Државен завод за статистика на РМ.[8]; за 2021 г.: Државен завод за статистика на РМ.[9]


Самоуправа и политика уреди

Селото влегува во рамките на Општина Конче, една од ретките општини во Македонија, која не била променета по новата територијална поделба на Македонија во 2004 година. Во периодот од 1996-2004 година, селото било исто така во рамките на Општина Конче.

Во периодот од 1965 до 1996 година, селото се наоѓало во рамките на големата општина Радовиш. Селото припаѓало на некогашната општина Радовиш во периодот од 1957 до 1965 година, додека во периодот 1955-1957, селото било во рамките на тогашната општина Конче.

Во периодот 1952-1955, селото било во рамките на тогашната Општина Конче, во која покрај селото Негреновци, се наоѓале и селата Габревци, Горни Липовиќ, Долни Липовиќ, Долни Радеш, Конче, Лубница и Ракитец. Во периодот 1950-1952, селото било дел од Општина Дедино, во која влегувале селата Горни Липовиќ, Долни Липовиќ, Дедино, Габревци, Негреновци и Ракитец.

Поврзано уреди

Наводи уреди

  1. „Пописна слика на населените места во Македонија, Попис 2021“. Државен завод за статистика. Посетено на 22 декември 2022.
  2. 2,0 2,1 „Попис на Македонија“ (PDF). Завод за статистика на Македонија. 2002. Посетено на 27 мај 2016.
  3. К’нчов, Васил. „Македонија. Етнографија и статистика“. Софија, 1900, стр. 235
  4. Brancoff, D.M. "La Macédoine et sa Population Chrétienne". Paris, 1905, pp. 138 - 139.
  5. „200K Volkstumskarte Jugoslawien“.
  6. К’нчов, Васил. „Македонија. Етнографија и статистика“. Софија, 1900
  7. Brancoff, D.M. „La Macédoine et sa Population Chrétienne“. Paris, 1905.
  8. „Население по возраст и по пол, по населени места, според пописите спроведени во Република Македонија по Втората светска војна“. Државен завод за статистика.
  9. „Вкупно резидентно население на Република Северна Македонија според етничката припадност, по населени места, Попис, 2021“. Државен завод за статистика.

Надворешни врски уреди