Натриум хидроксид

хемиско соединение

Натриум хидроксидот (NaOH) претставува една од најјаките бази што постојат. Тој во индустријата се добива со електролиза на концентриран раствор на натриум хлорид. Притоа, на катодата се одделува водород, на анодата хлор, додека во растворот останува натриум хидроксид:

Натриум хидроксид
Sample of sodium hydroxide monohydrate in a watchglass
Unit cell spacefill model of sodium hydroxide
Систематско име Натриум хидроксид
Назнаки
1310-73-2 Ок
14014-06-3 (2H)
12179-02-1 (monohydrate)
ChemSpider 14114 Ок
9193979 (2H) Н
9346004 (17O) Н
10732929 (monohydrate) Н
392291 (dihydrate) Н
EC-број 215-185-5
3Д-модел (Jmol) Слика
MeSH Sodium+hydroxide
PubChem 14798
23676750 (2H)
23675120 (17O)
RTECS-бр. WB4900000
UNII 55X04QC32 Ок
ОН-бр. 1823
Својства
Хемиска формула
Моларна маса 0 g mol−1
Изглед бела цврста,
хигроскопна
Густина 2.13 g/cm3
Точка на топење
Точка на вриење
1110 g/L (20 °C)
Растворливост во етанол 139 g/L
Растворливост во метанол 238 g/L
Растворливост во глицерол растворлив
Киселост (pKa) ~13
Показател на прекршување (nD) 1.412
Дополнителни податоци
 Ок(што е ова?)  (провери)
Освен ако не е поинаку укажано, податоците се однесуваат на материјалите во нивната стандардна состојба (25 °C, 100 kPa)
Наводи

Покрај овој начин, кој е најупотребуван, натриум хидроксидот се добива индустриски, со т.н. постапка „каустификација на сода“. Натриум хидроксидот е бела непроѕирна тврда супстанција во вид на парчиња, лупушки, прачки или зрна. Неговата моларна маса изнесува 40 g/mol. Натриум хидроксидот се топи на температура од 323 °C (596 К), а додека пак врие на температура од 1390 °C (1663 К). Во трговијата е познат и како „каустична сода“ или „камена сода“. За да се испитаат некои хемиски својства на натриум хидроксидот, најчесто се изведува следниот опит:

  • Се зема со лажица едно парче натриум хидроксид и се става на лист хартија. Набргу тој се разводнува. Се додава малку натриум хидроксид во вода. Натриум хидроксидот ќе се раствори. Ако ја допреме епруветата, таа е жешка. Во порцеланска шолја ставаме малку концентриран раствор на натриум хидроксид, а потоа ставаме во него парче од некоја ткаенина. Набргу ткаенината ќе се разори.

Опитот покажува дека натриум хидроксидот на воздух се разводнува, бидејќи од него впива влага. Значи, тој е хигроскопна супстанција каква што е сулфурната киселина. Натриум хидроксидот добро се раствора во вода, при што се ослободува значително количество на топлина. Натриум хидроксидот ги разорува растителните и животинските ткива. Тој ја разорува и човечката кожа и ако падне на неа предизвикува изгореници. Поради разорното дејство на натриум хидроксидот тој е познат и под името „жива сода“. Исто така, тој реагира и со киселините при што се добива сол и вода:

Натриум хидроксидот наоѓа голема примена во индустријата. Се употребува за производство на сапун што претставува традиционален хемиски процес со натриум хидроксидот. Арабјаните почнале да произведуваат сапун со натриум хидроксид уште во седмиот век. Истиот процес за производство на сапун се користи и ден денес. Наоѓа примена и во индустријата за добивање на бои, целулоза, вештачка свила, каучук и др. Натриум хидроксидот наоѓа примена и за пречистување на нафта, масти и масла, како и во индустријата за добивање на алуминиум.

Галерија уреди