Народна Република Бугарија

Народна Република Бугарија (НРБ) — официјалното име на Бугарија од 15 септември 1946 до 15 ноември 1990. На 10 ноември 1989 Тодор Живков е сменет од функцијата генерален секретар на ЦК на БКП. По промена на Уставот на 3 април 1990 Државниот совет е разформирован и Петар Младенов е избран за претседател на Бугарија. По јавни протести на опозицијата во текот на летото на 1990 година тој се повлекува од државниот пост и од активниот политички живот, а на негово место Жељу Желев е избран за претседател на Бугарија. На 15 ноември 1990 година Народна Република Бугарија е преименувана во Република Бугарија.

Народна Република Бугарија
Народна република България  (бугарски)

1946 – 1990
Знаме Грб
Химна
Мила Родино
Местоположба на Бугарија
Бугарија во 1990 година
Главен град Софија
Јазици бугарски
Уредување Неукажано
Претседател
 -  1946-1947 Васил Коларов
 -  1989-1990 Петар Младенов
Премиер
 -  1946-1949 Георги Димитров
 -  1990 Андреј Луканов
Историја
 -  Основана 1946
 -  Распадната 1990
Површина
 -  1989 110910 км²
Население
 -  1989 9009018 
     Густина 81.2 жит/км²
Валута лев