Неаполи-Сикјес

општина во Солун, Егејска Македонија
Општина Неаполи-Сикјес
Δήμος Νεάπολης - Συκεών

Општината Неаполи-Сикјес во областа Централна Македонија
Податоци
Област: Централна Македонија
Округ: Солун
Гео. област:
Население: 70.768 (2021)
Седиште: Сикјес
Нас. места: 4
Пошт. бр.: 566
Пов. бр.: 2310-20 до 29 и 60 до 69
Портал: dimosneapolis-sykeon.gr

Неаполи-Сикјес (грчки: Δήμος Νεάπολης - Συκεών, Димос Неаполис-Сикион) — општина во Солунскиот округ, Егејска Македонија, денес во областа Централна Македонија, Грција. Опфаќа четири населби во Солун, а административен центар е Сикјес.

Сите места во општината, освен Јуренџик, се создадени во XX век од грчки дојденци од Мала Азија.

Населени места уреди

 
Поранешната општина Свети Павле на картата на некогашниот округ Солун.
 
Поранешната општина Сикјес на картата на некогашниот округ Солун.
 
Поранешната општина Неаполи на картата на некогашниот округ Солун.

Општината Неаполи-Сикјес е создадена на 1 јануари 2011 г. со обединување на општините Сикјес, Неаполи, Свети Павле и Јуренџик по законот „Каликратис“.[1]

Општинска единица Јуренџик уреди

 
Поранешната општина Јуренџик на картата на некогашниот округ Солун.

Општинската единица Јуренџик опфаќа само едно населено место — солунската населба Јуренџик (Πεύκα, Певка).

Општинска единица Неаполи уреди

Општинската единица Неаполи опфаќа само едно населено место — солунската населба Неаполи (Νεάπολη).

Општинска единица Свети Павле уреди

Општинската единица Свети Павле опфаќа само едно населено место — солунската населба Свети Павле (Άγιος Παύλος, Агиос Павлос).

Општинска единица Сикјес уреди

Општинската единица Сикјес опфаќа само едно населено место — солунската населба Сикјес (Συκιές, Сикјес).

Поврзано уреди

Наводи уреди

  1. „Ν. 3852/10“ (PDF). Архивирано од изворникот (PDF) на 5 јули 2010. Посетено на 5 јули 2010.

Надворешни врски уреди