Неа Камени — мал ненаселен грчки остров од вулканско потекло, кој се наоѓа во поплавената Санторини калдера во Егејското Море. Неа Камени, како и соседниот мал остров Палеа (или Палиа) Камени се формирале во текот на последните два милениуми при постојана ерупција на лава и пепел.

Неа Камени
Неа Камени со поглед од Тера, Санторини
Највисока точка
Надм. вис.114 м
Координати36°24′N 25°24′E / 36.400° СГШ; 25.400° ИГД / 36.400; 25.400
Географија
Неа Камени на карта

Карта

МестоСанторини, Грција
Геологија
ВидLava dome[1]
Вулкански лак/појасSouth Aegean Volcanic Arc
Последен избув1950

Островот е речиси со кружна форма и има пречник од околу 2 километри.

Воглавно неплодниот остров дневно го посетуваат десетици туристички бродови во летниот период. Посетителите се искачуваат по чакалеста патека за да стигнат до врвот на 130 метри високиот вулкански кратер, од каде што може да направат целосна обиколка околу прстенот.

Наводи уреди

  1. „Global Volcanism Program | Santorini | Synonyms and Subfeatures“. Volcano.si.edu. Архивирано од изворникот на 2011-11-16. Посетено на 2012-03-04.