Напуштен ангел

мексиканска теленовела

Напуштениот ангел (шпански јазик: Cuidado con el Angel) е мексиканска теленовела. Серијата е римејк на теленовелата (Една девојка наречена Милагрос) од 1975 год. Во главните улоги се појавуваат Мајте Перони од популарната серија Бунтовници, Вилијам Леви, Лаура Запата и др. познати глумци. Серијата во Мексико уште од самиот почеток бележи огромни успеси во нејзиниот термин кој е слабо гледан. Но можно е серијата да биде преместена во вечерен термин поради големиот успех.

Напуштениот ангел
Податотека:PosterCCEA.jpg
Постер од серијата
Жанрдрама
теленовела
Создадена одДелија Фиало
УлогиМајте Перони
Вилијам Леви
Лаура Запата
Шерлин
Земја на потеклоМексико
Првичен јазикшпански
Бр. на епизоди194
Производство
Извршен продуцент(и)Натали Лартлиеукс
Времетраење45 минути
Прикажување
Првична мрежаКанал 2
Првично прикажување9 јуни 2008 – 6 март 2009
Хронологија
СледбеникОсмели се да сонуваш (2009)
Надворешни врски
Мрежна страницаwww2.esmas.com/cuidado-con-el-angel/

Синопсис уреди

Во центарот на приказната е Маричуи, ангел чија судбина е одредена од мајка и Сесилија Веларде кога на самото породување го напушта девојчето мислејќи дека ќе умре и го дава на свештеникот Анселмо. Свештеникот ја праќа Маричуи во сиропиталиште, но на 14 години, ѓаволестата девојка бега од сиропиталиштето и е разочарана од својот живот како сираче. Во тие години кога Маричуи е препуштена на улицата и бедата, доживува големо разочарување од машкиот свет затоа што еден пијан човек ја нападнал. Тоа за неискусната и невина Маричуи претставува голем стрес кој и ја одбележува младоста и кој постепено се претвора во нејзин најголем кошмар и страв затоа што не памти како изгледал напаѓачот. Сиромашната добродушна старица Канделарија ја наоѓа Маричуи на улица и ја одгледува како свое дете во сиромашниот кварт во Мексико. Маричуи работи се што може со цел да и помогне на Канделарија, па така носи испрани алишта по богатите куќи секојдневно со својот велосипед, а за да им помогне на сирачињата од домот, краде млеко од соседството.

Еден ден Маричуи завршува во полициска станица затоа што се вплеткува во една тепачка во дискотека, а таму ги среќава моќниот судија Патрисио Веларде и младиот психијатар Хуан Мигел Сан Роман кои се справуваат со такви деликвентски случаи.Богатиот и убави Хуан Мигел решава да и понуди помош, да се грижи за неа, да ја одведе на вистинскиот пат така што ќе ја земе во својата куќа да живее тргнувајќи ја од лошото друштво. Хуан Мигел живее во луксузна куќа со својата слатка сестра Росио, ќерка му Маита, хистеричната сопруга Вивијана и нејзината доминантна мајка Онелија. Вивијана доживува несреќа и сите мислат дека е мртва, но таа всушност се крие во Америка, па така Хуан Мигел пред општествените кругови останува вдовец. Маричуи ужива во богатата вила и предизвикува симпатии кај Росио и Маита, но не и кај Онелија која ја замразува Маричуи мислејќи дека е уличарка, простачка и натрапничка. Меѓутоа она што се раѓа меѓу Хуан Мигел и Маричуи е топла, нежна вистинска љубов, од која се плаши Хуан Мигел и затоа решава да ја прати Маричуи да престојува во куќата на семејството Веларде. Сесилија и судијата Патрисио Веларде се вистинските родители на Маричуи, но тоа никој не го знае затоа што они веруваат дека злобната натрапничка Естефанија е нивна ќерка. Кога Маричуи доаѓа во нивната куќа, почнува постепено да се открива големата тајна за нејзиното потекло. Естефанија и тетка и Изабела дознаваат дека Маричуи е девојчето кое Сесилија го дала на свештеникот и решаваат да и го загорчат животот на Маричуи обвинувајќи ја дека е крадец. Причина поради која Естефанија уште повеќе ја замразува Маричуи е тоа што двете се вљубени во Хуан Мигел. Хуан Мигел и Маричуи сепак ја признаваат својата љубов и се венчаат. Без разлика, следниот ден после венчавката, Маричуи открива дека Хуан Мигел е човекот од нејзините кошмари, поради што го презира, се разделува од него и не сака повеќе да го види. Кога дознава дека е бремена, Маричуи не сака да му каже и оди во едно селце со Канделарија, прифаќајки да замине кај Леопардо, кој е заљубен во неа. Маричуи се породува и Леопардо сака да се ожени со неа и да го прифати нејзиниот син, но таа вели дека е венчана и дека она што го чувствува кон него е само пријателство. Леопардо не се откажува и се обидува да ја добие љубовта на Маричуи. Најпосле, тој дознава дека Маричуи е омажена за Хуан Мигел, кој го познава од многу одамна, уште кога биле пријатели на факултет. Двајцата се борат за нејзината љубов, но за неа, одлуката нема да биде лесна.

Улоги уреди

Глумци Ликови
Мајте Перони Маричуј
Вилијам Леви Хуан Мигел
Лаура Запата Онелија
Шерлин Росио
Абрахам Рамос Адријан
Африка Завала Елса
Ана Изабел Беатриз
Ана Патрисија Рохо Естефанија

Надворешни врски уреди