Национален парк Башкирија

Национален парк Башкирија — еден од националните паркови во Русија кој се наоѓа во Башкортостан, во непосредна близина на градот Мелеуз. Паркот покрива подрачје на голема шума на јужниот дел од планината Урал. Има важна улога во екологијата на регионот, затоа што се наоѓа како тампон зона меѓу индустријализираната рамнина на запад и планинскиот, слабо населен резерват на природата, Капова пештера, и етномолошкиот резерват Алтин-Сокол (во превод: дрво на златната пчела) на исток и север. Паркот се наоѓа меѓу реката Нугуш и јужниот дел на реката Белаја. Се простира преку Мелезовскиот, Кугарчинскиот и Бурзанскиот регион во Башкортостан.[1][2]

Национален парк Башкирија
МСЗП — Категорија II (национален парк)
Национален парк Башкирија
Грешка во Lua во Модул:Location_map, ред 408: Malformed coordinates value
МестоБашкортостан
Најблизок градМелеуз
Координати53°03′N 56°32′E / 53.050° СГШ; 56.533° ИГД / 53.050; 56.533
Површина92,000 hectares (227,337 acres; 920 km2; 355 ми)
Воспоставен(а)1986 (1986)
Управно телоFGBI "Bashkiriya"
Мрежна страницаhttp://www.npbashkiria.ru/

Топографија уреди

 
Граници на Националниот парк Башкирија, на југозападниот крај на Уралските Планини. Големината на паркот е околу 30 км север кон југ.

Паркот се простира преку рамнинските полиња на запад до карстните предели со средна височина на исток. Северната граница на паркот е реката Нугуш, која тече низ длабоката пошумена долина со варовнички формации по падините. Во склоп на паркот се наоѓа и вештачкото езеро Нугуш кое е популарно летно рекреативно одредиште на жителите на околните места. Околу 42 километри западно од паркот се наоѓа индустрискиот град Мелеуз.[3] Јужната граница на паркот е реката Белаја, која свртува околу јужниот крај на планината Урал. Најголемиот процент од паркот (околу 92 %) е покриен со шуми, а во централниот дел пристапноста е особено тешка поради густината и испреплетеноста на растенијата, а тука живеат и најголем број од животните.

Во паркот се среќаваат и бројни пештери и подземни реки. Крајбрежјата на двете реки, Нугуш и Белаја, се стрмни, карпести и на места достигнуваат висина и до 150 метри. Во паркот се наоѓа и карстна формација Кулерлија која е остаток од некогашна река.

Според пописот во паркот има околу 30 пештери, од кои најголема е Шумган, која е и најголема пештера на планината Урал. Таа е долга 10 километри и се наоѓа на длабочина од 126 метри.[4]

Клима и екорегион уреди

Во паркот преовладува умереноконтинентална клима со големи сезонски температурни разлики, со топли лета и ладни и остри зими. Врнежите се распоредени правилно во текот на целата година.

 
Националниот парк во зима

Флора и фауна уреди

Положбата на шумите во различните екорегии во овој дел од светот (Европа/Азија) е поставен во правец север-југ поради што и резидентните животински видови се среќаваат со слична распореденост во екстремните крајни граници на региите. Во заштитените делови на паркот се среќаваат повеќе од 60 видови на цицачи од кои најчести се: кафеавата мечка, волкот, рисот и вапити еленот. Во паркот се забележани 11 видови водоземци, 30 вида риби и 150 вида птици. Меѓу птиците се наоѓаат и ретки видови, како царскиот орел и белоопашестиот орел. Од ретките видови риби во реките Нугуш и Белаја се среќава видот тајмен од родот на пастрмки. Паркот има високо ниво на биоразновидност затоа што се наоѓа на место каде се среќаваат неколку биогеографски регии: четинарски шуми (тајги), листопадни шуми и степи. Преку 90% од паркот е пошумен, со голем број на разни растителни видови. Најзастапени зимзелени дрва се: боровите и аришите и тие се помешани со листопадните шуми од липа, даб, брест и јавор. Во шумите има и бројни брези и тополи. Во паркот има околу 800 вида цветни растенија од кои 117 се регистрирани како ретки или загрозени.[5]

Историја уреди

Подрачјето на Башкортостан било населено неколку илјади години. Траги од палеолитска култура (пештерски слики на карпи) се најдени во резерватот Капова пештера и се стари 13.000 - 14.000 години. Полуномадскиот народ Башкири се сметаат себеси за наследници на таа култура и на народот кој живеел на овој простор.[6]

Во 20 век, регијата Башкортостан, меѓу реката Волга и планината Урал, станала најголемата индустриска република во Русија.[7] Но, сепак, и покрај брзиот развој на индустриските зони, Националниот парк Башкирија останал сочуван.

Денес, овој парк е омилена рекреативна регија за планинарење, сплаварење и истражување. Во блискиот град Мелеуз, како и во близината на паркот, има бројни туристички објекти. 

Галерија уреди


Поврзано уреди

Наводи уреди

  1. „National Park Bashkiria“. www.rusnature.info. Посетено на 2019-03-25.
  2. „Education in Russia for Foreigners: University cities of Russia“. en.russia.edu.ru. Архивирано од изворникот на 2008-12-01. Посетено на 2019-03-25.
  3. „Водохранилища - УралГора.ru - портал о туризме и отдыхе. Места где можно отдохнуть“. web.archive.org. 2018-03-09. Архивирано од изворникот на 2018-03-09. Посетено на 2019-03-25.CS1-одржување: бот: непознат статус на изворната URL (link)
  4. „National Park Bashkiria Urals, Russia - State Nature Reserve, Nationa…“. archive.is. 2016-02-21. Архивирано од изворникот на 2016-02-21. Посетено на 2019-03-25.
  5. „Bashkirian Urals“. www.nhpfund.org. Посетено на 2019-03-25.
  6. Centre, UNESCO World Heritage. „Bashkir Ural“. UNESCO World Heritage Centre (англиски). Посетено на 2019-03-25.
  7. „ВПН-2010“. www.gks.ru. Архивирано од изворникот на 2013-03-15. Посетено на 2019-03-25.

Надворешни врски уреди