Национални паркови во Нов Зеланд

список на статии на Викимедија

Нов Зеланд има 13 национални паркови под управа на Службата за заштита на природата на Нов Зеланд.

Националните паркови во Нов Зеланд (обележани со зелено)

Со Законот за национални паркови од 1980 г., национални паркови и резервати се создаваат во области каде пределите и пределите се од особен квалитет, или пак природните одлики или еколошките системи се од таква научна важност, што се смета дека нивното запазување е од национален интерес. Законот и овозможува на јавноста слобода на влез и пристап во парковите[1], но со услови и ограничувања кои се неопходни за зачувувањето на автохтоните растенија и животни, или воопшто за благосостојбата на паркот. Постојат и особено заштитени подрачја (550 км2) во кои може да се влезе само со писмена дозвола.

Законот налага националните паркови да се одржуваат во што поприродна состојба, со што би се одржала нивната вредност како почва, вода и шуми. Автохтоните растенија и животни се заштитени, додека донесените растенија и животни се отстрануваат доколку нивното присуство ги пореметува пропишаните цели. Градежните активности во дивите предели се ограничени на правење планинарски патеки и колиби кои се од суштинска важност за контролирање на дивите животни и вршење на научни истражувања. Законот ѝ дозволува на Службата за заштита на природата да гради планинарски домови, колиби, кампови, жичници и слични објекти, како и паркинзи, патишта и патеки. Сместувањето, превозот и други услужни дејности на влезните места во парковите го овозможува службата, други владини установи, доброволни организации и приватни фирми. Некои услуги во парковите, како обиколки со водич и обука по скијање, ги овозможуваат приватни фирми со повластици од службата.

Список на национални паркови уреди

Од север кон југ, националните паркови во Нов Зеланд се следниве:

Национален парк Површина (км2) Прогласен Местоположба План. домови Опис
Те Уревера &100000000000021270000002.127 1954

(уникат во 2014 г.)

38°45′S 177°9′E / 38.750° ЈГШ; 177.150° ИГД / -38.750; 177.150 29 Заедно со соседниот шумски парк Фиринаки, поранешниот парк Те Уревера е најголемиот сочуван предел со автохтони шуми на Северниот Остров. Езерото Ваикаремоана во паркот е познато по неговото живописно крајбрежје. Укинат е во 2014 г.
Тонгариро*  &10000000000000796000000796  1887 39°12′S 175°35′E / 39.200° ЈГШ; 175.583° ИГД / -39.200; 175.583 10 Првиот национален парк во Нов Зеланд. Претставува светско наследство на УНЕСКО поради природното и културното значење. Има свети места за Маорите и три активни вулкани: Руапеху, Нгаурухое и Тонгариро.
Егмонт  &10000000000000335000000335  1900 39°16′S 174°6′E / 39.267° ЈГШ; 174.100° ИГД / -39.267; 174.100 8 Го опфаќа целото земјиште во полупречник од околу девет километри, од планината Таранаки/Егмонт и некои погранични предели на север. Симетричниот конус на заспаниот вулкан е регионално обележје.
Фангануи  &10000000000000742000000742  1986 39°35′S 175°5′E / 39.583° ЈГШ; 175.083° ИГД / -39.583; 175.083 5 Се граничи со реката Фангануи. Сочинет е од крунска земја, поранешна државна шума и разни поранешни резервати.
Абел Тасман  &10000000000000225000000225  1942 40°50′S 172°54′E / 40.833° ЈГШ; 172.900° ИГД / -40.833; 172.900 7 Има многубројни приливни мореузи и плажи со златен песок долж крајбрежјето на Тасмановиот Залив. Ова е најмалиот национален парк во Нов Зеланд.
Кахуранги  &100000000000045200000004.520  1996 41°15′S 172°7′E / 41.250° ЈГШ; 172.117° ИГД / -41.250; 172.117 51 Се наоѓа северозападиот дел од Јужниот Остров. Полн со извонредни и изолирани предели. Има прастари земјишни облици и уникатна флора и фауна. Овој национален парк е втор по големина во земјата.
Нелсонски Езера  &100000000000010180000001.018  1956 41°49′9″S 172°50′15″E / 41.81917° ЈГШ; 172.83750° ИГД / -41.81917; 172.83750 20 Дива и нерамна планинска област во регионот Нелсон. Се протега на југ од пошумените брегови на езерата Ротоити и Роторуа па сè до Националниот резерват Луисов Премин.
Папароа  &10000000000000306000000306  1987 42°5′S 171°30′E / 42.083° ЈГШ; 171.500° ИГД / -42.083; 171.500 0 На Западното Крајбрежје на Јужниот Остров помеѓу Вестпорт и Грејмут. Во паркот се наоѓаат прочуените „Карпи-Палачинки“ (Pancake Rocks) кај Пунакаики.
Артуров Превој  &100000000000011440000001.144  1929 42°57′S 171°34′E / 42.950° ЈГШ; 171.567° ИГД / -42.950; 171.567 28 Дива планинска област која се протега напреку главната делница на Јужните Алпи.
Вестленд Таи Поутини*  &100000000000011750000001.175  1960 43°23′S 170°11′E / 43.383° ЈГШ; 170.183° ИГД / -43.383; 170.183 12 Се протега од највисоките врвови на Јужните Алпи до диво изолирано крајбрежје. Во паркот има ледници, живописни езера и густа дождовна шума, како и остатоци од рударски населби долж крајбрежјето.
Аораки/Кукова Планина*  &10000000000000707000000707  1953 43°44′S 170°6′E / 43.733° ЈГШ; 170.100° ИГД / -43.733; 170.100 16 Алпски парк, со највисоката планина во земјата: Кукова Планина или Аораки (3.754 м) и најдолгиот ледник — Тасмановиот Ледник (29 км). Областа е мошне популарна за планинарство, скијање и туристичко надлетување. Овој парк има предели со извонредна природна убавина. Овој нацинален парк, заедно со националниот парк Вестланд се прогласени за светско наследство.
Маунт Аспајринг*  &100000000000035550000003.555  1964 44°23′S 168°44′E / 44.383° ЈГШ; 168.733° ИГД / -44.383; 168.733 19 Комплекс од импресивно глацијализирани планиниски предели распределени околу планината Маунт Аспајринг (Тититеја) (3.036 м), која е највисока во земјата вон националниот парк Аораки/Кукова Планина.
Фјордленд* &1000000000001251900000012.519  1952 45°25′S 167°43′E / 45.417° ЈГШ; 167.717° ИГД / -45.417; 167.717 51 Најголемиот национален парк во Нов Зеланд и еден од најголемите во светот. Со неговите величествени предели со длабоките фјордови, леднички езера, планини и водопади, паркот се стекнал со меѓународна слава како светско природно наследство.
Ракиура  &100000000000015000000001.500  2002 46°54′S 168°7′E / 46.900° ЈГШ; 168.117° ИГД / -46.900; 168.117 24 Зафаќа околу 85% од Стјуартовиот Остров (Ракиура) и е најнов национален парк во земјата.

* — светско наследство на УНЕСКО или дел од него.

Поврзано уреди

Наводи уреди

  1. „8. Benefit, Use and Enjoyment of the Public: General Policy for National Parks“. doc.govt.nz. Department of Conservation. Архивирано од изворникот на 2010-05-15. Посетено на 14 August 2010.

Надворешни врски уреди