Мускулна контракција

Мускулните контракции настануваат како резултат на импулси кои доаѓаат од централниот нервен систем (мисловни или рефлексни). При тоа пресинаптичката мембрана од синаптичките везикули се лачи медијаторот ацетил холин.

Директен видик на скелетен мускул

Нервно-мускулна трансмисија уреди

Со помош на ацетил холинот се врши пренесување на импулсот од нервот на мускулот. Имено на постсинаптичката мембрана се наоѓаат специфични холинорецептори за кои се врзува ацетил холинот. Вака врзан ацетил холинот за рецепторите претставува надворешна дразба за сарколемата и таа станува лесно пропустлива за јоните на Na+ и Ca-. Тие лесно навлегуваат во саркоплазмата која станува лесно пропустлива и започнува да се шири бранот на деполаризација. Веднаш после врзувањето на рецепторите ацетил холинот се разградува од ензимот ацетилхолинестераза. Со тоа се ослободува рецепторот и се овозможува фаќање на нова молекува на ацетил холин за него што резултира со формирање на нов импулс. Ваквото пренесување на импулсите може да се спречи со дејство на природни или вештачки материи со слична биохемиска структура како ацетил холинот.
На пример, отровот „кураре“ кој го користат Индијанците за премачкување на стрелите, затоа што има слична хемиска структура како ацетил холинот. Затоа тој лесно се врзува за ацетилхолестеразата, но бидејќи ацетилхолестеразата не може да го разгради тој останува петманентно врзан за рецепторот, сарколемата е перманентно пропустлива за јоните на Ca++ и мускулот е во долготрајна контракција.

Регистирање на мускулна контракција уреди

Наједноставен начен за регистрирање на мускулната контракција е со користење на кимограф и испрепариран мускул. Обично се користи испрепариран (m. gastrocnemius) листен мускул со (n. ishiadicus) ишаиден нерв од жаба. Со дразнење мускулот се контрахира и на кимографот се исцртува нагорна линија. Кога ќе престане да се дразне мускулот тој ќе се релаксира, а а кимографот се исцртува надолна линија. Мускулната контракција се состоа од три фази.

  • латентна (скриена) фаза на мускулната контракција која трае 0,01 секунда;
  • фаза на контракција која трае 0,04 секунди;
  • фаза на деконтракција која трае 0,05 секунди.

Мускулен тонус уреди

Во состојба на мирување, скелетните мускули не се потполно олабавени, туку се наоѓаат под одреден тонус (напнатост). Постоењето на мускулниот тонус се должи на постоењено на посебен вид мускулни влакна т.н тонички влакна кои доаѓаат од предните рогови на ’рбетниот мозок заедно со моторните влакна.

Надворешни врски уреди

Типови на мускулна контракција