Наредба (информатика)

Наредба (команда, инструкција) — заповед во информатиката што се задава на програм во својство на некаков толкувач, со цел да изврши дадена задача. Најчесто наредбата се задава во некој вид на посредник со наредбен ред како лушпа (shell).

Поимот „наредба“ се користи поконкрето кај наредбените (императивни) програмски јазици. Овие јазици се нарекуваат така поради тоа што исказите во нив се запишуваат во облик налик на граматичкиот наредбен начин кај природните јазици, обично во глаголска форма.

Многу програмски јазици допуштаат посебно обликувани аргументи наречени „ознаки“ (flags), кои го менуваат редовното поведение на наредбата, додека пак понатамошните аргументи посочуваат врз што делува наредбата. Ако споредиме со природните јазици, тогаш ознаките се прилози, а другите аргументи се предмети.

Примери уреди

Еве некои примери за наредби што се задаваат на наредбен толкувач (Unix-лушпа):

  • cd /home/pete
Оваа наредба го менува местото на корисникот во стеблото на директориуми од тековната положба во директориумот /home/pete. „cd“ е наредбата, а „/home/pete“ е аргументот.
Оваа наредба го испишува текстот hello во стандардниот тек на изводот, кој пак, во овој случај, само ќе го испише текстот на екранот. „echo“ а наредбата, а „"Hello World"“ е аргументот. Употребата на наводници значи дека зборовите „Hello“ и „World“ да се земат во целина (т.е. да не се сметаат за засебни аргументи).
Оваие наредби се истоветни. Ги наведуваат податотеките во директориумот /bin. „ls“ е наредбата, „/bin“ е аргументот, а има и три ознаки: „l“, „t“ и „r“.
  • cat ch1.txt ch2.txt
Со ова се прикажува содржината на податотеките ch1.txt и ch2.txt. „cat“ е наредбата, а „ch1.txt“ и „ch2.txt“ се аргументите.

Here are some commands given to a different command line interpreter (DOS, OS/2 и Microsoft Windows). Ознаките се доделуваат поинаку, но замислата е иста:

Ова ја наведува сета содржина на тековниот директориум. „dir“ е наредбата, а „A“ е ознаката. Нема аргумент.
Ова ја прикажува содржината на податотеката readme.txt. „type“ е наредбата. „readme.txt“ е аргументот. „P“ е параметар...

Поврзано уреди

Надворешни врски уреди