Намибискиот долар (NAD) е службената валута на Намибија од нејзиното воведување во 1993 година па сè до денес. Еден намибиски долар е поделен на 100 намибиски центи.

Намибиски долар
10 центи, 50 центи, 1 долар и 5 долари
ISO 4217
КодNAD
Составници
Подединица
 1/100центи
Симбол$, N$
Банкноти10 долари, 20 долари, 30 долари, 50 долари, 100 долари, 200 долари
Монети5, 10, 50 центи, 1 долар, 5 долари, 10 долари
Демографија
Корисник/циНамибија Намибија (заедно со јужноафрикански ранд)
Издавач
Централна банкаБанка на Намибија
 Мреж. местоbon.com.na
Вредност
Инфлација6.8%
 ИзворThe World Factbook, 2016 est.
Врзан сојужноафрикански ранд, сооднос 1:1

Историја уреди

Доларот го заменил јужноафриканскиот ранд, кој пак била службена валута во Намибија за време на јужноафриканската управа на земјата (тогаш именувана како Југозападна Африка). Денес сè уште рандот се користи во Намибија, и службено е прифатлив како валута за трговија во земјата бидејќи намбискиот долар е врзан со рандот. Еден намибиски долар е еден јужноафрикански ранд. Првично постоеле различни имиња за именување на идната намибиска валута (меѓу кои и „Намибиски калахар“), но намибиската влада се одлучила за името „долар“. Првите банкноти се издадени на 15 септември 1993 година.[1]

Монети уреди

 
Монети од 5 долари

Монети во промет

  • 5 центи
  • 10 центи
  • 50 центи
  • 1 долар
  • 5 долари
  • 10 долари

Години на ковање се 1993, 1996, 1998, 2000, 2002, 2008, 2009, 2010, 2012, 2015.

Банкноти уреди

Банкноти во промет се:

  • 10 долари
  • 20 долари
  • 30 долари
  • 50 долари
  • 100 долари
  • 200 долари

Наводи уреди

  1. NAMIBIA CURRENCY SPOTLIGHT Архивирано на 26 септември 2020 г. blog.continentalcurrency.ca. Retrieved 2019-06-30.

Надворешни врски уреди

  • Heiko Otto (уред.). „The banknotes of Namibia“ (англиски и германски). Посетено на 2017-05-19.
Претходник:
јужноафрикански ранд
Причина: независност
Сооднос: at par
Валута на Намибија
1993 –
Заедно со: јужноафрикански ранд
Следбеник:
Моментална