НБА-драфт

(Пренасочено од НБА Драфт)

Основите уреди

НБА-драфтот е поделен во два круга. За правото за прв избор (прв пик) учестваат 14 тима кои не се пласираат во плејофот. Овие тимови учестваат во лотарија, со најдобри шанси за добивка на најслабиот тим. Така се селектираат првите три „пика“, и наредните 11 одат по редослед на тимовите од најслаб кон најсилен. Наредните 16 пика (15-30) кои припаѓаат на плејоф-тимовите се рангирани по победи и порази од минатата сезона од најлош до најдобар. Во вториот круг, сите тимови бираат спрема редоследот на победи и порази од минатата сезона.

„Пиковите“ се често трампани кон тимови во процес на транзиција, кој можат да се развиваат околу младите играчи. Играчи под 18 години не смеат да учествуваат на драфтот. По новите правила, играчите учесници на драфтот мора да почекаат барем 12 месеци од средношколската матура да стекнат право на учество на драфтот.