Небојани

село во Општина Кочани

Небојани — село во Општина Кочани, во областа Осоговија, во околината на градот Кочани.

Небојани

Поглед на Небојани

Небојани во рамките на Македонија
Небојани
Местоположба на Небојани во Македонија
Небојани на карта

Карта

Координати 42°03′35″N 22°27′32″E / 42.05972° СГШ; 22.45889° ИГД / 42.05972; 22.45889
Регион  Источен
Општина  Кочани
Област Осоговија
Население 10 жит.
(поп. 2021)[1]

Пошт. бр. 2300
Повик. бр. 033
Шифра на КО 13024
Надм. вис. 1.020-1.116 м
Небојани на општинската карта

Атарот на Небојани во рамките на општината
Небојани на Ризницата

Географија и местоположба уреди

Небојани се наоѓа на падините на Осоговските Планини. Селото е планинско и од разбиен тип, а неговите маала се издигаат на надморска височина од 1.020-1.116 м. Селскиот атар зафаќа површина од 25,1 км2. Од Кочани е оддалечено 21 км.[2]

Некои од маалата во селото се познати како: Мишино, Чеперник, Просија, Кацарица и Свињи Дол.

Историја уреди

Со потпаѓањето на селото под српска власт во 1918 година, месното население било подложно на репресија. Според податоци на Иван Михајлов, во 1921 година е убиен Јордан Манасиев, а во 1923 година во затвор починале уште тројца жители како последица на измачувања. Во 1923 година, селото било запалено. Во текот на 1920-тите, многу жители на селото биле тепани од страна на српската полиција или од четниците.[3]

Стопанство уреди

Селото има мешовита земјоделска функција. Во рамките на неговиот атар преовладуваат шумите на површина од 1.034 ха, на пасиштата отпаѓаат 1.030 ха, а обработливото земјиште зазема површина од 238 ха.[2]

Население уреди

 
Куќи во маалото Просија
Население во минатото
ГодинаНас.±%
1948331—    
1953353+6.6%
1961281−20.4%
1971269−4.3%
1981165−38.7%
ГодинаНас.±%
199199−40.0%
199487−12.1%
200246−47.1%
202110−78.3%

Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија, Етнографија и статистика“) од 1900 година, во Небојани живееле 190 жители, сите Македонци.[4] По податоци на егзархискиот секретар Димитар Мишев, („La Macédoine et sa Population Chrétienne“), во 1905 година во Небојани имало 144 Македонци под врховенството на Бугарската егзархија.[5]

Според германска карта издадена во 1941 година, а заснована на пописот на Кралството Југославија од 1931 година, селото имало 200 Македонци.[6]

Според пописот од 2002 година, во селото Небојани живеат 46 жители, сите Македонци.[7]

Според последниот попис од 2021 година, во селото живееле 10 жители, сите Македонци.

Во табелата во продолжение е направен преглед на населението во сите пописни години:

Година 1900 1905 1948 1953 1961 1971 1981 1991 1994 2002 2021
Население 190 144 331 353 281 269 165 99 87 46 10
Извор за 1900 г.: Македонија. Етнографија и статистика.[8]; за 1905 г.: La Macédoine et sa Population Chrétienne.[9]; за 1948-2002 г.: Државен завод за статистика на РМ.[10]; за 2021 г.: Државен завод за статистика на РМ.[11]

Општествени установи уреди

Во селото има основно училиште во коешто повеќе не се одржува настава.

Самоуправа и политика уреди

Селото влегува во рамките на Општина Кочани од 2004 година.

Во периодот 1996-2004, селото било дел од Општина Оризари.

Во периодот 1955-1996, селото било дел од Општина Кочани.

Во периодот 1952-1955, селото било дел од Општина Полаки.

Во XIX век, Небојани било дел од Кочанската каза на Отоманското Царство.

Избирачко место уреди

Во селото постои избирачкото место бр. 897 според Државната изборна комисија, сместено во просториите на основното училиште.[12]

На парламентарните избори во 2020 година, на ова избирачко место биле запишани вкупно 28 гласачи.[13]

Културни и природни знаменитости уреди

Археолошки наоѓалишта[14]
  • Селиште — населба од доцноантичко време.
Реки
Цркви


Галерија уреди

Поврзано уреди

Наводи уреди

  1. „Пописна слика на населените места во Македонија, Попис 2021“. Државен завод за статистика. Посетено на 22 декември 2022.
  2. 2,0 2,1 Панов, Митко (1998). Енциклопедија на селата во Република Македонија: географски, демографски, и аграрни обележја (PDF). Скопје: Патрија. стр. 205.
  3. Михайлов, Иван. Спомени. т. ІІ, Освободителната борба 1919-1924 г., 1965, стр. 560.
  4. Васил Кънчов. „Македония. Етнография и статистика“. София, 1900, стр. 227.
  5. Brancoff, D.M. "La Macédoine et sa Population Chrétienne". Paris, 1905, рр. 132-133.
  6. „200K Volkstumskarte Jugoslawien“.
  7. „Попис на Македонија“ (PDF). Завод за статистика на Македонија. 2002. Посетено на 30 март 2021.
  8. К’нчов, Васил. „Македонија. Етнографија и статистика“. Софија, 1900
  9. Brancoff, D.M. „La Macédoine et sa Population Chrétienne“. Paris, 1905.
  10. „Население по возраст и по пол, по населени места, според пописите спроведени во Република Македонија по Втората светска војна“. Државен завод за статистика.
  11. „Вкупно резидентно население на Република Северна Македонија според етничката припадност, по населени места, Попис, 2021“. Државен завод за статистика.
  12. „Описи на ИМ“ (PDF). Посетено на 30 март 2021.
  13. „Парламентарни избори 2020“. Посетено на 1 април 2021.
  14. Коцо, Димче (1996). Археолошка карта на Република Македонија. II. Скопје: Македонска академија на науките и уметностите. ISBN 9989649286.

Надворешни врски уреди